ПОИМ ИЗВЕСТУВА: СЕДМИ СЕМИНАР„МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“, 15 МАРТ 2024
22 март 2024
Седмиот семинар „Математика и примени“ се одржа на 15 март 2024 година во просториите на Институтот за математика, а традиционално, беше поддржан од Природно-математичкиот факултет. Целта на семинарот е промовирање на математичките науки меѓу младите и пошироката јавност преку збир од научно-популарни предавања од областа на теориската и применетата математика, а е наменет за студентите и наставниот кадар на унивезитетите од земјава. Оваа година, беа одржани 19 предавања. Повеќе...

ПРОМОЦИЈА НА ДИПЛОМИРАНИТЕ И МАГИСТРИРАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАТЕМАТИКА, 16 ДЕКЕМВРИ 2023 ГОДИНА
29.12.2023
На 18 декември 2023 година, Природно-математичкиот факултет свечено ја одбележа 77-годишнината од своето постоење. На Институтот за математика беа промовирани 22 дипломирани студенти, од кои: двајца математичари, двајца инженери по математичка економија, двајца инженери по актуарска и финансиска математика, тројца инженери по математичко програмирање, еден инженер по применета математика и дванаесет дипломирани професори по математика. Повеќе...

ПОИМ ИЗВЕСТУВА: ШЕСТИ СЕМИНАР„МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“, 17 МАРТ 2023
24 март 2023
Шестиот семинар „Математика и примени“ кој се одржа на 17 март 2023 година беше поддржан од Природно-математичкиот факултет и Инстутутот за математика. Неговата главна цел е промовирање на математичките науки меѓу младите и пошироката јавност преку збир од научно-популарни предавања од областа на теориската и применетата математика. Семинарот од оваа година е наменет за студентите и наставниот кадар на унивезитетите од земјава, но и за средношколците коишто сакаат да ги претстават своите трудови од споменатите области. На семинарот оваа година беа одржани 18 научно-популарни предавања. Повеќе...

СРЕБРЕН И БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА ЛУКА ХАЏИ ЈОРДАНОВ И МАРИЈА СТОЈКОВСКА НА SEEMOUS2023, 7.МАРТ-12.МАРТ 2023, СТРУГА
21 март 2023
Во периодот од 7 до 12 март 2023, во Струга се одржа 17. Меѓународен студентски натпревар по математика SEEMOUS2023 на кој нашите студенти Лука Хаџи Јорданов и Марија Стојковска освоија медали и тоа СРЕБРЕН МЕДАЛ за Лука Хаџи-Јорданов, а БРОНЗЕН МЕДАЛ за Марија Стојковска. Водач на нашата екипа беше Илија Јовчески, а заменик водач Никола Велов, двајцата од Институтот за математика при ПМФ, Скопје. Повеќе...

ЕЛЕКТРОНСКИ ИЗДАНИЈА НА КНИГИТЕ ОД ПЕТТИОТ СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“
7 септември 2022
Петтиот семинар „Математика и примени“ се одржа на 5 и на 6 март 2021 година во вид на вебинар, а беше организиран од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Целта на Семинарот е преку збир од научно-популарни предавања и предавања за наставата по математика да придонесе за популаризација на математиката меѓу младите и пошироката јавност, за ширење и размена на добрите наставни практики, но и да предложи нови идеи за нивно подобрување. Од поголемиот дел од предавањата на Петтиот семинар произлегоа трудови кои ги објавивме во зборниците со трудови во рамки на едицијата „Математички омнибус“. Повеќе...

ОТВОРЕН ДЕН НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАТЕМАТИКА НА 19.08.2022
17 август 2022
Во рамки на Отворениот ден на УКИМ на 19.08.2022 година, презентацијата на студиските програми на Инстутутот за математика ќе се одржи со почеток во 12.30 часот во Математичкиот амфитетар М121. Истата ќе може да ја следите и онлајн на следниот линк: https://us05web.zoom.us/j/83538232803?pwd=SGxjWlU2bjkxMFNUb082Nzg1YTY1QT09
Повеќе...

СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА ЛУКА ХАЏИ ЈОРДАНОВ НА SEEMOUS2022, 27.МАЈ-1.ЈУНИ 2022, ПАЛИЌ, СРБИЈА
31 мај 2022
Во периодот од 27. мај - 1. јуни 2022, во Палиќ, Србија се одржа 16. Меѓународен студентски натпревар по математика SEEMOUS2022 на кој нашиот студент Лука Хаџи Јорданов освои СРЕБРЕН МЕДАЛ во конкуренција со екипи од 7 универзитети од Романија, 4 универзитети од Грција, 2 универзитета од Бугарија и 2 универзитета од Србија со по максимум 6 учесници од универзитет. Водач на нашата екипа беше проф. д-р Никита Шекутковски од Институтот за математика при ПМФ, Скопје. Повеќе...

ПРОМОЦИЈА НА ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ИМСТИТУТОТ ЗА МАТЕМАТИКА - 16 ДЕКЕМВРИ 2021
16 декември 2021
Денес, 16 декемвери 2021 година, на Институтот за математика беа доделени дипломите на студентите кои дипломирале изминатава година. Ја користиме оваа прилика, на сите овогодинешни дипломци, да им ја честитаме промоцијата и да им посакаме успех во кариерата и животот воопшто. Повеќе...

ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ - ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПМФ, 30 НОЕМВРИ 2021
30 ноември, 2021
Во рамки на „Отворениот ден на УКИМ“ кој се одржа на 30.11.2021, Институтот за математика, при Природно-математичкиот факултет, имаше презентации на своите студиски програми. Покрај презентацијата на Раководителот на Институтот за математика, своето искуство за студирањето на Институтот за математика го споделија и студентите, кои со своите изјави значително придонесоа за оформување на комплетната слика за тоа што значи да се студира математика и како изгледа студирањето на математиката на Институтот за математика. Повеќе...

БИДЕТЕ ХРАБРИ И ВЕРУВАЈТЕ: И ВО СЕБЕ И ВО ВАШИТЕ УЧЕНИЦИ-ИНТЕРВЈУ СО ФИЛИП НИКОЛОВСКИ, АСИСТЕНТ НА МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ
4 октомври, 2021
Овој циклус интервјуа го посветуваме на професијата наставник по математика. Неколку успешни наставници ќе ни ги отворат своите срца и ќе се обидат да ни го доловат сопственото професионално искуство, што значи да се биде наставник по математика. Нашиот петти соговорик е м-р Филип Николовски, асистент на Машинскиот факултет во Скопје, претходно професор по математика во Меѓународните училишта „НОВА“. Повеќе...

ПОСТОЈАНО УЧЕТЕ И НАДГРАДУВАЈТЕ СЕ, ДАРУВАЈТЕ МНОГУ ЉУБОВ И СЕКОГАШ РАБОТЕТЕ ЗА ДОБРО НА ДЕЦАТА - ИНТЕРВЈУ СО СИЛВАНА ЈАКИМОВСКА БИНОВА, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА
Овој циклус интервјуа го посветуваме на професијата наставник по математика. Неколку успешни наставници ќе ни ги отворат своите срца и ќе се обидат да ни го доловат сопственото професионално искуство, што значи да се биде наставник по математика. Нашиот четврти соговорик е Силвана Јакимовска Бинова, наставник по математика во ООУ Страшо Пинџур, Карбинци. Повеќе...

ПРОФЕСИЈАТА НАСТАВНИК Е МИСИЈА ЗА ПОДОБРА ИДНИНА НА ЧОВЕШТВОТО - ИНТЕРВЈУ СО АДРИЈАНА ТОДОРОВА, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА
5 септември, 2021
Овој циклус интервјуа го посветуваме на професијата наставник по математика. Неколку успешни наставници ќе ни ги отворат своите срца и ќе се обидат да ни го доловат сопственото професионално искуство и да ни опишат што значи да се биде наставник по математика. Нашиот трет соговорик е Адријана Тодорова, наставник по математика во ООУ „Петар Мусев“ од Богданци. Повеќе...

