ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Семинар „Математика и примени“
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com

Добредојдовте !

Математичкиот портал ПОИМ е портал на Институтот за математика при
Природно-математичкиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

ПОИМ на Facebook

За порталот
Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.

СТУДИРАЈ НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАТЕМАТИКА!

Математичарите се издвојуваат со аналитичкиот начин на расудување, желбата за решавање на проблеми, практичноста и егзактноста. Биди МАТЕМАТИЧАР ! Биди дел од тимот кој ги поставува новите стандарди на современиот начин на живеење! Студирај на Институтот за математика!

АКТИВНОСТИ
Picture
ПОИМ ИЗВЕСТУВА: ОСМИ СЕМИНАР„МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“, 14 МАРТ 2025
4 април 2025
Осмиот семинар „Математика и примени“ се одржа на 14 март 2025 година во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. На семинарот беа презентирани 13 научно-популарни предавања од теориската и применетата математика, а предавачи и слушатели беа студенти, универзитетски кадар и припадници на индустрискиот сектор. Повеќе...

Picture
ДОНАЦИЈА НА КНИГИ ЗА БИБЛИОТЕКАТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАТЕМАТИКА
31 октомври 2024
Институтот за математика му благодари на проф. д-р Сашо Калајџиевски, некогашен асистент на Институтот за математика, а сега "Senior Scholar” при универзитетот на Манитоба во Винипег, Канада, во пензија,  кој на барање на Институтот, донираше четири книги на коишто тој е автор. Повеќе...

УШТЕ АКТИВНОСТИ...

ОД НАЈНОВИТЕ СОДРЖИНИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ ЗА ...

Picture

​За конусните пресеци и нивната примена  (PDF)
7 ноември 2025 година во МАТЕМАТИЧКИ ОМНИБУС (НАУКА) 
Меѓу најважните криви линии секако се кривите што се добиваат како различни пресеци на конус со рамнина, познати како криви од втор ред или конусни пресеци. Овие криви се добиваат во пресекот на исправена конусна површина со рамнина во различни положби, па оттаму и името конусни пресеци, [3]. Видот на пресекот ќе зависи и од аголот на врвот на конусот („отворот“ на конусот) и ќе имаме елипса, хипербола или парабола, според тоа дали тој агол е остар, прав или тап.  Ќе се запознавме со неколку интересни примери за заемна поврзаност на математиката и физиката.  
Труд објавен во Математички омнибус 12 (2026)

Picture
Филозофските школи за математиката (PDF)
7 ноември 2025 година во МАТЕМАТИЧКИ ОМНИБУС (НАУКА)
Филозофијата на математиката е релативно понова фило зофска дисциплина што се занимава со фундирањето и функ ционирањето на математиката како научна дисциплина. Оваа дисциплина се јавува во XIX век кога математичката јавност добива и други геометриски системи, различни од Евклидовиот, а пополека се развиваат и научните расправи за самото засно вање на математиката, особено прашањата од алгебрата, како прашањето за дефиницијата на бројот, или пак дискусиите за простите броеви или бесконечноста. Централното прашање око лу коешто се вртат дискусиите во филозофијата на математиката е тоа за математичките ентитети, односно прашањето за нивниот статус. Тука ќе се позанимаваме со основните филозофски школи што заземаат некакви ставови за математичките прашања, како што се реализмот и номинализмот, односно логицизмот и интуи ционизмот. 
​Труд објавен во Математички омнибус 12 (2026)

Picture
Доказ на Диксоновиот идентитет преку Дајсоновата формула (PDF)
7 ноември 2025 година во ​МАТЕМАТИЧКИ ОМНИБУС (НАУКА)
Диксоновиот идентитет е моќен резултат во комбинаториката и теоријата на броеви, особено важен во контекст на биномните коефициенти и хипергеометриските низи. Познат е по својот елегантен израз и врски со различни области од математиката, како што се алгебра и теорија на специјални функции. Во овој труд презентираme примена на Дајсоновата формула за докажување на Диксоновиот идентитет. 
Труд објавен во Математички омнибус 12 (2026)

