АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА ЛУКА ХАЏИ ЈОРДАНОВ НА SEEMOUS2022, 27.мај-1.јуни 2022, Палиќ, Србија

Во периодот од 27. мај - 1. јуни 2022, во Палиќ, Србија се одржа 16. Меѓународен студентски натпревар по математика SEEMOUS2022 на кој нашиот студент Лука Хаџи Јорданов освои СРЕБРЕН МЕДАЛ во конкуренција со екипи од 7 универзитети од Романија, 4 универзитети од Грција, 2 универзитета од Бугарија и 2 универзитета од Србија со по максимум 6 учесници од универзитет. Водач на нашата екипа беше проф. д-р Никита Шекутковски од Институтот за математика при ПМФ, Скопје.
Учеството на натпреварот беше целосно поддржано и покриено од Сојузот на математичари на Македонија и Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Честитки за успехот и достојното претставување на Институтот за математика, Природно-математичкиот факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и нашата држава.
Многу поголеми успеси во иднина!

Информира:
Проф. д-р Никита Шекутковски, Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
31 мај 2022 година
Начин на цитирање на статијата:
Н. Шекутковски, Сребрен медал за Лука Хаџи Јорданов на SEEMOUS2022, 27.мај-1.јуни 2022, Палиќ, Србија, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 31 мај, 2022, http://poim-pmf.weebly.com/srebren-medal-za-luka-hadzi-jordanov-na-seemous2022.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.