БИДЕТЕ ИМ ПРИМЕР НА СВОИТЕ УЧЕНИЦИ, ПОСТОЈАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЈТЕ СЕ И НА НАЈДОБАР МОЖЕН НАЧИН ПРЕНЕСЕТЕ ЈА ЉУБОВТА КОН МАТЕМАТИКАТА - ИНТЕРВЈУ СО АНКИЦА СПАСОВА, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА
30 август, 2021
Овој циклус интервјуа го посветуваме на професијата наставник по математика. Неколку успешни наставници ќе ни ги отворат своите срца и ќе се обидат да ни го доловат сопственото професионално искуство и да ни опишат што значи да се биде наставник по математика. Нашиот втор соговорик е Анкица Спасова, наставник по математика во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Скопје. Повеќе...

ПОИМ известува: МАТЕМАТИЧКИ ЛЕКСИКОН, електронско издание, УКИМ, Скопје, 2021
26 август 2021 година
Потребата од издавање речник на математички термини со толкувања на македонски јазик се чувствува одамна. Голем број ученици и студенти имаат секојдневна потреба од потсетување и обновување на своите подзаборавени знаења по математика или нивно дополнување со нови содржини. Лексиконот опфаќа термини што се користат во математиката, а некои од нив − во техниката и во други научни дисциплини. Работен е со цел да им послужи на учениците и студентите во текот на учењето математика, но и на професорите по математика, инженерите и на други заинтересирани лица, чијашто работа е сврзана со примена на математиката. Содржи повеќе од 2600 насловни единици. Од нив, преку 2000 се математички термини, за кои (паралелно со македонскиот термин) се наведуваат еквивалентни термини на англиски и руски јазик, а потоа следува дефиниција или објаснение на терминот. Повеќе...

СОРАБОТКАТА ГО ЈАКНЕ НАШЕТО ЧУВСТВО ЗА СОЛИДАРНОСТ И ПОДДРШКА, СО ЦЕЛ ПРОФЕСИЈАТА НАСТАВНИК ДА ДОБИЕ ДОСТОЈНО И РЕСПЕКТАБИЛНО МЕСТО ВО ОПШТЕСТВОТО – ИНТЕРВЈУ СО СНЕЖАНА ЗЛАТКОВСКА, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА
25 август 2021
Наставник е професијата која е создавач на сите други професии, а наставниците се најодговорните и најважните членови на општеството, затоа што нивните професионални вложувања влијаат на иднината на тоа општество. Овој циклус интервјуа го посветуваме на професијата наставник по математика. Неколку успешни наставници ќе ни ги отворат своите срца и ќе се обидат да ни го доловат сопственото професионално искуство и да ни опишат што значи да се биде наставник по математика. Првиот наш соговорик е Снежана Златковска, наставник по математика во ООУ „Илинден“ во Крива Паланка. Повеќе...

ПОИМ известува: Студентите-математичари на Студентската конференција на младите уметници и научници, СКУН 2020
23 март 2021
Есента 2020 година, поточно на 13 и 14 октомври, како резултат на организацијата на Факултетските студентски собранија при Природно-математичкиот факултет, Технолошко-металуршкиот факултет и Факултетот за ликовни уметности од Скопје, се организира студентската конференција на младите уметници и научници СКУН. Оваа конференција беше организирана преку средства за електронска комуникација, поточно преку платформата Zoom. Се потврдува дека ова е првата конференција од мултидисциплинарен карактер која има за цел да ги спои науките и областите кои ги негуваат овие факултети. Повеќе...

