ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

за порталот

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

Светот на математиката маѓепсува со неограничениот опсег на согледување на проблемите од три страни - конкретно, апстрактно и интуитивно. Важен дел од математиката е способноста јасно да се размислува и да се носат јасни заклучоци. Оваа способност е многу корисна во секој аспект на животот. Во оваа ера на технолошки раст и развој, искуствата, заедно со математичкото мислење, создаваат математичка моќ - капацитет на умот со зголемена вредност, кој овозможува да се размислува критички, да се идентификуваат заблуди, да откриваат пристрасности и предрасуди, да се проценува ризикот и да се предлагаат алтернативи. Покрај тоа што е стимул за раст и развој на многу свои гранки, математиката остава неизбришливи траги врз секој дел од модерната наука (од медицинската технологија до економското планирање, од генетиката до геологијата). Затоа, математиката е моќен начин за истражување и разбирање на светот.

ПОИМ е портал на Институтот за математика. Наменет е за студентите, наставниците и сите останати што ги интересира математиката, но и за оние кои се' уште го откриваат нејзиното значење. Неговото отворање беше на 24 ноември 2014 година, и има поминато повеќе различни уредувања, за да го добие денешниот изглед. Ова е линкот до претходната негова интернет страница http://www.institutzamatematika.com/index.php/POIM.

Основната идеја којашто сакаме да ја пренесеме преку содржините на Порталот е свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.

Статии

Во статиите кои се објавуваат на Порталот се опишува улогата на математиката при решавањето на конкретни проблеми од различни области на математиката и надвор од неа. Се објавуваат и пократки текстови, како математички загатки, проблеми, краток осврт на математички теории, со кои повторно ја истакнуваме убавината на математиката како резултат на нејзината совршеност и прецизност, со што го потенцираме нејзиното значење во секојдневието како и нејзиниот интердисциплинарен карактер, и сакаме да ги поттикнеме читателите да размислуваат во таа насока.

Математиката се учи од мали нозе. Затоа, залагањата на наставниците по математика исправно и квалитетно да ги пренесат математичките концепти и содржини се од особена важност за да се разбуди и одржи интересот за математика кај учениците и кај студентите. Затоа, објавуваме статии во кои се изложени разни искуства на наставниците по математика коишто се во врска со предавањето на одредени наставни содржини. Отворени сме за соработка со наставниците по математика и ги поттикнуваме да ги споделат своите искуства тука на овој Портал. 

Сите заинтересирани за објавување на нивни статии да се обратат на уредниците на порталот (види Контакт).

Активности

Токму можноста математиката да се применува во најразлични полиња ја прави привлечна и посакувана. Затоа, на Порталот известуваме за активностите во кои учествуваат наставниците и студентите од Институтот за математика, а кои се во насока на популаризација на математиката.

Сите заинтересирани за објавување информации во оваа категорија да се обратат на уредниците на порталот (види Контакт).

Забава

Математиката е забавна. За тоа сведочат и објавените содржини во оваа категорија.

Од уредниците на порталот
25 август 2015

Copyright © 2015 POIM
Powered by Create your own unique website with customizable templates.