АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
Бидете им пример на своите ученици, постојано професионално усовршувајте се и на најдобар можен начин пренесете ја љубовта кон математиката - ИНТЕРВЈУ СО АНКИЦА СПАСОВА, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА
Наставник е професијата која е создавач на сите други професии, а наставниците се најодговорните и најважните членови на општеството, затоа што нивните професионални вложувања влијаат на иднината на тоа општество.
Овој циклус на интервјуа го посветуваме на професијата наставник по математика. Неколку успешни наставници ќе ни ги отворат своите срца и ќе се обидат да ни го доловат сопственото професионално искуство, што значи да се биде наставник по математика. Нашиот втор соговорик е Анкица Спасова, наставник по математика во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Скопје.
Од која причина ја одбравте професијата наставник по математика?
Кога би зборувала за причината за избор на мојата професија не би можела да издвојам само една. Овде секако е мојата љубов кон математиката како област, љубовта кон наставничката професија, бидејќи и јас самата сум дете на наставник, како и желбата да ги пренесувам знаењата на другите на наједноставен и најприфатлив начин за нив самите. Таа желба за пренесување знаења постои уште од моето основно образование кога бев „задолжена“ за објаснување на нејасни задачи на моите дуругари-соученици.
Што е тоа што ве привлекува во таа професија и кои се вашите активности со кои им го правите учењето математика поинтересно на децата?
Кога професијата е избрана со срце и кога е добиена можност личноста да работи и професионално да се надоградува, тогаш тоа е професија за цел живот. Верувам дека и мојата приказна е и ќе биде таква. Се трудам на моите ученици секојдневно да им бидам пример за чесна, одговорна и професионална наставничка. Тоа е првиот чекор што го правам со скоја генерација и го одржувам постојано, бидејќи тоа е основата на односот наставник-ученик, со што во голема мера се овозможува тие да го засакаат предметот математика и тој да е еден од нивните омилени предмети. Секако, овде не смее никако да се изостави сегментот за примена на постојан педагошко-стручен пристап и комуникативност, примена на принципот на доверба и заемна соработка во рамките на образовниот процес, тежнеење моето знаење да го пренесам на моите ученици, истовремено водејќи сметка како за нивната правилна социјализација, така и за нивниот севкупен раст и развој.
Како децата го прифаќаат Вашиот начин на работа?
Со секој мој час се трудам оној постоечки стереотип за наставниците по математика да го негирам и во очите на моите ученици и јас и часот по математика да сме нешто што е омилено. Со други зборови, часовите се забавни, креативни, се почитуваме и секој има слобода да го каже своето мислење и да нема страв да погреши. Пресреќна сум кога ќе дојдат на час и ќе речат “Наставничке еден од најомилените часови ни е математика”, а истото тоа знае да се случи и со децата кои се со посебни обрзовни потреби и кои исто така уживаат на часовите по математика. Нивните соученици и јас секогаш просторот и времето го организираме за да тие напредуваат што е можно повеќе, ги подржуваме и заеднички се радуваме на секој нивен успех, кој многу често е награден и со аплаузи и нивните изработки се истакнуваат во кабинетот на највидното катче.

