АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
42. Приматијада 2015 (28.04.2015 – 03.05.2015) на езерото Балатон во Шиофок, Р. Унгарија
Оваа 2015 година се одржа четириесет и втората ПРИМАТИЈАДА на езерото Балатон во Шиофок, Р. Унгарија, организиранa од ПМФ, Скопје и ПМФ, Нови Сад. Приматијадата секоја година ги собира студентите од природно-математичките факултети од бившите југословенски републики за да ги претстават своите знаења од соодветните научни области и да се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини: кошарка, ракомет, фудбал, одбојка, пинг-понг и шах, но и да се дружат и стекнуваат нови пријателства. Студентите од ПМФ, Скопје, по неколкудневните натпревари, постигнаа успеси во секое натпреварување.
Во научниот дел за математика и информатика од Институтот за математика при ПМФ во Скопје учествуваа Ивона Ѓероска и Гордана Николовска. Првото место го освои кандидатка од ПМФ Нови Сад, со тема која обработува начин на примена на линеарното програмирање во воени цели. |
Одлево надесно: Гордана Николовска, Андријана Поповска, Ивона Ѓероска и Александра Сребреноска
Второто место (научен дел математика и информатика) го освои Ивона Ѓероска со темата Мрежно програмирање – проблем на минимално опфаќачко дрво, Примов алгоритам и негова примена на конкретен проблем. Беше разгледан проблемот на мрежно поврзување на просториите од Институт за математика при ПМФ, Скопје. Проблемот е измоделиран како проблем од Tеоријата на графови и со помош на соодветен алгоритам, добиено е оптимално решение на овој проблем. Изработена е и програма која го решава овој тип на проблеми. Оваа тема е од областа на Мрежна оптимизација.
Третото место (научен дел математика и информатика) го освои Гордана Николовска со темата Пермутации кај сложувалка со 15 составки. Оваа тема претставува анализа на можните конфигурации кај сложувалката со 15 составки (15 puzzle), користејќи својства од теоријата на пермутации, т.е. својства од наставниот материјал кој се изучува по предметот Алгебра 2. Во обработката на темата, се одговара на едно конкретно прашање што ја прави оваа сложувалка популарна.
Честитки до сите кандидати од областа на математиката и информатиката, коишто беа многу инвентивни со своите теми и идеи и имаа одлични излагања.

Сите спортски екипи од Македонија беа многу успешни. Имено, и машката и женската кошаркарска репрезентација ги освоија првите места, а на врвот на листата се најдоа и двете наши ракометни репрезентации. Со сребрени медали се вратија одбојкарите, и женската фудбалска екипа. Трето место доби нашиот тим за шах. Студентите од Институтот за математика учествуваа и во неколку спортски активности, освојувајќи високи пласмани во секоја од нив, и тоа Андријана Поповска – кошарка, Александра Сребреноска – ракомет, Пеце Дунимаглоски – одбојка и Никола Ангелески – шах.
Природно-математичкиот факултет од Скопје има рекордно долга историја на успеси на ова натпреварување. Претходните шест години, за сметка на високите пласмани на нашите учесници на сите полиња, генералниот златен пехар се враќаше во Скопје. И покрај тоа што овој пат пехарот отпатува за Нови Сад, успехот на нашиот факултет беше за секоја пофалба. Честитки до сите учесници, и им посакуваме уште поголеми успеси следната година.
Известуваат:
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, Ивона Ѓероска и Гордана Николовска,
Институт за Математика, ПМФ, Скопје
Објавено на:
10 мај 2015
Начин на цитирање на статијата:
В. Целакоска-Јорданова, И. Ѓероска, Г. Николовска, 42. Приматијада (28.04.2015-03.05.2016), Балатон, Шиофок, Р. Унгарија, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 10 мај 2015, http://poim-pmf.weebly.com/primatijada-2015.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.