АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
ВТОР СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“, 6-7 ДЕКЕМВРИ 2017
На 6 и 7 декември 2017 година, на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа Вториот семинар „Математика и примени“. По успешно одржаниот Прв семинар минатата година, овогодишниот Семинар беше насочен кон две цели: првата - промовирање на математичките науки меѓу учениците и студентите преку научно-популарни предавања и втората - унапредување на наставата по математика во основните и во средните училишта. Предавањата ги држеа професори, асистенти и студенти од неколку факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Природно-математичкиот, Машинскиот и Градежниот факултет), потоа од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и од Универзитетот за информациско-комуникациски технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и професори и наставници од средните и основните училишта од Република Македонија. Семинарот го отвори Деканот на Природно-математичкиот факултет, проф. д-р Ицко Ѓоргоски, а со поздравни зборови до учесниците се обратија Раководителот на Институтот за математика, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски и Главниот координатор на Семинарот, проф. д-р Ирена Стојковска.
Научно-популарниот дел се состоеше од 10 научно-популарни предавања, во кои беа презентирани разни математички проблеми, нивната примена во разни области - не само во математиката, туку и во инженерските и економските науки. Наставниот дел се состоеше од 23 предавања, при што наставниците добија можност да ги пренесат своите искуства стекнати во училниците и слободно да дискутираат за разни начини (методи и модели) за изведување на наставата, за успешноста и меѓусебната компатибилност на наставните планови и програмите што во текот на последните години се применуваат во основните и во средните училишта во земјава.
За успешниот тек на Семинарот заслужни беа и водителите на секциите (по ред на појавување): доц. д-р Анета Гацовска-Барандовска, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, проф. д-р Ирена Стојковска, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, д-р Петар Соколоски и доц. д-р Валентина Гоговска. За техничката поддршка беа заслужни ас. м-р Марко Димовски, м-р Милена Кузманоска (советник за библиотечно работење на ИМ), Стефан Терпини (самостоен референт за ИКТ на ПМФ), Олгица Андова (самостоен референт за деловно работење на ИМ) и студентите: Арбан Иљази, Тамара Стефановска, Александра Начкоска и Милош Каранфоловиќ.
Семинарот беше масовно посетен (околу 400 учесници), а се доделија сертификати и за предавачите и за учесниците (Список на учесници и Галерија).

Подолу издвојуваме и неколку мислења и коментари што ги добивме од неколку учесници на Семинарот:
- ... Сакам да ви честитам на сите во тимот за одличната организација на семинарот и упорноста со која опстојувате на оваа одлична идеја за промовирање на математиката и нејзиното значење. Во однос на дискусијата за формата на организирање, мислам дека треба да остане како што е во моментов (макар и да се потребни 2, па и 3 дена, во случај интересот да расте, што мислам дека ќе се случува. Енергијата што се генерира кога ќе се соберат повеќе луѓе одеднаш има посебен ефект на синергија, штета е да се линеаризира со диференцирање. :)
- Невена Серафимова, Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“, Скопје - Честитки за организацијата. Идејата за популаризација на математиката да продолжи.
- Филип Младеновски, професор по математика во СОУ Гим. „Гоце Делчев“, Куманово - Благодарност за поканата за Семинарот, искуството е прекрасно, поминавме убаво, интересни беа сите теми. Искрено не очекував теми кои ја обработуваат проблематиката на ученици со посебни образовни потреби, но бев пријатно изненадена.
- Светлана Миоковиќ Томеска, дипломирам дефектолог, дипломиран логопед, ООУ „Климент Охридски“, Прилеп
Во продолжение ви ги презентираме предавањата на Семинарот, според нивниот редослед на излагање во секоја од секциите заедно со апстрактите за секое предавање. За дел од ове предавања ви ги приложуваме и презентациите, а за дел од нив во иднина ќе бидат објавени статии на ПОИМ и/или трудови во рамки на научно-популарната едиција Математички омнибус.
Секција А. (6 декември 2017 - Физички амфитеатар)
- Елена Хаџиева, Јован Петкоски
Фрактали: дефиниција, конструкција, својства и примена
(апстракт), (презентација) (труд) - Костадин Тренчевски
Зошто чиграта опишува кружно движење?
