АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
МАТЕМАТИЧКИ ХЕПЕНИНГ „ДЕН НА БРОЈОТ ПИ“ 2019, Богданци, 14.3.2019

На 14.3.2019 година во Домот на културата „Бранд Петрушев“ - Богданци се одржа математичкиот хепенинг „Ден на бројот пи“ 2019. Овој настан го организираа ООУ „Петар Мусев“ од Богданци и СОУ „Богданци“ од Богданци, а се одржа во рамки на стручно-апликативниот проект „Популаризација на математиката“ од Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Настанот беше од натпреварувачки карактер во категорија основно образование и категорија средно образование. Учество зедоа 85 ученици, поделени во 17 екипи, претставници на следниве училишта: ООУ „Петар Мусев“-Богданци, СОУ „Богданци“-Богданци, ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково, ООУ „Сандо Масев“-Струмица, ПСУ „Јахја Кемал“-Струмица, СОУ „Гоце Делчев“-Валандово, ООУ„Владо Кантарџиев“-Гевгелија, ООУ „Крсте Мисирков“-Гевгелија, СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија. Најмали беа учениците од ООУ „Сандо Масев“-Струмица кои беа седмо одделение, но достојни на конкуренцијата од ученици од осмо и деветто одделение.
Настанот го отвори оркестарот при СОУ „Богданци“ Богданци, под менторство на Ристо Лазаров, кои отсвирија композиција претварајќи ги децималите на бројот пи во ноти.
Активности во кои се натпреваруваа учениците беа следниве:
1. Квиз за децимали на бројот пи.
Во оваа активност учениците кажуваа децимали на бројот пи за време од една минута. Активноста беше интересна и возбудлива и за публиката и за натпреварувачите. Учениците имаа право да си ги поделат децималите со цел да научат колку што е можно поголем број.
2. Зборови кои почнуваат на пи
Учениците пишуваа зборови кои почнуваа на ПИ. Математичките поими добиваа двојно повеќе поени. Време за оваа активност беше 2 минути. Секоја од групите напиша голем број на зборови, со тоа што сите членови во групата пишуваа во исто време.
3. Практично покажување на постоењето на бројот пи.
Учениците претходно подготвија презентација која содржи во себе слики на кои се прикажани мерењата и пресметките кои ги направиле за покажување на бројот пи и истата ја презентираа. Презентациите беа креативни и посебни секоја на свој начин, но сите беа успешни и ги вклучуваа бараните елементи. Времето на презентација за секоја група беше 5 минути.
4. Решавање нумеричка задача.
Учениците решеваат нумеричка задача во врска со периметар или плоштина на круг или делови од круг, за време од 5 минути. Групите ги решија задачите за време пократко од 5 минути.
Комисиите за оценување беа составени од наставниците-ментори, така што за секоја активност имаше комисија од тројца оценувачи. Најдобри во категорија основно образование беа учениците од ООУ „Петар Мусев“ од Богданци, додека во категорија средно образование ПСУ „Јахја Кемал“ од Струмица.
Настанот претставуваше позитивно искуство за учениците и нивните ментори кои се дружеа, забавуваа и натпреваруваа во чест на математиката и на бројот пи. Учесниците со голема сериозност се подготвиле за настанот, така што можеше да се чујат интересни факти за бројот пи, да се видат креативни начини на покажување на бројот пи, како и голема подготвеност на учениците во решавањето на задачи од периметар и плоштнина на круг и делови од круг.
Заинтересираноста на учениците беше голема а впечатоците по настанот позитивни, со што се надеваме дека математичкиот хепенинг „Ден на бројот пи“ ќе стане традиција и повод математиката да се претвори во забава и дружење.

Галерија од настанот:
|
Известуваат:
Адријана Тодорова, професор по математика во основното училиште „Петар Мусев“- Богданци
Драгица Ѓавочанова, професор по математика од средното училиште СОУ „Богданци“ од Богданци
Обjавено на:
11 април 2019
Начин на цитирање на статијата:
Адријана Тодорова, Драгица Ѓавочанова, Математички хепенинг „Ден на бројот Пи“, Богданци, 14.3.2019, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 11 април 2019, http://poim-pmf.weebly.com/den-na-brojot-pi-bogdanci-2019.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.