АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
Бидете храбри и верувајте: и во себе и во вашите ученици-ИНТЕРВЈУ СО филип николовски, асистент на машинскиот факултет во скопје
Наставник е професијата која е создавач на сите други професии, а наставниците се најодговорните и најважните членови на општеството, затоа што нивните професионални вложувања влијаат на иднината на тоа општество. Овој циклус интервјуа го посветуваме на професијата наставник по математика. Неколку успешни наставници ќе ни ги отворат своите срца и ќе се обидат да ни го доловат сопственото професионално искуство, што значи да се биде наставник по математика.
Нашиот петти соговорик е м-р Филип Николовски, асистент на Машинскиот факултет во Скопје, претходно професор по математика во Меѓународните училишта „НОВА“.
Што ве натера да станете наставник по математика?
Отсекогаш сум имал желба на луѓето да им помогнам да ја разберат суштината на работите. Математиката е многу плодна почва за вакви подвизи, бидејќи, од различни причини кај релативно голем број од луѓето огромен дел од суштината на математиката останува неразјаснета, скриена. Работата во образование е уникатна, бидејќи секој вложен труд потенцијално води кон нови хоризонти за учениците и студентите, а со ова сметам дека можам да влијаам врз некои работи за тие да се развиваат во позитивна насока.
Што ве мотивираше да го работите ова?
Ако треба ова да го срочам во една мисла, би рекол: уживањето во посебниот вид среќа и задоволство на лицата на учениците и студентите кога навистина ќе откријат и разберат нешто за нив сосем ново и непознато. Работата во образование наликува на составување сложувалка: на почетокот е непрегледна, мачна, нејасна, фрустрирачка и речиси бесцелна, но низ процес на труд, трпение, далекугледост и напредок се добива исход кој носи особена убавина и гордост за сите страни во приказната. Конечно, тука е и желбата за самоподобрување – како да се изнајдат нови, иновативни начини да се пренесе сржта на старата приказна.
Што е тоа што ве привлекува во таа професија, кои се активностите со кои им го правите учењето математика поинтересно на учениците и како учениците го прифаќаат тоа?
Со текот на времето се менува начинот на кој луѓето претпочитаат да „впиваат“ информации. Ова неминовно значи дека образовниот процес треба да го следи овој развој. Во оваа смисла, мој впечаток е дека денешните ученици и студенти претпочитаат настава која вклучува практични примери и примена на наученото, во комбинација со динамично изложување на материјалот. Така, согласно моето искуство, активности кои се мултидисциплинарни, кои содржат богати визуелни компоненти и кои се директно поврзани со технологија, претставуваат вистинска добитна комбинација. Секако, ова не е секогаш возможно да се изведе (ниту пак овој пристап треба да ја заземе целата настава), но макар и неколку стратешки избрани и поставени задачи со примена може навистина да ги инспирираат учениците и студентите. Овде пред сѐ ја имам на ум примената на математиката во природните науки (во вакви случаи мора да се направи компромис помеѓу апстрактноста на математиката и ригидноста на, на пример, физиката), компјутерските науки (ОК, не може/мора сѐ од наставата да се испрограмира во програмски јазик, но може учениците да се наведат на алгоритамско размислување) или општествените науки (обработката и, особено, толкувањето на огромните количества податоци е од суштинско значење во модерниот свет). Разни аспекти од математиката проникнуваат во речиси сите останати науки, па ако ова им се предочи на учениците навреме и на соодветен начин, тогаш математиката во нивните очи прераснува во релевантна и корисна алатка којашто радо би ја применувале.