Picture
Еволуција на разбирањето за концептот на бесконечноста (PDF)
30 април 2025 година во ​МАТЕМАТИЧКИ ОМНИБУС (НАУКА)
Дали бесконечноста може да се опише со конечен број зборови? Дали зборовите се доволни да го опишат концептот на бесконечноста и колку е бесконечна бесконечноста? Ова се неколку прашања кои успеале да ги збунат големите умови во минатото и продолжуваат тоа да го прават и денес. Но сепак едно нешто е сигурно. И покрај тоа што бесконечноста е физички неостварлива, замислата за неа помогнала за поставувањето и разбирањето на најфундаменталните закони во математиката и науката.
Труд објавен во Математички омнибус 12 (2026)
УШТЕ СТАТИИ...

ПОИМ СПОДЕЛУВА, СПОДЕЛЕТЕ И ВИЕ ...

Picture
27.3.2025 Абелова награда 2025
​Абеловата награда 2025 ја доби Масаки Кашивара, Универзитет во Кјото, Јапонија, за неговиот придонес кон алгебарската анализа и теорија на репрезентација, поконкретно за развој на теоријата на D-модули и откривањето на кристалните бази. Достигнувањата на Кашивара се значајни затоа што поврзуваат повеќе различни математички области, особено важно во математичките истражувања, кога некои мотоди од некоја математичка област се наоѓа начин да се применат во друга математичка област со што се доаѓа до нови сознанија и напредок во областа. Абеловата награда е најпрестижната награда на полето на математиката и се доделува еднаш годишно од страната на Норвешката академија на науки. Заедно со наградата се доделува и паричен износ од 550.000,00 фунти.
https://plus.maths.org/content/abel-prize-2025

Picture
27.3.2025 Најдено е оптималното решение на познатиот Sofa Problem
Математичар од Yonsei University, Корејa, најде оптимално решение на познатиот Sofa Problem - како да пренесеш софа преку аголот на еден аголен ходник. За ходник со плоштина 1, максималната плоштина на софата смее да биде 2.2195 (напречен пресек), за да може софата да се пренесе преку аголот.
Решението на овој проблем и изложено на повеќе од 100 страници и може да го најдете на следниот линк: https://arxiv.org/abs/2411.19826

УШТЕ ВЕСТИ ОД ПОИМ СПОДЕЛУВА...

ЦИКЛУС ИНТЕРВЈУА ПОСВЕТЕНИ НА ПРОФЕСИЈАТА НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА
август - октомври 2021
Picture
  • 25 август 2021 СОРАБОТКАТА ГО ЈАКНЕ НАШЕТО ЧУВСТВО ЗА СОЛИДАРНОСТ И ПОДДРШКА, СО ЦЕЛ ПРОФЕСИЈАТА НАСТАВНИК ДА ДОБИЕ ДОСТОЈНО И РЕСПЕКТАБИЛНО МЕСТО ВО ОПШТЕСТВОТО – ИНТЕРВЈУ СО СНЕЖАНА ЗЛАТКОВСКА, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА​
  • 30 август 2021 БИДЕТЕ ИМ ПРИМЕР НА СВОИТЕ УЧЕНИЦИ, ПОСТОЈАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЈТЕ СЕ И НА НАЈДОБАР МОЖЕН НАЧИН ПРЕНЕСЕТЕ ЈА ЉУБОВТА КОН МАТЕМАТИКАТА - ИНТЕРВЈУ СО АНКИЦА СПАСОВА, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА
  • 5 септември 2021 ПРОФЕСИЈАТА НАСТАВНИК Е МИСИЈА ЗА ПОДОБРА ИДНИНА НА ЧОВЕШТВОТО - ИНТЕРВЈУ СО АДРИЈАНА ТОДОРОВА, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА​ 
  • 14 септември 2021 ПОСТОЈАНО УЧЕТЕ И НАДГРАДУВАЈТЕ СЕ, ДАРУВАЈТЕ МНОГУ ЉУБОВ И СЕКОГАШ РАБОТЕТЕ ЗА ДОБРО НА ДЕЦАТА - ИНТЕРВЈУ СО СИЛВАНА ЈАКИМОВСКА БИНОВА, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА
  • 4 октомври 2021 БИДЕТЕ ХРАБРИ И ВЕРУВАЈТЕ: И ВО СЕБЕ И ВО ВАШИТЕ УЧЕНИЦИ-ИНТЕРВЈУ СО ФИЛИП НИКОЛОВСКИ, АСИСТЕНТ НА МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ


