АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
ЕЛЕКТРОНСКИ ИЗДАНИЈА НА КНИГИТЕ ОД ПЕТТИОТ СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“

Петтиот семинар „Математика и примени“ се одржа на 5 и на 6 март 2021 година во вид на вебинар, а беше организиран од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Целта на Семинарот е преку збир од научно-популарни предавања и предавања за наставата по математика да придонесе за популаризација на математиката меѓу младите и пошироката јавност, за ширење и размена на добрите наставни практики, но и да предложи нови идеи за нивно подобрување.
За успешниот тек на Семинарот беа заслужни и водителите на секциите: проф. д-р Валентина Миовска, проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска, проф. д-р Невена Серафимова, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, проф. д-р Ирена Стојковска, проф. д-р Валентина Гоговска и проф. д-р Марија Михова. За техничката поддршка беа заслужни м-р Марко Димовски и демонстраторите Стефан Мирчевски и Ерблина Зеќири.
Математиката како наука можеби изгледа недостапна за многумина, но презентирана на вистинскиот начин, може да биде интересна за секого, зашто таа е јазикот на нашата реалност. Излагачите на предавањата на Семинарот се потрудија да ни ја пренесат оваа порака. Научно-популарниот дел од Семинарот се состоеше од 16 научно-популарни предавања во кои беа презентирани разни математички проблеми, нивната примена во разни области − не само во математиката, туку и во инженерските, економските, хуманистичките, општествените и природните науки. Во книгата со научно-популарни трудови од Петтиот семинар „Математика и примени“ (книга 9) во голем дел се содржани трудовите (12) од одржаните предавања, а сите тие имаат научно-популарен карактер од областа на чистата и на применетата математика. Кон електронското издание на книгата може да пристапите преку следниот линк: http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-9.html
Наставниот дел од Семинарот се состоеше од 20 предавања, при што наставниците добија можност да ги пренесат своите искуства стекнати во текот на изведувањето настава на далечина во услови на пандемија (онлајн настава), за користењето на разни дигитални алатки, како и за критериумите на избор на дигиталните ресурси и за методологијата по која се креираат електронски прашања со автоматско оценување, но и слободно да дискутираат за улогата и важноста на туторството, за користење open middle проблеми во наставата и за конкретни теми, како што се комплексните броеви во наставата по физика, за корелација меѓу математиката и медицината, за египетски дропки, за решавање линеарни равенки и неравенки под апсолутна вредност и за некои други теми. Во книгата со трудови за маставата по математика од Петтиот семинар „Математика и примени“ (книга 10) се содржани дел од трудовите од одржаните предавања за наставата по математика. Кон електронското издание на книгата може да пристапите преку следниот линк: http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-10.html
Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на авторите и рецензентите за одличната соработка.
Воедно, го најавуваме Шестиот семинар „Математика и примени“ за месец март 2023 година, со научно-популарни предавања од областа на математиката и нејзините примени.
Со почит,
проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова,
проф. д-р Ирена Стојковска,
Уредници на едицијата „Математички омнибус“

Известуваат:
Весна Целакоска-Јорданова и Ирена Стојковска,
Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
7 септември 2022 година
Начин на цитирање на статијата:
В. Целакоска-Јорданова, И. Стојковска, Електронски изданија на книгите од Петтиот семинар „Математика и примени“, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 7 септември, 2022, http://poim-pmf.weebly.com/knigi-od-pettiot-seminar-matematika-i-primeni.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.