(апстракт), (презентација) (труд) - Ирена Стојковска
Законот на Бенфорд за првата значајна цифра
(апстракт), (презентација) (труд) - Марко Димовски
Окамовото сечило низ перспективата на Бејзовата статистика
(апстракт), (презентација) (труд) - Ерблина Зеќири
Простор на конфигурации на тополошки простор и негова примена во роботиката
(апстракт), (презентација) (труд) - Невена Серафимова
Затвореничка дилема: контекст, предизвици, варијации
(апстракт), (презентација) (труд) - Емилија Целакоска
За нормалните и абнормалните реални броеви
(апстракт), (презентација) (труд) - Елена Атанасовска
Моделирање на Конвејовата игра „Живот“
(апстракт), (презентација) (труд) - Филип Николовски
Нумеричка апроксимација на извод на функција од реална променлива
со помош на имагинарен чекор
(апстракт), (презентација) (труд) - Љупчо Настовски, Билјана Начевска
Моќта и немоќта на очигледното во математиката
(апстракт) (труд)
Секција Б. (6 декември 2017 - Математички амфитеатар)
- Лидија Кондинска
Меѓународни тестирања на ученици од основните и средните училишта
предизвик за Р. Македонија
(апстракт), (презентација), (труд) - Светлана Миоковиќ Томеска
Асистивна информатичка технологија и совладување на математиката кај ученици со посебни образовни потреби
(апстракт), (презентација) - Радица Каровиќ, Валентина Костиќ
Квизот „Мост на математиката“
(апстракт), (презентација) - Ана Мицковска-Ралева
Средношколците и природните науки: Анализа на ставовите и перцепциите од родов аспект
(апстракт), (презентација) - Николина Ѓорчевска
Математички активности за поттикнување меѓуетничка интеграција
(апстракт), (презентација), (труд) - Игор Богданоски, Моника Богданоска
Користење на форумите во Мoodle во наставата по математика
(апстракт), (презентација), (труд)
Секција Б1. (7 декември 2017 - Математички амфитеатар)
- Даниела Димишковска
Специфични тешкотии во учењето математика - дискалкулија
(апстракт), (презентација) - Адмир Хусеини
Глобална недела на математиката – искуства и лекции
(апстракт), (презентација), (труд) - Валентина Палифрова
Влијанието на условите во семејството врз интересот на учениците за предметот математика
(апстракт), (презентација), (труд) - Даниела Стојановска
Интерактивни алатки во наставата по математика
(апстракт), (презентација), (труд) - Тошо Мицевски, Деан Живковски
Платформа за онлајн часови во виртуелна средина ТeachHoot.com
(апстракт) (презентација) - Ѓорѓи Маркоски
Визуализација на поимот низа од реални броеви, гранична вредност на низа и некои својства
(апстракт) (презентација), (труд) - Маријана Димитриевска, Филип Младеновски
Со какви предзнаења по математика учениците од IX одделение преминуваат во I година средно училиште?
(апстракт), (презентација), (труд) - Валентина Палифрова
Компарација на наставните теми Геометриски тела и Геометрија и решавање проблеми за IX одделение
(апстракт), (презентација), (труд) - Зоран Мисајлески
Усвојување на методите за решавање системи од три линеарни равенки со три непознати и решавање кубна равенка
(апстракт)
Секција Б2. (7 декември 2017 - Физички амфитеатар)
- Тања Бајрактарова Веда
Совладување на наставните содржини по математика во одделенската настава преку приказни и театарски претстави
(апстракт), (презентација), (труд) - Билјана Божиновска
Како синдромот дислексија влијае на постигнувањата на учениците во математиката
(апстракт), (презентација), (труд) - Гордана Анастасова, Снежана Стојанова, Билјана Танева Јаковски
Примена на математика со размислување во почетните одделенија
(апстракт), (презентација), (труд) - Адријана Тодорова
Геометриски трансформации на геометриски фигури преку работни листови и видео лекции
(апстракт), (презентација), (труд) - Јасмина Маркоска
Примена на е-технологии во училница
(апстракт), (презентација), (труд) - Јилмаз Деликташ
Општи карактеристики на идните образовни системи и нови образовни трендови во денешните училници
(апстракт), (презентација) - Валентина Гоговска
Поттикнување на математичката креативност
(апстракт), (презентација) - Петар Соколоски
Некои примени на равенките во решавање на практични проблеми, најчести грешки во нивното решавање и како да се избегнат
(апстракт)
Ова се дел од фотографиите од работата на Семинарот (повеќе фотографии може да најдете во Галеријата на ИМ-ПМФ):
|
Известуваат:
Проф. д-р Ирена Стојковска,
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова и
Ас. м-р Марко Димовски
Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
18 декември 2017
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, М. Димовски, Втор семинар „Математика и примени“, 6-7 декември 2017, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 18 декември 2017, http://poim-pmf.weebly.com/vtor-seminar-matematika-i-primeni-mip2017.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.