ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Семинар „Математика и примени“
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

статии ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

Picture
Математиката и правото
21 август 2020 СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Потрагата по вистината и нејзиното докажување е заеднички предизвик за математиката и правото. Во математиката, основните поими и аксиоми се темел на изведените тврдења. Секоја друга вистина е во согласност со другите, добиена по пат на логичко заклучување. Дали уредниот и сеопфтен доказ кој математичарите сакаат да го прочитаат за да бидат убедени во кажувањето на теоремите е завршниот говор на правните случаи кон којшто целат адвокатите?
Download (PDF)​
Picture
Приказ на извод на функција со динамички софтвер
15 април 2019 во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
​Толкувањето на извод како стрмност на функција е интуитивно и визуелно разбирливо. Терминот стрмност потсетува на планинарење, од каде следува следната паралела: Еден пат по планина може да се следи како график на функција. Аналогно, правецот на движењето по планината / патот наликува на тангента која се движи по крива. Чувството на планинарот за стрмност во одредена точка од патот, соодветствува на коефициентот на правец на тангентата.
Download (PDF)
Picture
GeoGebraTube - онлајн учебници за полесно совладување на геометријата
10 мај 2018 во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Чувањето на однапред подготвените е-содржини за час често пати претставува проблем. Едноставно се губиме во морето од лекции, наставни ливчиња, картички и се' друго што е неопходно за успешна реализација на еден час. Во поглед на геометријата постои извонредна платформа за изработка,чување и споделување материјали со колеги од целиот свет: GeoGebraTube.
Download (PDF)
Picture
Имиња на германски, руски и холандски математичари на македонски јазик
5 јуни 2017 ​во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Како е правилно: Мобиус или Мебиус, а се однесува на August Ferdinand Möbius (1790-1896)? Годел или Гедел, а се однесува на Kurt Friedrich Gödel  (1906 -1978)? Бунјаковски или Буњаковски, а се однесува на Вик­­тор Яковлевич Буняковский (1804-1889)? Стилтес или Стилтјес, а се однесува на Tho­mas Joannes Stieltjes (1856-1894)? Како правилно треба да се изговараат соодветните математички поими и тврдења кои се именувани според овие математичари?
​Download (PDF)
Picture
Има ли врска колумбовото јајце со математиката?
10 април 2017 ​во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
„Колумбовото јајце“ е убава стара приказна која со себе носи порака за учењето и постигнувањата. Дознајте ја приказната, но и врската на „колумбовото јајце“ со математиката. Прочитајте за разните начини на изработка на „колумбовото јајце“ и како да го искористите за вежбање на креативноста. 
​​
Download (PDF)
Picture
Паркетирање со петаголници
20 февруари 2017 ​во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Ако една рамна површина може да се покрие користејќи само идентични копии на една иста рамнинска фигура, без да се остава простор измеѓу и без да има преклопување, тогаш велиме дека таа фигура ја паркетира рамнината. Правилен петаголник не може да паркетира рамнина, но тоа може да се направи со помош на некои неправилни конвексни пет­агол­ници. Дознајте со кои петаголници може да се паркетира една рамна површина. ​
Download (PDF)
Picture
Имиња на француски математичари на македонски јазик
23 декември 2016 ​во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Како правилно би ги именувале и запишале имињата на некои француски математичари, придржувајќи се до правописните правила на македонскиот лите­­ратурен јазик: Фурие или Фурје, а се однесува на Jean Baptiste Jo­seph Fourier (1768-1830)? Галуа или Галоа, а се однесува на Évariste Galois (1811-1832)? Пуасон или Поасон, а се однесува на Siméon Denis Poisson (1781-1840)? Па, соодветно и математичките поими кои се именувани според овие математичари.
​Download (PDF)
Picture
Имиња на англиски математичари на македонски јазик
18 ноември 2016 ​во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Во историјата на човештвото постојат многу математичари кои озвоз­мо­­жиле да се унапреди нашето сфаќање за математиката. Имињата на не­кои од нив се составен дел од називи на теореми, некои се спомнуваат како имиња на разни матема­тич­­ки објекти, а некои формули ги носат нив­ните имиња. Но, како правилно би именувале некои од англиските математичари, придржувајќи се до правописните правила на македонскиот лите­­ратурен јазик: Баес, Бејес или Бејз, а се однесува на Thomas Bayes (1701-1761)? Тајлор или Тејлор, а се однесува на Brook Taylor (1685-1731)? Маклорен или Меклорин, а се однесува на Colin Maclaurin (1698-1746)? 
​Download (PDF)
Picture
Именувањето на дропките во македонскиот јазик
28 октомври 2016 ​во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Како би ја именувале дропката 1/10: „една десетина“, „една десеттина“, „една десетинка“ или „една десеттинка“? Во математиката се настојува секој термин да биде еднозначен, па во таа смисла, важно е името на дропката да не содржи други значења освен ед­но - „математичкото“. Но, прецизното изразување и во „обичната ко­му­никација“ не би пречело, напротив, често би било и корисно.
​Download (PDF)
Picture
Паскалов триаголник - конструкција, шеми од броеви и примени 
4 јуни 2015 во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Паскалов триаголник е бесконечен аритметички триаголник составен од броеви распоредени по редици, според одредено правило, почнувајќи од бројот 1 на врвот. Иако Паскаловиот триаголник лесно се конструира, тој во себе содржи многу различни шеми од броеви, од кои некои се едноставни, но изненадувачки, а некои се сложени.
Download (PDF)
Picture
Танграми: Поглед кон математиката на еден креативен начин 
11 јануари 2015 во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Танграмите се еден вид сложувалки, од типот на дисекции, односно фигура исечена на делчиња, а потоа од делчињата со преместување се формира нова фигура. Во случајот на танграмите, почетната фигура е квадрат, со точно одреден начин на на кој треба да се исечат делчињата. Танграмите се одличен избор за проучување на својствата на геoметриските фигури и соодносот меѓу различни фигури по вид и големина.
Download (PDF)
Picture
Како се читаат големите броеви 
1 јануари 2015 во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Можеби се сеќавате на приказната каде што паметното момче треба да одговори на прашањето што му го поставил кралот: „Колку ѕвезди има на небото?“ И ако не одговори, ќе му летне главата. Одговорот на момчето бил: „Ѕвезди на небото има толку колку што има капки вода во морето. Ако не верувате, пребројте ги!“
Download (PDF)
Picture
Парадокси: Кога вистината е лага, а лагата е вистина 
28 декември 2014 во СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
После долго испрашување наставникот се нашол во дилема која оценка да му ја напише на ученикот бидејќи тој на моменти одговарил за 5, а на моменти за 4. Затоа го прашал ученикот: „Ако погодиш која оценка ќе ти ја напишам, ќе добиеш 5, а ако не погодиш ќе имаш 4“. Ученикот рекол: „Кога наставниците се двоумат меѓу две оценки, тогаш најчесто се одлучуваат за полошата оценка. Тоа значи дека вие ќе ми напишете 4“. По оваа изјава на ученикот, наставникот требало да донесе одлука, но неговата дилема станала пострашна. Зошто?
Download (PDF)

Copyright © 2015 POIM
IP Address
Unique Hits
Powered by Create your own unique website with customizable templates.