АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
Успешна промоција на првата македонска картонска игра „Планетата Ерида“
На ден 21.11.2014 година во Универзална сала во Скопје, се одржа третото издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“. На фестивалот беа претставени повеќе креативни идеи и производи, од кои на главната промоцијата која започна во 20 часот им се оддаде најголемо внимание на трите поважни проекти :
1. Првата македонска картонска друштвената игра „Планетата Ерида“ од „Соларис продукција“ во соработка со Институтот за математика при ПМФ Скопје, Машинскиот факултет и СЕМОС ЕДУКАЦИЈА; 2. Онлајн апликација „БАЗА НА ПОДАТОЦИ“ за креативниот потенцијал од „Соларис продукција“ во соработка со ФИНКИ, Скопје; и 3. Мобилна туристичка апликација „SK2GO“ од „Inteligent network solution“. Фестивалот започна со презентирање на својата широка палета на креативни идеи и производи уште во 10 часот наутро, и преку цел ден посетителите имаа можност да ги видат и да се запознаат поединечно и подетално со функцијата, целта, начинот на изработка и достапноста на производите. По главната промоција во 20 часот на трите поголеми проекти, успешниот и широко посетен фестивал, заврши со добра забава за која се погрижи групата „FOLTIN“. |
Презентацијата на друштвената игра „Планетата Ерида“, која всушност е првата македонска картонска игра, се одвиваше на посебен штанд на кој беа и студентите од Институтот за математика, како дел од тимот кој ја креираше играта. Тие, на штандот за презентација на играта, беа задолжени за појаснување на правилата за играње, за кои беше потребно време, труд и работа да се осмислат, за да играта да ги исполнува сите стандарди на една друштвена игра, а во едно и да претставува спој на нешто ново и креативно.
Како што истакна во своето излагање на главната промоција асистентот Илија Јовчески од Институтот за математика: „Станува збор за друштвена картонска игра која може да ја играат најмалку двајца, а најмногу шест играчи. Секој играч може да гради војска, која се состои од три типови на единици и тоа војник, полковник и капетан, подредени според својата сила. Целта на играта е да се освои централната територија на која се наоѓа заедничкиот непријател – планетата Ерида, чие појавување предизвикало хаос во галаксијата и се заканува да ја уништи. На патот до целта има разни полиња, на кои има препреки, на пример метеори и комети кои и помагаат на планетата и полиња на кои има објекти кои помагаат во уништивањето на планетата, на пример полиња на кои може да се надоградува војската и полиња со светла и темна енергија за кои се влече картичка која дава некаков бонус на соодветниот играч. Победник во играта е оној кој ќе ја уништи планетата Ерида, но постојат и дополнителни услови за победа, како на пример уништување на три метеори и една комета. Со ова се овозможуваат повеќе различни стратегии да се дојде до посакуваната победа, а ќе победи оној играч кој ќе успее да смисли најдобра стратегија за себе, то ест против стратегиите на другите играчи.“

За успешноста и побарувачката на играта сведочи големата заинтересираност од страна на посетителите за време на промоцијата во врска со дизајнот, идејата, правилата за играње. Пофалбите и насмевките на задоволство на нивните лица што конечно е создадена првата македонска картонска друштвена игра, беше највисоката награда. „Одлично, браво, ми се допаѓа идејата и дизајнот на играта, особено фактот што конечно добивме и ние друштвена картонска игра“, беа повеќето од коментарите на многубројните посетители. На воодушевувањето на присутните им се придружи и доцент д-р Ѓорѓи Маркоски, раководител на Интитутот за математика, кој истакна: „Не се сомневав во квалитеот на нашите студенти, односно во нивното знаење и креативност, но искрено толку добро осмислен проект на почетокот не очекував, и ова што го видов навистина ме воодушеви.“
„Студентите на Институтот за математика од секогаш се одликувале со оригиналност, креативност и аналитички начин на размислување, што е резултат на наставните програми и работата на наставниот кадар на Институтот.“ - изјави доцент д-р Ирена Стојковска, водител на Центарот за кариера на Институтот за математика. „Пријатно бевме изненадени кога не' побараа од Соларис продукција да учествуваме во проектот за креирање на првата македонска картонска игра. Благодарни сме им што на нашите студенти им дадоа можност да ја покажат својата креативност и спремност на предизвици, како и да ги применат математичките расудувања за креирање на еден интересен и забавен производ за сите генерации. Ако нашата цел е промовирање на математичките принципи на размислување и помош при нивното совладување, тогаш оваа друштвена игра „Планетата Ерида“ jа има постигнато таа цел.“
Фотографии од промоцијата (Галерија)
Известува:
Стево Ѓоргиев, Институт за математика, ПМФ, Скопје
Објавено:
25 ноември 2014
Начин на цитирање на статијата:
С. Ѓоргиев, Успешна промоција на првата македонска картонска игра „Планетата Ерида“, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 25 ноември 2014, http://poim-pmf.weebly.com/planetata-erida.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.