ПОИМ известува: Петти семинар „Математика и примени“ 5-6 март 2021
15 март 2021
Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје пет години по ред го организира семинарот „Математика и примени“. Првиот семинар се одржа во 2016 година во чест на јубилејот „70 години од постоењето на Институтот за математика и Природно-математичкиот факултет“. Оваа година, Петтиот семинар „Математика и примени“, заради пандемијата од COVID-19, се одржа онлајн на платформата Microsoft Teams на 5-6 март 2021, а истовремено имаше стриминг и на You Tube каналот Institut za matematika PMF - YouTube. На семинарот беа одржани 36 предавања и тоа: 16 научно-популарни и 20 за наставата по математика. Беа регистрирани околу 350 учесници. Повеќе...

Денот на Природно-математичкиот факултет во Скопје - 16. декември 2020
16 декември 2020
Соопштение за 16 декември - Денот на Природно-математичкиот факултет (од Институтот за математика)
Поздравно писмо за Денот на Природно-математичкиот факултет (од в.д. Деканот на ПМФ)
Обраќање на деканот на Природно-мaтeматичкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Проф. д-р Валентин Мирчески (Видео)

Што работат математичарите во Македонија
2 октомври 2020
Сите кои одлучиле да студираат математика, тоа го сториле затоа што ја сакаат математиката. Но, кога таа ќе стане и ваша животна определба, и кога ќе ви ги отвори вратите на компаниите од индустрискиот сектор, ќе сфатите дека ниедна теорема, нидна задача, ниедна непреспиена ноќ за спремање на испитот, не биде залудни. И тогаш, ќе ја засакате математиката уште повеќе. Дел од нашите поранешни студенти ги споделија со нас своите успешни приказни со кои покажуваат дека математичарот може да работи и надвор од образовниот сектор дури и ако останал во Македонија. Се надеваме дека нивното позитивно искуство ќе биде доволен поттик за сегашните и идните студенти на Институтот за математика да го искористат студирањето и да се подготват што подобро за успесите што ги очекуваат во животот. повеќе...

