АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
СЕДМИ СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“, 15 март 2024
Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје традиционално го организира семинарот „Математика и примени“. Првиот семинар се одржа во 2016 година во чест на јубилејот „70 години од постоењето на Институтот за математика и Природно-математичкиот факултет“. Од работата на досегашните семинари „Математика и примени“ се обајвуваат и електронски и печатени зборници на трудови со научно-популарни тематика (а до 2022 година и трудови за наставата по математика), во рамки на научно-популарната едиција „Математички омнибус“ во издание на Институтот за математика. Електронските верзии на овие книги се со слободен пристап од интернет страницата на Институтот за математика.
Седмиот семинар „Математика и примени“, се одржа на 15 март 2024 година. Тој е поддржан од Природно-математичкиот факултет и Инстутутот за математика. Неговата главна цел е промовирање на математичките науки меѓу младите и пошироката јавност преку збир од научно-популарни предавања од областа на теориската и применетата математика. Семинарот од минатата година е наменет за студентите и наставниот кадар на унивезитетите од земјава, но и за сите коишто сакаат да ги претстават своите трудови од споменатите области. Оваа година, на семинарот, чијашто програма се одвиваше во математичкиот амфитеатар, беа одржани 19 предавања. Покрај студенти и професори од ПМФ и други факултети на УКИМ, имаше и учесници од други универзитети, но и наставници по математика од основни, односно од средни училишта.
За успешниот тек на Семинарот беа заслужни и водителите на секој од блоковите: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, м-р Стево Ѓоргиев, проф. д-р Ирена Стојковска и проф. д-р Невена Серафимова. Помошта што ни ја пружија неколку студенти од II година на студии на Институтот за математика: Андреа Главинческа, Христина Митреска, Елена Вишиноска, Јована Крстиќ, Марија Сталевска, Јована Цветковска и Софија Вучиниќ, како и асистентите Ерблина Зеќири и Стево Ѓоргиев, при спроведувањето на овој настан, беше непроценлива. Тие вложија огромен труд за целата работа да се одвива усогласено и без застој. Најголемиот дел од фотографиите што ќе бидат споделени во галеријата се дело на Андреа Главинческа и Христина Митреска.
Од срце им благодариме на сите учесници и посетители коишто овој настан го направија интересен и достоен за паметење.

Во продолжение ви ги презентираме предавањата на Семинарот, според нивниот редослед на излагање во секој од блоковите заедно со апстрактите од секое предавање. За дел од овие предавања ви ги приложуваме и презентациите, а за дел од нив во иднина ќе бидат објавени статии на ПОИМ и/или трудови во рамки на научно-популарната едиција Математички омнибус.
БЛОК 1.
1. Ирена Стојковска, ПМФ-Скопје, Институт за математика
СВЕТОТ НА МАТЕМАТИЧКИТЕ ЗАГАТКИ
(апстракт), (презентација)
2. Ерблина Зеќири, ПМФ-Скопје, Институт за математика
РОБУСТНА РЕГРЕСИЈА
(апстракт), (презентација)
3. Филип Николовски, Машински факултет-Скопје
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ФУНКЦИИ ОД ЕДНА ПРОМЕНЛИВА СО МЕТОД НА ЗЛАТЕН ПРЕСЕК
(апстракт), (презентација)
4. Никола Ристевски, Филозофски факултет, Скопје
ФИЛОЗОФСКИТЕ ШКОЛИ ЗА МАТЕМАТИКАТА
(апстракт), (презентација)
5. Стево Ѓоргиев, ПМФ-Скопје, Институт за математика
НЕКОИ ПРОБЛЕМИ ОД ТЕОРИЈАТА НА ВЕРОЈАТНОСТ

