ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

АКТИВНОСТИ

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

МАКЕДОНСКИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ ЗА МАТЕМАТИКА

Picture
ПОИМ иницира креирање база на македонски интернет страници за математика. Се надеваме дека на овој начин ќе им помогнеме на учениците и студентите полесно да ја совладаат математиката почнувајќи уште од прво одделение, низ целото нивно основно и средно образование, независно од тоа која насока ја одбрале, па и за време на нивните студии, бидејќи математиката е присутна во најголемиот број од студиски програми на факултетите. Се надеваме дека корист од овие страници ќе имаат и родителите и наставниците и сите оние кои ќе сакаат да ги утврдат, дополнат, прошират или продлабочат своите математички знаења.

Воедно ПОИМ сака да го поттикне креирањето и уредувањето на македонски интернет страници за математика со цел да придонесе за популаризација на математиката меѓу младите и пошироката јавност во Македонија.

Со кликање на следното копче, може да пристапите кон базата на македонски интернет страници за математика:

Македонски интернет страници за математика

​​Вашата интернет страница за математика (интернет сајт, блог, Facebook страница, Facebook група, YouTube канал) може да ја пријавите со пополнување на следната форма:
​

    ПРИЈАВЕТЕ ВАША ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА ЗА МАТЕМАТИКА

    Доколку интернет страницата има повеќе автори, наведете ги нивните имиња во полето со Опис на интернет страницата, а тука внесето го името на првиот автор.
    Вашиот e-mail НЕМА да биде објавен заедно со информациите за Вашата интернет страница. E-mail адресата ќе ни треба за да ве контактираме.
Прати

Вашата интернет страница може да ја пријавите и преку e-mail на адреса pоimpmf@gmail.com, или на адресата на некој од уредниците на ПОИМ (види Контакт), со назнака Македонска интернет страница за математика.
​
Подготвиле уредниците на ПОИМ: 
Проф. д-р Ирена Стојковска,
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова

Обjавено на:
10 јануари 2017 година

Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, Македонски интернет страници за математика, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 10 јануари 2017, ​http://poim-pmf.weebly.com/prijavuvanje-na-makedonski-internet-stranici-za-matematika.html
Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.

Copyright © 2015 POIM
Powered by Create your own unique website with customizable templates.