Прв академски час на Институтот за математика во учебната 2020/21 година
1 октомври 2020 Денес на Институтот за математика им посакавме добредојде на новите студенти во прва година на студиските програми: наставна математика, теориска математика, финансиска и актуарска математика, применета математика и математика-физика. повеќе... |
Четврти семинар „Математика и примени“, 13-14 декември 2019
27 декември 2019 Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје веќе четири години по ред ги организира семинарите „Математика и примени“. Четвртиот семинар „Математика и примени“, кој се одржа на 13 и 14 декември 2019 година, се изведува во рамки на стручно-апликативниот проект на Природно-математичкиот факултет „Популаризација на математиката“. Неговата главна цел е промовирање на математичките науки меѓу младите и пошироката јавност преку збир од научно-популарни предавања и предавања за наставата по математика. На семинарот беа одржани 19 предавања, а присуствуваа околу 200 наставници и 100 студенти и средношколци. |
НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2019
3 декември 2019 Во текот на месец ноември 2019 година на Природно-математичкиот факултет по четврти пат се одржа манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември - Месец на науката“ 2019 на која математичарите учествуваа со предавања, работилници и натпревари во експерименти/презентации по математика. Беа презенитари вкупно 43 проекти, а најуспешните беа и наградени. |
ПОИМ анкета: Најинтересниот час по математика
6 јуни 2019 Ве покануваме да учествувате во најновата анкета на ПОИМ! Ќе ни преставува чест доколку издвоите дел од вашето време и ни го опишете Вашиот час по математика кој Ви останал во најубаво сеќавање: кога се случил, што се случувало на тој час, што е тоа што оставило најголем впечаток на Вас? Можеби Вашето позитивно искуство ќе биде инспирација за некој наставник по математика да организира сличен час за своите ученици во иднина. Анкетата ќе биде отворена од 6 јуни 2019 до 12 јуни 2019. |
Математички хепенинг „Ден на бројот пи“ 2019, Богданци, 14.3.2019
11 април 2019 На 14.3.2019 година во Домот на културата „Бранд Петрушев“ - Богданци се одржа математичкиот хепенинг „Ден на бројот пи“ 2019. Овој настан го организираа ООУ „Петар Мусев“ од Богданци и СОУ „Богданци“ од Богданци, а се одржа во рамки на стручно-апликативниот проект „Популаризација на математиката“ од Природно-математичкиот факултет во Скопје. Настанот имаше натпреварувачки карактер и на него учествуваа ученици од основно и средно образование. За успешноста на овој настан за популаризација на математиката сведочат заинтересираноста на учениците и наставниците и убавите сеќавањата кои ги понесоа со себе. |
Трет семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018
25 декември 2018 На 14 и 15 декември 2018 година на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Третиот семинар „Математика и примени“ како еден од низата годишни семинари кои почнаа да се одржуваат во 2016 година. Големиот интерес за семинарот, 29 предавања, посетеност од околу 200 наставници и 100 студенти и средношколци и интересот за трудовите произлезени од работата на семинарите, покажува дека треба да сме на добар пат при обновувањето и проширувањето на традицијата на Институот за математика во одржување математички семинари за популаризација на математиката. |
НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2018
27 ноември 2018 На Природно-математичкиот факултет во текот на месец ноември 2018 година по трет пат се одржа манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември - Месец на науката“ 2018 на која математичарите учествуваа со предавања, работилници и натпревари во експерименти/презентации по математика. Бевме сведоци дека сите убаво се забавуваа, презентираа тоа што имаа подготвено, по нешто ново научија, а најуспешните беа и наградени. |
45. Приматијада (27.04.2018 - 2.05.2018) Будва, Црна Гора
10 мај 2018 И оваа пролет студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје активно учествуваа на 45. Приматијада која се одржа во периодот од 27 април до 2 мај во Будва, Црна Гора. Студентите претставници на природно-математичките факултети од сите бивши југословенски републики се натпреваруваа со своите екипи на повеќе спортски натпревари. Дел од студентите зедоа учество во научниот дел презентирајќи научно-истражувачки трудови од следните области: математика, физика, хемија, биологија, географија и информатика. |
Втор семинар „Математика и примени“ 6-7 декември 2017
18 декември 2017 На 6 и 7 декември 2017 година, на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа Вториот семинар „Математика и примени“. По успешно одржаниот Прв семинар минатата година, овогодишниот Семинар беше насочен кон две цели: првата - промовирање на математичките науки меѓу учениците и студентите преку научно-популарни предавања и втората - унапредување на наставата по математика во основните и во средните училишта. Беа одржани 10 научно-популарни предавања и 23 предавања за наставата по математика. Посетеноста беше масовна (околу 400 учесници). |