Може ли да ни кажете повеќе за Вашиот професионален развој и научни и стручни истражувања во областа на наставата по математика?
Наставничката професија, како и секоја друга нуди многу можности за професионален развој со кои од друга страна се подобрува самиот образовен процес, квалитетот и трајноста на знаењата на учениците. Сметам дека секој успешен наставник во текот на годините на својата работа треба професионално да се усовршува, да применува евалуација од страна на други стручни лица како и самоевалуација на својата работа.
Покрај тековниот професионален развој поврзан со семинари, обуки, конференции итн., како најважна алка во тој синџир би ја издвоила мојата магистратура на ПМФ во областа на математичкото образование. Предметите опфаќаа содржини од кои дел (по 10 години) се имплементираа во редовните обуки на наставниците, со што би рекла дека самиот наставник-магистер по математичко образование се одликува со доста квалитети кои може слободно да ги имплементира во наставата. Од овој дел на мојот професионален развој всушност започнува и мојата научно-истражувачка работа во областа на наставата по математика. Првото истражување беше опфатено во мојата магистерска работа “МОДЕЛ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС ПО МАТЕМАТИКА ВО ОСНОВНИТЕ УЧЛИШТА”, од коешто по изведени анализи, донесени заклучоци и соодветни препораки, резултатите ги применувам во самиот образовен процес. Но, секако, ова не би имало никакво значење доколку не се сподели со колегите кои на еден или друг начин се поврзани и засгнати со самиот образовен процес.
На кој начин ги бирате темите на Вашите истражувања и дали соработувате со некого?
Секој еден аспект од наставата кој е од поново време или се провлекува низ годините, а кој како наставник ќе осетам дека треба да се истражи, го земам за тема на истражување или на ниво на неколку училишта, на ниво на држава или, пак, на ниво на повеќе држави и како краен продукт најчесто ги презентирам нашите трудови пред колегите на нашите најдраги семинари „Математика и примени“, како и на меѓународни конференциии. Дел од нив ги имам работено сама, поголем дел заедно со мојата драга колешка Викторија Илиеска исто така магистер по математичко образование, а во последно време имаме истражувања кои ги работевме и со универзитетски професори од Германија и од Македонија кои работат во областа на педагогијата и математиката. Темите се наметнуваат во текот на самиот образовен процес. Се трудиме да опфатиме најразлични аспекти за што зборуваат и насловите на нашите трудови: “Примена на математиката во објективно утврдување на времетраењето на користење на современата технологија и нејзино влијание врз постигнатиот успех на учениците”, „Методи на евалуација исамоевалуација на процесот на предавање математика“, „Споредување на постигнатиот успех по математика и физика кај учениците од VIII и IX одделение“, „Професионалниот развој и работното искуство на наставникот како фактори за успешно реализирана настава”, “Користење на дигитални алатки во наставата по математика пред и за време на кризата во пандемија”, “Улогата, примената и важноста на туторството во образованието на 21 век” ...
Позитивните резултати од тоа се чувствуваат во резултатите и кај талентираните ученици и кај просечните, но и кај учениците со посебни образовни потреби, а воедно тоа е и целта - „да се доближи математиката до секој ученик на начин на кој нему самиот најмногу му одговара“.

Раскажете ни повеќе за вклучувањето на учениците во „несекојдневни“ проекти.
Кога наставникот се занимава со истражувања кои се поврзани со наставата, кога својата работа ја подобрува благодарејќи и на евалуацијата од учениците и родителите со кои работи, тогаш е многу лесно да се пронајде математиката во се' што не опкружува и на најинтересен начин да се реализираат часовите. Оваа учебна година во време на пандемија ја добив наградата Најкреативен наставник во Месецот на среќно учење од ЕДУБАЛКАН заедницата на наставници, родители и ученици. Тоа ми е една драга награда бидејќи за секоја математичка содржина изработувавме костими и маски со кои прикажувавме што учиме:

Учениците беа пресреќни, но и многу активни во текот на целиот месец. Секако овде би го спомнала изборот за ЕДУБАЛКАН наставник амбасадор на кој исто така сум посебно горда. Учествуваме и во меѓународни ЕКО проекти кои ги спроведуваме со пораки на знаци изработени во математички форми. Изработуваме новогодишни математички честитки и имаме многу други активности во кои учествуваат учениците од сите одделенија.
Вие сте ментор на наградени ученици на државно и на меѓународно ниво.
Со моите талентирани ученици учествуваме на натпреварите како на државно така и на меѓународно ниво. Како ментор сум многу горда на успесите кои ги нижат учениците и со кои го претставуваат нашето училиште на државно и меѓународно ниво. Може да се пофалиме со први места на државните натпревари, но и со голем број на златни, сребрени и бронзени медали на меѓународни олимпијади и натпревари меѓу кои би ги издвоила: JMMO, JBMO, IGO, EMC, Математика без граници… Овде би спомнала дека овие успеси позитивно влијаат врз сите ученици и ги охрабруваат и тие да се пријавуваат како на додатната настава така и на натпреварите и да и се посветат на математиката секој според своето темпо на работа, за што јас како наставник сум секогаш со нив.

Што би им порачале на идните наставници по математика?
Мојата препорака за секој иден наставник по математика би се состоела во неколку правила: бидете пример на своите ученици, постојано професионално усовршувајте се, барајте оценка за вашата работа од вашите ученици, почитувајте ги подеднакво сите и на најдобар можен начин пренесете ја љубовта кон математиката.

Интервјуираше:
Ирена Стојковска, Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
30 август 2021 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, Бидете им пример на своите ученици, постојано професионално усовршувајте се и на најдобар можен начин пренесете ја љубовта кон математиката – Интервју со Анкица Спасовска, наставник по математика, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 30 август, 2021, http://poim-pmf.weebly.com/intervju-so-ankica-spasova-nastavnik-po-matematika.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.