АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
шести СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“, 17 март 2023
Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје неколку години по ред го организира семинарот „Математика и примени“. Првиот семинар се одржа во 2016 година во чест на јубилејот „70 години од постоењето на Институтот за математика и Природно-математичкиот факултет“. Од работата на досегашните семинари „Математика и примени“ произлегоа десет книги со научно-популарни трудови и трудови за наставата по математика, во рамки на научно-популарната едиција „Математички омнибус“ во издание на Институтот за математика (електронско и печатено издание). Електронските верзии на овие книги се со слободен пристап од интернет страницата на Институтот за математика.
Шестиот семинар „Математика и примени“, кој се одржа на 17 март 2023 година, е поддржан од Природно-математичкиот факултет и Инстутутот за математика. Неговата главна цел е промовирање на математичките науки меѓу младите и пошироката јавност преку збир од научно-популарни предавања од областа на теориската и применетата математика. Семинарот од оваа година го менува својот формат. Тој е наменет за студентите и наставниот кадар на унивезитетите од земјава, но и за средношколците коишто сакаат да ги претстават своите трудови од споменатите области.
Оваа година, на семинарот, чијашто програма се одвиваше во математичкиот амфитеатар, беа одржани 18 предавања. Покрај студенти од ПМФ и други факултети на УКИМ, имаше и средношколци, што беше една од нашите примарни целни групи годинава. Имавме и солидни излагања на студенти предавачи, кои го задржаа вниманието на присутните во текот на целиот ден, пропратени со интересни дискусии.
За успешниот тек на Семинарот беа заслужни и водителите на секој од блоковите: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, проф. д-р Ирена Стојковска, м-р Стево Ѓоргиев и проф. д-р Невена Серафимова. За помош при спроведувањето на овој настан беа заслужни неколку студенти од Институтот за математика: Марија Стојковска, Тамара Конева, Стефани Тасева, Дамјан Георгиевски, Анета Чанкуловска, Марија Сталевска, Ана Финдаковска, Теа Мицковска, Ивана Шукулоска и Катерина Пешевска и вишите лаборанти Ерблина Зеќири и Стево Ѓоргиев коишто вложија огромен труд за целата работа да се одвива усогласено и без застој.

Во продолжение ви ги презентираме предавањата на Семинарот, според нивниот редослед на излагање во секој од блоковите заедно со апстрактите од секое предавање. За дел од овие предавања ви ги приложуваме и презентациите, а за дел од нив во иднина ќе бидат објавени статии на ПОИМ и/или трудови во рамки на научно-популарната едиција Математички омнибус.
БЛОК 1.
1. Никола Велов (Природно-математички факултет, Скопје)
AРИТМЕТИЧКИ СВОJСТВА НА ЕЛИПТИЧНИ КРИВИ
(апстракт), (презентација)
2. Ристо Малчески (ФОН, редовен професор во пензија)
Самоил Малчески (Маѓународен славјански универзитет, Св. Николе)
СТРОГО КОНВЕКСНИ И РАМНОМЕРНО КОНВЕКСНИ НОРМИРАНИ ПРОСТОРИ
(апстракт), (презентација)
3. Никола Ристевски (Филозофски факултет)
ФИЛОЗОФСКИТЕ ПЕСНИ СВИРЕНИ ОД МАТЕМАТИЧКАТА ТРУБА НА АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ
(апстракт), (презентација)
4. Ерблина Зеќири (Природно-математички факултет, Скопје)
ЕКСПОНЕНЦИЈАЛНИ ФАМИЛИИ НА РАСПРЕДЕЛБИ НА ВЕРОЈАТНОСТ
(апстракт), (презентација)
5. Моника Симова, Ангела Илиевска (Природно-математички факултет, Скопје)
ИГРА НА ЦИКЛУСИ