БЛОК 2.
1. Стојан Манолев, СОУ „Гоце Делчев“, Валандово
ЗА КОНУСНИТЕ ПРЕСЕЦИ И НИВНАТА ПРИМЕНА
(апстракт), (презентација)
2. Виолета Цветкоска, Бојан Китановиќ, Иван Тренчев, Петар Јанев, Симона Митрева, Дарко Илиевски,
Марина Наумоска, Економски факултет, Скопје
КАКО ДО ОПТИМИЗАЦИЈА И ИНТЕГРАЦИЈА НА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА:
АНАЛИЗА ПРЕКУ СИМУЛАЦИЈА И АНАЛИТИЧКИ ХИЕРАРХИСКИ ПРОЦЕС
(апстракт), (презентација)
3. Катерина Трајковска, ОУ „Св. Климент Охридски“, Битола
ВРСКА ПОМЕЃУ ДАЈСОНОВОТО ОБОПШТУВАЊЕ И ДИКСОНОВИОТ ИДЕНТИТЕТ
(апстракт), (презентација)
4. Моника Симова, ПМФ-Скопје, Институт за математика
ХИЕРАРХИСКО КЛАСТЕРИРАЊЕ И НЕГОВА ПРИМЕНА ВО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА
ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ЗА НАУКА
(апстракт), (презентација)
5. Ива Лазова, Весна Целакоска-Јорданова, ПМФ-Скопје, Институт за математика
ВРСКА МЕЃУ СОПСТВЕНИТЕ ВРЕДНОСТИ И ТРАГАТА НА МАТРИЦАТА
НА ЛИНЕАРНО ПРЕСЛИКУВАЊЕ

БЛОК 3.
1. Стефан Мирчевски, Европски универзитет, Скопје
Верица Бакева, ФИНКИ, Скопје
СПОРЕДБА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СИСТЕМИ ЗА МАСОВНО ОПСЛУЖУВАЊЕ
ОД ТИПОТ М/ E2 / l И M/ Hypo2/ l
(апстракт), (презентација)
2. Невена Серафимова, Воена академија, Скопје
ШЕМИ И ИГРИ ЗА ПОДЕЛБА НА ТАЈНА
(апстракт), (презентација)
3. Огнен Пендаровски, Катерина Хаџи-Велкова Санева, ФЕИТ, Скопје
СИМПСОНОВИОТ ПАРАДОКС И НЕГОВОТО ЗНАЧЕЊЕ
(апстракт), (презентација)
4. Зехра Ебиби, ПМФ-Скопје, Институт за математика
МОДИФИКАЦИЈА НА ЗАГАТКАТА ХАНОЈСКА КУЛА
(апстракт), (презентација)
5. Ана Софрониевска, Даниела Стојческа, Катерина Хаџи-Велкова Санева, ФЕИТ, Скопје
ЕВОЛУЦИЈА НА РАЗБИРАЊЕТО НА КОНЦЕПТОТ ЗА БЕСКОНЕЧНОСТ

БЛОК 4.
1. Дафина Шекутковска
ПРЕДИКЦИЈА НА УРАГАНИ ПРЕКУ НОВ НАЧИН НА АНАЛИЗА НА ТРАЕКТОРИЈАТА
И СИМУЛАЦИЈА СО ПОДАТОЦИ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ СО PYTHON
(апстракт), (презентација)
2. Гордана Николовска, Меѓународни училишта НОВА, Скопје
ДИНАМИЧКИ ПРОЦЕС НА ГРАФ - СТРЕЛБА СО ЖЕТОНИ
(апстракт), (презентација)
3. Илија Јовчески, ПМФ-Скопје, Институт за математика
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ТОРУСИ СО ПОВЕЌЕ ДУПКИ КАКО ПОВРШИНИ
СО КОНСТАНТНА НЕГАТИВНА ГАУСОВА КРИВНА
(апстракт), (презентација)
4. Христина Митреска, ПМФ-Скопје, Институт за математика
ПОБЕДНИЧКА СТРАТЕГИЈА ВО ПОВЕЌЕДИМЕНЗИОНАЛНА ИКС-ТОЧКА

Се надеваме дека сите што присуствуваа, и предавачите и слушателите, ќе задржат убави спомени од оваа средба и дека во иднина повторно ќе се јават за учество на некое ново издание на Семинарот со свое излагање на некоја интресна научно-популарна тема и ќе го збогатат овој настан со своето присуство и конструктивни дискусии на презентираните теми.
Дел од фотографиите од работата на Седмиот семинар „Математика и примени“ (повеќе фотографии може да најдете во Галеријата на ИМ-ПМФ):
Известуваат:
Проф. д-р Ирена Стојковска и
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова
Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
22 март 2024 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, Седми семинар „Математика и примени“, 15 март 2024, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 22 март 2024, http://poim-pmf.weebly.com/sedmi-seminar-matematika-i-primeni-mip2024.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.