АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
Професијата наставник е мисија за подобра иднина на човештвото - ИНТЕРВЈУ СО адријана тодорова, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА
Наставник е професијата која е создавач на сите други професии, а наставниците се најодговорните и најважните членови на општеството, затоа што нивните професионални вложувања влијаат на иднината на тоа општество.
Овој циклус на интервјуа го посветуваме на професијата наставник по математика. Неколку успешни наставници ќе ни ги отворат своите срца и ќе се обидат да ни го доловат сопственото професионално искуство, што значи да се биде наставник по математика. Нашиот трет соговорик е Адријана Тодорова, наставник по математика во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци.
Каде го стекнавте своето образование и зошто ја одбравте професијата наставник по математика?
Своето образование го завршив на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на групата математика-физика. Како наставник математика работам 18 години. Во своето работно искуство научив дека нема невозможни работи кога станува збор за децата. Всушност тоа ми беше и почетно мото, да успеам да допрам до секое дете, да го најдам соодветниот пристап за да можат децата да научат математика. Со истата мисла се водам и денес и тоа е она коешто ме мотивира да работам и постојано професионално да се надоградувам.
Што ве инспирираше да работите како наставник по математика?
Математиката отсекогаш ја сакав. Таа љубов кон математиката се продлабочи благодарение на наставничката по математика во основно образование, којашто беше упорна и амбициозна, максимално посветна на својата работа. Според мене да се биде наставник не е само работа, тоа е начин на живеење. Учениците стануваат дел од животот на секој наставник во период додека се ученици, но и по тоа. Секојдневниот контакт (дружење) со деца е она кое што ме одржува во ова професија. Кога доаѓаат во шесто одделение, тие сеуште се мали, несигурни. Периодот од четири години во којшто гледам како растат, како се оформуваат во личности, како се развива нивното логичко размислување, нивното несебично споделување на својата искрена љубов кон нас, кога гледам како нивниот математички свет се проширува, тоа ме исполнува и ми дава сила и мотив за понатамошна работа. Фактот дека сум им помогнала да научат, дека сум придонела да ја засакаат математиката или дека сум имала влијание во нивната идна професија - исполнува. Признанијата од учениците ми се најдраги. Секојдневно среќавам некогашни ученици кои веќе станале возрасни луѓе и професионални во својата професија и за кои се' уште сум наставничката по математика.
Со кои активности им го правите учењето математика поинтересно на учениците и како тие тоа го прифаќаат?
Учениците доаѓаат на училиште со идејата дека математиката е тешка и тоа е проблем. Кај дел од нив тој страв е надминат по почетните одделенија. Но, има деца кои заради предрасуди, потешкотии во совладувањето на материјата имаат страв и одбивност кон предметот. За таа цел кога се запознаваме во шесто одделение учиме математика преку активности и ја согледуваме универзалноста на математиката. Наставните содржини ги адаптирам за да можеме да излеземе во школскиот двор или пак во холот на училиштето со цел да видат дека математика може секаде да се учи и дека научените знаења се применливи. Во школскиот двор цртаат различни многуаголници врз основата од квадратни плочки, цртаат соодветен координатен систем со цел да си дадат соодветни насоки, бараат осносиметрични фигури во природата... Како интересна активност би ја издвоила активноста пресметување на обемот на Земјата по меридијан, односно учество во Ератостеновиот експеримент, кој е глобален настан и во којшто секогаш земам учество со моите ученици, а при тоа имаме партнери од училишта коишто лежат на истиот меридијан. Настанот се одржува два пати годишно на пролетната и есенската рамноденица. Досега имавме партнер училишта од Србија и Романија. Учениците разменуваат искуства и резултати од мерењата и притоа се спријтелуваат со децата од партнер училиштата. Подетално настанот е опишан во стручниот труд Ератостенов експеримент, објавен во Математички омнибус, книга 6.
Но, интересни активности правиме и во училница. Изработуваме различни 3Д форми, украси, правиме рецепти за во кујна...

Може ли да ни кажете повеќе за Вашите активности во поглед на наставата преку проектни активности?
Кога учениците се веќе седмо одделение учењето преку игра се заменува со учење преку проект. Целите од една или од две теми ги интегрирам во еден проект и тековно, додека ги сработуваат задачите за реализација на проектот, тие ја совладуваат новата наставна содржина и го повтруваат, односно го применуваат претходно наученото. Со учениците во текот на годините имам сработено многу проекти. Некои од нив се Хортикултурно уредување на школскиот двор, Слатка математика, Геометрико и Геометрика, Млади архитектии ѕидари, Моден дизајн, Пајаци на делители, Математичка карта... Додека работат на проекти учениците истражуваат, креираат, размислуваат, решаваат реални проблеми а всушност учат математика. При ваквиот начин на учење учениците се мотивирани и постигнуваат поголеми резултати. Еве, на пример, со проектот Математичка карта две ученички учествуваа и на настанот Месец на науката и освоија трета награда. За да направат математичка карта тие направија истражување за податоци од сите градови во Северна Македонија и ги претворија во математички задачи. Во проектот Слатка математика правеа калапи во форма на геометриски тела, бара рецепти за слатки, направија слатки и на крај збирка задачи во која податоците од слатките ги претворија во задачи.
Во секој проект има различен предизвик и задачи за секој ученик според индивидуалните можности, но многу често при ваквиот начин на работа учениците се надминуват самите себе.

Како наставата со помош на видео лекции помогна за време на онлајн наставата ?
Потребата од дополнителни ресусри за учениците ми ја поттикна идејата за креирање на видео лекции. Видео лекциите обично се инспирирани од дадена математичка тема, но во нив секогаш има поставено некој проблем за решавање. Видео лекциите кои ги креирам имаат цел да им помогнат на учениците во совладување на наставниот материјал, но корисни се и за наставниците при реализирање на наставата. Тие се објавени на YouTube каналот https://www.youtube.com/channel/UCogoLsK58BcDE1tOSPPuSFg а дел од нив и на веб страницата https://matematika-plus.weebly.com/ Некогаш тие се користат на самиот час, а некогаш и како домашна задача. За време на онлајн наставата беа од голема помош за учениците за совладување на материјалот. За своите ресурси имам добиено награди и признанија: во 2015 година од Microsoft за иновативен час, додека во 2019 година од European Schoolnet за ресурс на тема Diversity in Stem.

Што би им порачале на идните наставници по математика?
Професијата наставник е мисија за подобра иднина на човештвото. Драги студенти, идни колеги, бидете мисионери и изберете ја професијата во која можете да влијаете на многу животи. Не плашете се од предизвикот кој е поставен пред вас; вашето знаење пренесете им го на учениците и всадете им љубов кон математиката. Вашата идна училница за учениците ќе e прозорец кон иднината. Бидете позитивен пример и уживајте во својата идна професија.

Интервјуираше:
Ирена Стојковска, Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
5 септември 2021 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, Професијата наставник е мисија за подобра иднина на човештвото – Интервју со Адријана Тодорова, наставник по математика, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 5 септември, 2021, http://poim-pmf.weebly.com/intervju-so-adrijana-todorova-nastavnik-po-matematika.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.