БЛОК 2.
1. Стево Ѓоргиев (Природно-математички факултет, Скопје)
СТРАТИФИЦИРАН СЛУЧАЕН ПРИМЕРОК
(апстракт), (презентација)
2. Анастасија Трајанова (Природно-математички факултет, Универзитет во Нови Сад, Србија)
ТРАНСЦЕНДЕНТНА ДИНАМИКА: ПАРТИЦИЈА НА МНОЖЕСТВОТО ЗА БРЗО БЕГСТВО КАЈ
ТРАНСЦЕНДЕНТНИТЕ ЦЕЛИ ФУНКЦИИ
(апстракт), (презентација)
3. Марија Мирчевска (ФИНКИ, Скопје)
Ана Плетварец (Природно-математички факултет, Скопје)
ИГРАТА НИМ - ОСНОВА ЗА СТРАТЕШКО РАЗМИСЛУВАЊЕ
(апстракт), (презентација)
4. Нина Стевоска, Горазд Блажески, Александра Томоска (ментор), ОСУ „Св. Климент Охридски“, Охрид
ПРИМЕНА НА МАТЕМАТИКА ВО ИНФОРМАТИКА И ФИЗИКА

БЛОК 3.
1. Стефан Мирчевски (Природно-математички факултет, Скопје)
Гордана Николовска (СУГС „Георги Димитров“, Скопје)
МАТЕМАТИЧКА ЗАДНИНА НА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТ:
PERT/CPM МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕ И ВРЕМЕ-ТРОШОК НА АКТИВНОСТИ
(апстракт), (презентација)
2. Методија Јанчески (ФИНКИ, Скопје)
Викторија Илиеска (ООУ „Коле Неделковски“, Скопје)
Анкица Спасова (ООУ „Тихомир Милошевски“, Скопје)
НЕРАСКИНЛИВАТА ВРСКА МЕЃУ МАТЕМАТИКАТА, ПРИРОДАТА И УМЕТНОСТА
(апстракт), (презентација)
3. Невена Серафимова, Воена академија, Скопје
СТАКЕЛБЕРГ ИГРИ ВО БЕЗБЕДНОСТА
(апстракт), (презентација)
4. Гордана Николовска (СУГС „Георги Димитров“, Скопје)
НАЈКРАТОК ПАТ ВО СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: ПРИЈАТЕЛИ, ПОЗНАНИЦИ И ИНФЛУЕНСЕРИ
(апстракт), (презентација)
5. Филип Николовски (Машински факултет, Скопје)
ЗАДАЧА НА ГЕРМАНСКИ ТЕНКОВИ

БЛОК 4.
1. Владимир Јорданов (Економски факултет, Скопје)
МАТЕМАТИЧКИ МЕТОДИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПОЛУФИКСНИ ТРОШОЦИ
(апстракт), (презентација)
2. Ива Лазова (Природно-математички факултет, Скопје)
МЕТОД НА ИНТЕРПОЛАЦИЈА СО ИНВЕРЗНО ТЕЖИНСКО РАСТОЈАНИЕ И
НЕГОВА ПРИМЕНА ВО ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ (ГИС)
(апстракт), (презентација)
3. Мелиса Мулиќ, Теа Наумовска (Природно-математички факултет, Скопје)
БЕЏ ПРОБЛЕМ
(апстракт), (презентација)
4. Марко Димовски (ЕВН, Скопје)
ПАЈТОНСКИ ЈУРИШ НИЗ „НОРВЕШКА ШУМА“

Дел од фотографиите од работата на Шестиот семинар „Математика и примени“ (повеќе фотографии може да најдете во Галеријата на ИМ-ПМФ):
Се надеваме дека сите што присуствуваа, и предавачите и слушателите, ќе задржат убави спомени од оваа средба и дека во иднина повторно ќе се јават за учество на некое ново издание на Семинарот со свое излагање на некоја интресна научно-популарна тема и ќе го збогатат овој настан со своето присуство и конструктивни дискусии на презентираните теми.
Известуваат:
Проф. д-р Ирена Стојковска и
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова
Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
24 март 2023 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, Шести семинар „Математика и примени“, 17 март 2023, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 24 март 2023, http://poim-pmf.weebly.com/shesti-seminar-matematika-i-primeni-mip2023.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.