ЗАБАВА
„Кој ги ставил сите математички книги во делот за хорор?“
Picture
„Добивме корелација меѓу да се подседува мачка и да се биде погоден од гром.“
Picture
Буу...
Picture
УШТЕ ЗАБАВА...

​ПОИМ АНКЕТИ

Поминати ПОИМ анкети:
  • ​Математиката е ... (31)
  • ​Мојата омилена мат​ематичка задача (6)
  • ​Зошто ја сакам математиката? (138)

РЕКЛЕ ЗА ...

Математиката не е машина со која се пишуваат дефиниции, теореми и докази, и се даваат примери. Таа е многу поинтересна од тоа. - Karen Uhlenbeck, првата жена добитник на Абелова награда (2019)
ПОВЕЌЕ...

ПОИМ ИНФОРМИРА

Picture
МАТЕМАТИЧКИ ЛЕКСИКОН
Математичкиот лексикон опфаќа термини што се користат во математиката, а некои од нив − во техниката и во други научни дисциплини. Работен е со цел да им послужи на учениците и студентите во текот на учењето математика, но и на професорите по математика, инженерите и на други заинтересирани лица, чијашто работа е сврзана со примена на математиката. Содржи повеќе од 2600 насловни единици. Од нив, преку 2000 се математички термини, за кои (паралелно со македонскиот термин) се наведуваат еквивалентни термини на англиски и руски јазик, а потоа следува дефиниција или објаснение на терминот. Тој е електронско издание со слободен пристап, а е во издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
​Автори на Лексиконот се: д-р Наум Целакоски, д-р Весна Целакоска-Јорданова и д-р Емилија Целакоска. Повеќе...
​
Picture
АНГЛИСКО-МАКЕДОНСКИ РЕЧНИК НА МАТЕМАТИЧКИ ТЕРМИНИ
Во неодамна отворената Книжарница на МАНУ, која е сместена во зградата на МАНУ (на приземје), може да се набави изданието на  „Англиско-македонскиот речник на математички термини“ од авторите Наум Целакоски, Весна Целакоска-Јорданова и Емилија Целакоска, по цена од 630 денари. Книжарницата е отворена за посетители секој работен ден од 11 до 13 часот. Речникот содржи преводи од англиски на македонски јазик на повеќе од 13000 математички термини. Наменет е за математичари, инженери, студенти по математика, студенти на технички и на други факултети, како и за наставници и ученици што се упатени да се служат со математичка литература на англиски јазик.
Извадок од Речникот (pdf)

ПОИМ иницијатива:
​База на македонски интернет страници за математика

Picture
​ПОИМ иницира креирање база на македонски интернет страници за математика (интернет сајтови, блогови, Facebook страници, Facebook групи, YouTube канали). Се надеваме дека на овој начин ќе помогнеме за полесно совладување на математичките знаења, нивно утврдување, дополнување, проширување или продлабочување. Воедно ПОИМ сака да го поттикне креирањето и уредувањето на македонски интернет страници за математика со цел да придонесе за популаризација на математиката меѓу младите и пошироката јавност во Македонија. 
База на интернет страници
Пријави интернет страница

Copyright © 2015 POIM
IP Address
Unique Hits
Powered by Create your own unique website with customizable templates.