АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
ПОИМ АНКЕТА: НАЈИНТЕРЕСНИОТ ЧАС ПО МАТЕМАТИКА
Крајот на учебната година е тука, па сеќавањата за училиштето и часовите се посвежи. Затоа, сметаме дека не би требало да Ви претставува проблем да се присетите кој бил Вашиот најинтересен час по математика изминатава година и да го опишете. Можеби пак во Вашите сеќавања сте издвоиле место за најинтересниот час по математика од минатата или од годината пред неа? Ако не сте ученик или студент, можеби ќе се присетите на најинтересниот и најзабавен час по математика кој сте го имале пред 5, 15, 30 години. A aко сте наставник по математика, убаво би било да го споделите со нас Вашето искуство од Вашиот најуспешно реализиран час по математика.
Нам ќе ни преставува чест доколку издвоите дел од вашето време и ни го опишете Вашиот час по математика кој Ви останал во најубаво сеќавање: кога се случил, што се случувало на тој час, што е тоа што оставило најголем впечаток на Вас? Можеби Вашето позитивно искуство ќе биде инспирација за некој наставник по математика да организира сличен час за своите ученици во иднина.

- Секој може да учествува во пополнувањето на анкетата.
- Анкетата ќе биде отворена за време на летото 2019.
- Вашите одговори ќе ги објавиме по завршување на анкетата.
Горе приложената форма, нуди можност да го пратите Вашиот одговор во облик на текст. Вашите одговори може да ги пратите и директно на pо[email protected], или на некој од уредниците на ПОИМ (види Контакт), со назнака ПОИМ анкета: Најинтересниот час по математика.
Подготвиле уредниците на ПОИМ:
Проф. д-р Ирена Стојковска,
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова
Обjавено на:
6 јуни 2019 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, ПОИМ анкета: Најинтересниот час по математика, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 6 јуни 2019, http://poim-pmf.weebly.com/poim-anketa-najinteresniot-cas-po-matematika.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.