АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
ЧЕТВРТИ СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“, 13-14 ДЕКЕМВРИ 2019
Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје веќе четири години по ред ги организира семинарите „Математика и примени“. Првиот семинар се одржа во 2016 година во чест на јубилејот „70 години од постоењето на Институтот за математика и Природно-математичкиот факултет“.
Четвртиот семинар „Математика и примени“, кој се одржа на 13 и 14 декември 2019 година, се изведува во рамки на стручно-апликативниот проект на Природно-математичкиот факултет „Популаризација на математиката“. Неговата главна цел е промовирање на математичките науки меѓу младите и пошироката јавност преку збир од научно-популарни предавања и предавања за наставата по математика. Семинарот е наменет за наставниот кадар од унивезитетите и училиштата, студентите, средношколците, припадниците на општествениот сектор и пошироката јавност, затоа што математиката е наука којашто секаде е присутна и потребна.
Од работата на досегашните семинари „Математика и примени“ произлегоа шест книги со научно-популарни трудови и трудови за наставата по математика, во рамки на научно-популарната едиција „Математички омнибус“ во издание на Институтот за математика (електронско и печатено издание). Електронските верзии на овие книги се со слободен пристап од интернет страницата на Институтот за математика.
Оваа година повторно Семинарот беше од полуотворен карактер, што подразбира дека студентите и средношколците имаа слободен влез со претходно извршена навремена регистрација. На семинарот беа одржани 19 предавања, а присуствуваа околу 200 наставници и 100 студенти и средношколци (видете Список на учесници и Галерија).
За успешниот тек на Семинарот заслужни беа и водителите на секциите (по ред на појавување): проф. д-р Валентина Миовска, проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, доц. д-р Валентина Гоговска, проф. д-р Марија Михова, доц. д-р Невена Серафимова и проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ. За помош при организацијата беа заслужни ас. м-р Марко Димовски, м-р Катарина Тодоровска и студентите: Фросина Јакимовска, Благојче Колароски, Моника Златановска, Стефани Кралевска, Стефанија Кузмановска, Наталија Дамчевска, Дарко Марковски, Елена Трпкова и Викторија Нестороска.
Генерален поддржувач на Семинарот оваа година беше идавачката куќа Просветно дело АД Скопје.

Во продолжение ви ги презентираме предавањата на Семинарот, според нивниот редослед на излагање во секоја од секциите заедно со апстрактите за секое предавање. За дел од ове предавања ви ги приложуваме и презентациите, а за дел од нив во иднина ќе бидат објавени статии на ПОИМ и/или трудови во рамки на научно-популарната едиција Математички омнибус.
Секција А. (13 декември 2019 - Физички амфитеатар)
- Катарина Тодоровска, Весна Целакоска-Јорданова
Магични квадрати
(апстракт), (презентација) + (видео), (труд) - Абдула Букла, Бесник Исмаили
Примена на диференцијални равени во биологија
(апстракт), (презентација), (труд) - Анета Гацовска-Барандовска
Демографските промени низ призмата на математичките модели
(апстракт), (презентација), (труд) - Стефан Мирчевски
Техники за генерирање на случајни променливи во системиза масовно опсужување од типот M/M/n
(апстракт), (презентација), (труд) - Мартин Ѓорѓевски, Марко Карбевски
Оптимален транспорт и примени
(апстракт), (презентација) - Марко Димовски, Ирена Стојковска
Бриеровиот скор и предвидувачките турнири
(апстракт), (презентација), (труд)
Секција Б. (13 декември 2019 - Математички амфитеатар)
- Анкица Спасова, Викторија Илиеска
Професионалниот развој и работното искуство на наставникот како фактори за успешно реализирана настава
(апстракт), (презентација), (труд) - Даниела Стојановска
Неколку стратегии за мотивирање на учениците за учење математика
(апстракт), (презентација), (труд) - Валентина Гоговска
Научните методи како корисно средство во математиката
(апстракт) - Петар Соколоски
Математички школи и кампови
(апстракт) - Силвана Јакимовска-Бинова
Нерутински проблеми во наставата по математика во основно образование
(апстракт), (презентација), (труд) - Драгица Ѓавочанова, Адријана Тодорова
Математички хепенинг „Ден на бројот пи“
(апстракт), (презентација), (труд)
Секција А. (14 декември 2019 - Физички амфитеатар)
- Невена Сарафимова
Игрите Еренфојт-Фрас: За логичките искази и строгите докази
(апстракт), (презентација), (труд) - Адмир Хусеини, Ардиан Синани
Алгоритмот PageRank за пребарување интернет страници
(апстракт), (презентација) - Елена Хаџиева
Визуализација на податоци
(апстракт), (презентација), (труд) - Марија Михова
Формални граматики, автомати и нивна примена во дизајн на програмски јазици
(апстракт), (презентација), (труд)
Секција Б. (14 декември 2019 - Математички амфитеатар)
- Стојан Манолев
Математичка физика или физичка математика на часовите по физика и математика во средното образование
(апстракт), (презентација), (труд) - Игор Богданоски, Моника Богданоска
Независно учење со користење на математички алатки во OneNote
(апстракт), (презентација) - Марија Митева, Лимонка Коцева Лазарова
Пропусти во предзнаењата на стидентите и учениците забележани при изучување на предметот математика
(апстракт), (презентација), (труд)
Дел од фотографиите од работата на Четвртиот семинар „Математика и примени“ (повеќе фотографии може да најдете во Галеријата на ИМ-ПМФ):
|
Известуваат:
Проф. д-р Ирена Стојковска,
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова и
Ас. м-р Марко Димовски
Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
27 декември 2019
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, М. Димовски, Четврти семинар „Математика и примени“, 13-14 декември 2019, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 27 декември 2019, http://poim-pmf.weebly.com/cetvrti-seminar-matematika-i-primeni-mip2019.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.