ПОИМ СПОДЕЛУВА ...Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
5 / 5
24.11.2022 Печатени изданија на книгите со трудови од Петтиот семинар „Математика и примени“
Почитувани,
Ве известуваме дека излегоа од печат последните изданија од научно-популарната едиција Математички омнибус на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со трудови од Петтиот семинар „Математика и примени“ кој се одржа на 5-6 март 2021 година: Книга 9 - Научно-популарни трудови од Петтиот семинар „Математика и примени“ (2022) и Книга 10 - Трудови за наставата по математика од Петтиот семинар „Математика и примени“ (2022).
Сакаме да изразиме благодарност до авторите и рецензентите на трудовите кои придонесоа за квалитетот на овие изданија со што ни помогнаа да ја збогатиме македонската математичка ризница на научно-популарни трудови. Како и до сега, во знак на соработка меѓу институциите и наставниот кадар, примероци од овие книги ќе бидат пратени до библиотеките на сродните факултети и универзитети во државата, средните училишта и некои од основните училишта. Воедно, го најавуваме Шестиот семинар „Математика и примени“ во март 2023 година, за кој деновиве ќе излезе соопштение со повеќе информации.
Од Уредниците на Математички омнибус

09.03.2022 Меѓународна конференција за математичко образование 13th ERME Topic Conference for Mathematics Education, 7-9 септември 2022
Меѓународна конференција за математичко образование 13th ERME Topic Conference for Mathematics Education која воедно е и 3та конференција Mathematics Education in the Digital Age (MEDA3), која што ќе се одржи во Нитра, Словачка од 7ми до 9ти септември 2022 година. Истата има за цел да ги зближи учесниците од бројните работни групи на европското здружение за научни истражувања во областа на математичкото образование CERME и да обезбеди можност за интердисциплинарна и мултидисциплинарна соработка. Добредојдени се трудови за математичко образование на сите образовни нивоа на следниве три теми: (1) Образование и стручно усовршување на наставниците по математика, (2) Иновации на наставните планови, дизајн на дигитални и хибридни средини за учење, како и практична примена на дигитални ресурси и (3) Проверка и оценување во дигиталната ера. За финансиска поддршка контактирајте го локалниот комитет. Веб-страната на конференцијата каде што може да се најдат сите подетални информации е: https://www.meda.fpvai.ukf.sk/index.html
Рокот за доставување на трудови и предлози за постер презентации е 15ти мај 2022 година.
Со почит од лидерскиот тим на меѓународниот програмски комитет:
Hans-Georg Weigand (Германија), Ana Donevska-Todorova (Германија / Република Северна Македонија), Eleonora Faggiano (Италија), Paola Iannone (Обединето Кралство), Michal Tabach (Израел), Melih Turgut (Норвешка / Турција)

07.03.2022 Како до компетентни студенти-идни наставници? Претставен пилот-проектот КВАМЕН
Презентација на придобивките на пилот-проектот „Квалитетна обука преку менторство за идните наставници – КВАМЕН“ кој лани беше спроведен во повеќе институции во земјава.
Пилот-проектот КВАМЕН го организираа и презентираа тим професори од Педагошкиот факултет (проф. д-р Весна Макашевска и проф. д-р Лулзим Адеми и проф. д-р Маја Рауник-Кирков,) и од Природно-математичкиот факултет (проф. д-р Марина Стојановска, проф. д-р Валентина Гоговска и проф. д-р Катерина Русевска). Тимот го водеше проф. д-р Ролф Голоб од Циришкиот универзитетот за образование на наставници, Швајцарија.
https://umno.mk/kako-do-kompetentni-studenti-idni-nastavnici/

18.02.2022 Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 6-8 мај 2022, Скопје
Во периодот од 6-8 мај 2022 година, ќе се одржи Меѓународната конференција за образование по математика, физика и сродни науки, во организација на: Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Институт за математика при ПМФ во Скопје, Институт за физика при ПМФ во Скопје, Природно-математички факултeт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Важни датуми (крајни рокови за испраќање):
15.04.2022 – Пријава за учество (вклучува наслов и апстракт – google форма)
15.04.2022 – Плаќање котизација
05.06.2022 – Готов труд
Презентираните трудови на конференцијата ќе бидат објавени во Зборникот на трудови на конференцијата.
Повеќе информации за Конференцијата на: https://smm.org.mk/naucni-sobiri/konferencii/