УСПЕШНО ПРВО УЧЕСТВО НА МАТЕМАТИЧАРИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2017
27 ноември 2017 Оваа година Институтот за математика по прв пат се вклучи во организацијата на настанот Ноември - Месец на науката, кој се одржа од 11 до 26 ноември 2017 година на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од областа на математиката беа одржани предавања, натпревари во демонстрации по математика за учениците од основните и средните училишта, како и работилница по математика за учениците од I до VI оддеелние. Сите присутни придонесоа за популаризацијата на математиката и природните науки, а најуспешните во натпреварите во демострации беа наградени. |
ПОИМ АНКЕТА: МАТЕМАТИКАТА Е ...
18 октомври 2017 Анкетата е со единствено анкетно прашање кое бара да ја дополните САМО со еден збор реченицата „Математиката е ...“ И тука ќе го завршиме воведниот дел за да избегнеме било какво насочување кон одговорот. Ве покануваме да учествувате во анкетата. Ги очекуваме вашите одговори. |
ПОИМ АНКЕТА: МОЈАТА ОМИЛЕНА МАТЕМАТИЧКА ЗАДАЧА
22 февруари 2017 Која е Вашата омилена математичка задача? Можеби тоа е некоја задача што сте ја решавале во трето одделение, или во шесто одделение, или во втора година во средно училиште. Задачата може да е лесна и едноставна, а може да е и некоја тешка задача која се' уште Ве „мачи“. Можеби ќе се одлучите за математичка логичка загатка за пошироката јавност. Ве покануваме да учествувате во анкетата. Ги очекуваме вашите задачи. |
Математиката се враќа на голема врата. Листа на професии кои може да ги работи еден математичар
6 февруари 2017 Математичарите денес помагаат во лабараториите при изработка на нов медикамент, учествуваат при дизајнирањето на авионите и вселенските летала, креираат ефикасни алгоритми за процесирање на голем број на податоци, им овозможуваат на компаниите да имаат индивидуален пристап кон секој корисник, истовремено зголемувајќи ја ефикасноста на компаниите, и задоволството на корисниците. Со еден збор, математиката учествува во поставувањето на новите стандарди на современиот начин на живеење. Статија објавена на 18.01.2017 на fakulteti.mk во соработка со проф. д-р Ирена Стојковска. |
Интервју со проф д-р Ѓорѓи Маркоски: „Љубовта кон математиката може да ја пренесе само некој што ја сака.“
17 јануари 2017 Интервју со Раководителот на Институтот за математика, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, објавено на 16.12.2016 на fakulteti.mk. Професорот зборува за одбележувањето на 70 години Институт за математика, за интересот за изучувањето на математиката на Природно-математичкиот факултет, за државната поддршка за оваа наука, за примената на математиката во секојдневниот живот, за кадрите кои излегуваат од Институтот за математика и за тоа како да им се всади љубовта кон математиката кај децата. |
Македонски интернет страници за математика
10 јануари 2017 ПОИМ иницира креирање база на македонски интернет страници за математика (интернет сајтови, блогови, Facebook страници, Facebook групи). Се надеваме дека на овој начин ќе помогнеме за полесно совладување на математичките знаења, нивно утврдување, дополнување, проширување или продлабочување. Воедно ПОИМ сака да го поттикне креирањето и уредувањето на македонски интернет страници за математика се со цел да придонесе за популаризација на математиката меѓу младите и пошироката јавност во Македонија. |
Прв семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016
27 декември 2016 На 14 декември 2016 година на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржa Првиот семинар „Математика и примени“. Семинарот се организираше во чест на 70 годишнината од основањето на Природно-математичкиот факултет и постоењето на Институтот за математика. Работата на Семинарот беше јавна и отворена. На Семинарот беа презентирани 26 предавања со научно-популарен карактер од областа на чистата и на применетата математика и предавања од областа на наставата по математика во основно и во средно училиште. |
ПОИМ АНКЕТА: ЗОШТО ЈА САКАМ МАТЕМАТИКАТА?
10 ноември 2016 Многумина ја сакаат математиката. Кој ја засакал НЕА - никогаш не престанал да ја сака. Но, сте се прашале ли некогаш зошто ја сакате математиката? Во чест на одбележувањето на 70 години Природно-математички факултет и Институт за математика, уредувачите на порталот на Институтот за математика - ПОИМ, одлучија да спроведат анкета со единствено прашање: Зошто ја сакам математиката? Ве покануваме да учествувате во анкетата. |
Работилница „Математиката и предвидувањата“, 11 мај 2016