Што можете да ни кажете за отвореноста за работа во формално и неформално образование, прв пат сега во државно формално образование на македонски?
Дозволете ми најпрво да ги поставам параметрите за споредба. Најголем дел од моето искуство како педагог, повеќе од десет години, се должи на мојата работа како наставник по математика во Меѓународните Училишта „НОВА“. Од друга страна, од пред нешто помалку од една година сум асистент на Машинскиот факултет во Скопје. Дополнително, од 2019 година сум дел од тимот на Brainster како инструктор по математика и статистика на академијата за наука за податоците и машинско учење (data science and machine learning). Значи, би рекол дека имам богато и разнолико искуство на работа во различни средини и контексти. Врз основа на ова, можам да кажам дека една од главните разлики меѓу формалното и неформалното образование е во флексибилноста. Формалното образование е систем кој однапред точно определува кои цели треба да ги постигне и како ќе го направи тоа, колку време ќе се издвои за усвојување и утврдување на содржините. Најчесто ова го регулира некаков екстерен фактор (биро, министерство и сл.), а наставниците се оние кои само го следат текот на програмата и речиси немаат простор (или право) за „интервенции“ во тој тек. Кај неформалното образование споменатите цели постојат, но во најголема мера се поставени како ориентациона рамка. Така на групата (наставник + ученици/студенти) ѝ се остава простор за прилагодување на и прилагодување кон содржината, нивото, брзината, начинот на работа итн. Ваквата поставеност на работите води кон зголемена мотивираност и позитивна перцепција на искуството на учење. Но, она што треба да го имаме предвид е дека формалното образование е академско, поопшто и посеопфатно, додека неформалното пак е обично фокусирано на тесна тематика, концизно и насочено на стекнување на мал број професионални вештини, т.е. има некои компоненти кои по дефиниција неформалното образование може да си ги допушти, а формалното – не. Сметам дека, во некој идеален случај кога најдобрите нивни страни би се споиле во еден образовен модел, веројатно би имале многу поефикасно образование и далеку позадоволни ученици и студенти.

Раскажете ни нешто за научните екскурзии како мотивација за учениците.
Имам многу позитивно искуство со организирањето и изведувањето на вакви екскурзии. Додека работев во „Нова“ секоја година се организираше т.н. „недела без училишни ѕидови“. Идејата беше навистина благородна – да се изнесе процесот на учење надвор од четирите ѕида на училницата и да се пренесе на друго место каде учениците ќе можат малку попрактично да се запознаат со одредена проблематика. Јас и уште еден колега решивме да се обидеме на учениците да им ги приближиме природните и техничките науки. Стапивме во контакт со вработените во Институт за Нуклеарни Науки „Винча“ во Белград и успеавме да организираме практични работилници во лабораториите на институтот. Ние бевме изненадени од одличниот пречек, учениците беа презадоволни од можноста да работат на реални (макар и тривијални) проблеми заедно со вистински научници, во вистинска лабораторија и со вистинска опрема, а домаќините во неверување од ангажираноста на младите гости. За многумина од учениците ова искуство беше прва шанса да видат дека не само на филм наука може да се работи практично. Кога кон ваквото сценарио ќе се додаде и дополнителна образовна компонента, на пример: изработка на лабораториски извештаи и изведување заклучоци или водење на дневник, задоволството и среќата од наученото стануваат навистина безгранични. Сосем сум свесен дека во некои случаи ваква екскурзија е тешко да се организира и изведе, но сметам дека кое било практично образовно искуство коешто се случува надвор од четирите ѕида на училницата на учениците им остава далеку подлабок впечаток од сѐ што може да се изведе во неа.

Што би им порачале на идните наставници по математика?
Ова е тешко прашање 😊 Бидете храбри и верувајте: и во себе и во вашите ученици. Не држете се само до учебниците и/или збирките. Уривајте ги предрасудите дека математиката е тешка, дека не е за секого, дека е архаична, застарена наука. Пружете им можност на учениците да ја видат математиката во онакво светло во какво што ја знаеме ние и оставете ги самите да донесат заклучоци за местото на математиката во нивното образование и нивните животи.

Интервјуираше:
Ирена Стојковска, Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
4 октомври 2021 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, Бидете храбри и верувајте: и во себе и во вашите ученици – Интервју со Филип Николовски, асистент на Машинскиот факултет во Скопје, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 4 октомври, 2021, http://poim-pmf.weebly.com/intervju-so-filip-nikolovski-profesor-po-matematika.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.