17.06.2021 Бесконечноста на прв поглед и Различни видови бесконечности
Две интересни статии за бесконечноста напишани на едноставен јазик, разбирливи за секого. Како да разбереме нешто што нема почеток и нема крај? Таа не е број. Толку е голема што практично е неопислива. Обидите да се опише секогаш завршуваат со нешто што е помало од неа.
https://tomrocksmaths.com/2020/08/03/infinity-at-first-glance-perhaps-a-stare/
https://tomrocksmaths.com/2020/08/06/different-sizes-of-infinities/

28.05.2021 Важноста на соработката: Математичарите ја објаснуваат важноста на соработката и репутацијата (The emergence of cooperation: Team mathematically describes importance of cooperation and reputation)
Математичко објаснување на девизата „прави добро и со добро ќе ти се врати“. Според математичката дисциплина Теорија на игри, директниот реципротитет (користењето на сопственото искуство) и индиректниот реципроцитет (користењето на искуството од другите и репутацијата) се клучните механизими за развојот на соработката
https://phys.org/news/2021-05-emergence-cooperation-team-mathematically-importance.html

17.05.2021 Излегоа од печат книгите со трудови од Четвртиот семинар „Математика и примени“
Почитувани,
Ве известуваме дека излегоа од печат најновите книги од едицијата Математички омнибус: Книга 7 со Научно-популарни трудови од Четвртиот семинар „Математика и примени“ (13-14 декември 2019) и Книга 8 со Трудови за наставата по математика од Четвртиот семинар „Математика и примени“ (13-14 декември 2019).
Како и до сега, во знак на соработка, примероци од овие книги ќе бидат пратени во библиотеките на факултетите, средните училишта и дел од основните училишта во државава.Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на авторите и рецензентите за одличната соработка за време на изработката на овие книги! Во тек е уредувањето на книгите со тудови произлезени од предавањата на Петтиот семинар „Математика и примени“ што се одржа на 5-6 март 2021.

17.12.2020 Книги со трудови од Четвртиот семинар „Математика и примени“
Ве известуваме дека книгите со трудови од Четвртиот семинар „Математика и примени“ кој се одржа во декември 2019 година се публикувани. Кон нив може да пристапите преку следните линкови:
Книга 7 - Научно-популарни трудови од Четвртиот семинар „Математика и примени“ http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-7.html
Книга 8 - Трудови за наставата по математика од Четвртиот семинар „Математика и примени“ http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-8.html
На авторите на трудовите и рецензентите на книгите им благодариме за високата професионалност. Нивната несебична соработка е најмногу заслужна за сегашниот изглед на книгите.
Оваа учебна 2020/2021 година, Петтиот семинар „Математика и примени“ се планира да се одржи во март 2021 година. За сите понатамошни информации за Петтиот семинар следете ги објавите на страницата на семинарите „Математика и примени“ http://im-pmf.weebly.com/seminar-matematika-i-primeni.html
Со почит, Проф. д-р Ирена Стојковска и Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова,
Координатори на Семинарот и Уредници на едицијата Математички омнибус

4.9.2020 Математичарите го откриja совршениот начин на множење
Пред четири илјади години, Вавилонците го откриле денешниот начин на множење. Минатата година, на 18 март, двајца истражувачи го опишаа најбрзиот метод некогаш откриен за множење на два многу големи броеви. Трудот претставува кулминација на долготрајно истражување за да се најде најефикасна постапка за извршување на една од најосновните операции во математиката. „Секој смета дека во основа методот што го учиш на училиште е најдобриот, но всушност тоа е активна област на истражување.“ Повеќе...

2.9.2020, Голбаховата хипотеза: лесна, но тешка
Често пати, во математиката, проблемите што лесно се искажуваат се покажуваат кско исклучително тешки за решавање. Пред двесте седумдесет и пет години, Голдбах му напишал писмо на славниот швајцарски математичар Леонард Ојлер со следнава едноставна реченица: Секој парен број поголем од 2 може да се изрази како збир од два прости броеви“. За што се работи и можете да прочитате овде, но и да се потсетите на една од нашите први статии „Прочитајте математички трилер“.

19.8.2020, 12 математичари кои ја поставија сцената за современиот свет
Прочитајте интересен текст од историјата на математиката. Научете нешто за Питагора, Евклид, Архимед, Мухамед ибн Муса ал Хорезми, Џон Непер, Јохан Кеплер, Рене Декарт, Блез Паскал, Исак Њутон, Готфрид Вилхелм Лајбниц, Томас Бејз и Леонард Ојлер и за нивниот придонес во математиката. Повеќе...