10 јуни 2016 На почетокот на месец мај 2016 година, во организација на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, се одржа Работилницата „Математиката и предвидувањата“ на која земаа учество 12 предавачи со своите научно-популарни излагања за примена на математиката во предвидувањата во осигурувањето, на берзата, во физиката, биометријата, психологијата, криминалистиката, како и предвидувањата во наставата по предметот математика. |
|
43. Приматијада (28.04.2016 - 1.05.2016), Албена, Р. Бугарија
7 мај 2016 Во периодот од 28 април до 1 мај 2016 година се одржа четириесет и третата ПРИМАТИЈАДА во познатото летувалиште на Црно Море, Албена, Р. Бугарија. Студентите од ПМФ го освоија генералниот пехар, а се натпеваруваа во научните области: хемија, физика, математика, информатика, биологија и географија, но и во спортските дисциплини: кошарка, ракомет, фудбал, одбојка, пинг-понг и шах. |
Од дневниците на практичната настава: Впечатоци од практичната настава во Комерцијална банка АД Скопје
26 ноември 2015 Веќе втора година, студенти од Институтот за математика посетуваат практична настава во Комерцијална банка АД Скопје. Интересот за овој вид на практична настава е се поголем, посебно кај студентите на насоката математичка економија. |
Центар за кариера: Претприемништво на ПМФ - ДА!
19 август 2015 Кога ќе се спомне зборот претприемништво на сите ни звучи познато. Но, ретко кој го знае неговото теоретско значење, а уште помалку што тоа значи во практиката. Во ова време во кое живееме, да се биде добар претприемач е најважниот чекор до постигнувањето на успех, но колку ние младите сме запознаени со тоа? |
Од дневниците на практичната настава: Туторска поддршка на учениците Роми
22 мај 2015 Во текот на учебната 2014/2015 година во рамките на практичната настава, студенти од Институтот за математика се вклучија во проектот „Туторска поддршка на учениците Роми кои учат во второ, трето и четврто одделение во ОУ Браќа Рамиз и Хамид во општина Шуто Оризари“. |
42. Приматијада 2015 (28.04.2015 - 03.05.2015) - Балатон во Шиофок, Р.Унгарија
10 мај 2015 Оваа 2015 година се одржа четириесет и втората ПРИМАТИЈАДА на езерото Балатон во Шиофок, Р. Унгарија организирани од ПМФ, Скопје и ПМФ, Нови Сад. Студентите од ПМФ, Скопје, по неколкудневните натпревари, постигнаа успеси во секое натпреварување. |
Центар за кариера: Јазикот на математиката
30 април 2015 И во оваа 2015 година, математичките професии (актуар, математичар, статистичар) се повторно на врвот на највисоко рангираните професии. Рангирањето се врши врз база на повеќе критериуми, како примањата, изгледитe за вработување, стресот и слично. На што се должи зголемениот интерес за математичарите и математичките професии? |
Од дневниците на практичната настава: Практична настава на студенти од Институтот за математика во Државниот завод за статистика
24 април 2015 Државниот завод за статистика е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Република Македонија. Основни функции на институцијата се прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество. |
Од дневниците на практичната настава: Практична настава на студенти од Институтот за математика во Сојузот на математичари на Македонија
29 декември 2014 Во текот на изминатава 2014 година Сојузот на математичари на Македонија (СММ) организираше и реализираше неколку домашни и меѓународни натпревари по математика. Како резултат на долгогодишната и успешна соработка на СММ и Институтот за математика при ПМФ, Скопје, оваа година, студенти од Институтот за математика, во рамките на својата практична настава, беа дел од организацијата и спроведувањето на натпреварите по математика. |
Од дневниците на практичната настава: Туторска настава на студенти од Институтот за математика во Домот за деца без родители „11 Октомври“
05 декември 2014 Човек се чувствува најисполнет кога го употребува своето знаење и можности за да им помогне на другите. Едно од местата каде што помошта од која било област (не само математика) е секогаш добредојдена, е Домот за деца без родители ,,11 Октомври” во Скопје. |
Успешна промоција на првата македонска картонска игра „Планетата Ерида“
25 ноември 2014 На ден 21.11.2014 година во Универзална сала во Скопје, се одржа третото издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“. На фестивалот беа претставени повеќе креативни идеи и производи, од кои на главната промоцијата која започна во 20 часот им се оддаде најголемо внимание на трите поважни проекти. |
Од дневниците на практичната настава: Студенти од Институтот за Математика ја креираат првата македонска board game игра
28 октомври 2014 Петчлена екипа од студенти на Институтот за Математика под раководство на ментор од Институтот, земаа учество на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива 2014“, проект платформа на град Скопје. Нивна задача беше креирање на првата македонска board game (картонска) игра. |