ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

АКТИВНОСТИ

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2019

Picture
​Во текот на месец ноември 2019 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа манифестацијата за популаризација на природните науки и математиката „Ноември - Месец на науката“ 2019 во организација на Македонското географско друштво (МГД), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. Овој настан беше наменет за учениците од основните и средните училишта, наставниците, но и за пошироката јавност. Реализацијата на настанот беше во три дена од три викенда (16 ноември 2019 за ученици од I-VI одд, 23 ноември 2019 за ученици од VII-IX одд. и 30 ноември 2019 за ученици од I-IV год). Преку организирани предавања, натпревари во експерименти, работилници и посети на лабаратории, сите кои присуствуваа на оваа манифестација придонесоа за популаризација на природните науки и математиката. За време на натпреварите по експерименти, манифестацијата беше отворена за посетители од надвор во секој од деновите од 11 до 13 часот.

Од областа на математиката беа одржани следните предавања:
16.11.2019 (сабота), I-VI одд.
  • Валентина Гоговска, ИМ, ПМФ -  Научни методи во наставата по математика (апстракт)
23.11.2019 (сабота), VII-IX одд.
  • Петар Соколоски, ИМ, ПМФ - Броеви на Фибоначи (апстракт) ​
Во секој од трите викенда се одржаа натпревари во презентација на проекти по математика. На овие натпревари учествуваа вкупно 43 ученици, по еден ученик на проект. Презентираните проекти оставија голем впечаток на комисиите, кои забележаа дека учениците и нивните ментори максимално се вложиле во изработките и презентациите. Најуспешните добија и награди:
Наградени демонстрации по математика I-VI одд (16.11.2019)
(во натпреварот учествуваа: 1 демонстрација од III одд., 1 демонстрација од IV одд., 10 демонстрации од V одд. и 4 демонстрации од VI одд.)
I награда 
  • „Составување магични квадрати, супермагичен квадрат и магична коцка“ - Горјан Николовски IV одд., ОУ „Јоаким Крчовски“, Крива Паланка, ментор: Јагода Ангеловска
  • „Прости и сложени броеви“ - Никола Стојковски V одд., ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје, ментор: Марија Ѓорѓиевска
II награда
  • „Множење со примена на различни методи (стратегии)“ - Јована Малинова V одд., ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип, ментор: Маја Митевска-Поцева
III награда
  • ​„Мерење висина на стебло“ - Стефан Камчев V одд., ООУ „Деимче Ангелов Габерот“, Демир Капија, ментор: Валентина Тодорова
  • „Математиката во фабрика“ - Екатерина Хаџиска VI одд., ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино, ментор: Силвана Миладинова
  • „Математиката во географските поими“ - Лилјана Лазова VI одд., ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино, ментор: Силвана Миладинова  
​Комисија: доц. д-р Валентина Гоговска и ас. м-р Марко Димовски.

Наградени демонстрации по математика VII-IX одд (23.11.2019)
(во натпреварот учествуваа: 8 демонстрации од VII одд., 3 демонстрации од VIII одд. и 3 демонстрации од IX одд.)
I награда
  • „Поинакво множење на броеви“- Илија Иванов VII одд., ООУ „Крсте Мисирков“, Гевгелија, ментор: Виолета Точева
II награда
  • „Чудни форми и луда железница од само една лента“ - Мелани Пешова VIII одд., ООУ „Страшо Пинџур“, Карбинци, ментор: Силвана Јакимовска Бинова
III награда
  • „Правилни полиедри. Зошто пет?“ - Дамјан Зимбаков IX одд, ООУ „Гоце Делчев“, Босилово, ментор: Цвета Спасковска
  • „Употреба на математиката во анимираните филмови“ - Христина Ванчова IX одд., ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино, ментор: Катерина Јаневска
​Комисија: проф. д-р Валентина Миовска и доц. д-р Анета Гацовска-Барандовска.

Наградени демонстрации по математика I-IV год (30.11.2019)
(во натпреварот учествуваа: 11 демонстрации од I год., 1 демонстрација од II год.и 1 демонстрација од IV год.)
I награда
  • „Бесконечен хотел“ - Азизе Сулејмани I год., Маариф Меѓународни Училишта, с. Долно Седларце, Брвеница, ментор: Дујгу Речани
II награда
  • „Математички крстозбор“ - Мирјана Чавдарова I год., СОУ „Богданци“, Богданци, ментор: Дијана Узунова
  • „Загатката: Седумте мостови на Кенинсберг“ - Евгенија Пандова IV год., СОУ „Методи Митевски Брицо“, Делчево, Васка Пандова
III награда
  • „Примена на талесовите теореми во секојдневниот живот“ - Василка Југова I год., СОУ Гим. „Кочо Рацин“, Велес, ментор: Мариче Лазаровска
  • „Математика во архитектурата“ - Елена Петковска I год., ПСУ САБА, Битола, ментор: Мартина Манивиловска
Комисија: проф. д-р Ѓорѓи Маркоски и проф. д-р Ирена Стојковска.
Во категоријата Статии од Месецот на науката објавуваме статии произлезени од експериментите по математика презенирани на манифестациите „Ноември - Месецот на науката“.
Во првиот ден наменет за најмалите ученици I-VI одд, се реализираше и работилница по математика насловена „Математиката е повеќе од бројки: 3Д Сома сложувалка“ под водство на проф. д-р Ирена Стојковска.
Известува: 
Проф. д-р Ирена Стојковска, 
Институт за математика, ПМФ, Скопје
​
Обjавено на:
03 декември 2019
​
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, „Ноември - Месец на науката“ 2019, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 03 декември 2019, http://poim-pmf.weebly.com/noemvri-mesec-na-naukata-2019.html
Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.

Copyright © 2015 POIM
Home Remedies For Wrinkles
Powered by Create your own unique website with customizable templates.