ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

АКТИВНОСТИ

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

РАБОТИЛНИЦА „МАТЕМАТИКАТА И ПРЕДВИДУВАЊАТА“, 11 МАЈ 2016

​На почетокот на месец мај 2016 година, во организација на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, се одржа Работилницата „Математиката и предвидувањата“ (www.im-pmf.weebly.com/rabotilnica-matematikata-i-predviduvanjata.html) на која земаа учество 12 предавачи со своите научно-популарни излагања за примена на математиката во предвидувањата. Беа опфатени најразлични примени, од примена во осигурувањето, на берзата, во физиката, биометријата, психологијата, криминалистиката, како и предвидувањата во наставата по предметот математика. 

Во поново време се' повеќе сме сведоци на тоа дека математиката со математички основаните предвидувања придонесуваат за развојот на науките, но и обратно, и затоа треба да ја негуваме таа врска меѓу математиката и науките, да ја продлабочуваме. Излагачите на Работилницата, преку своите излагања, се потрудија да ни' ја пренесат оваа порака.

Во продолжение се темите на Работилницата, според нивниот редослед на излагање. За дел од нив ви ги приложуваме презентациите, за дел објавивме статии на ПОИМ, а дел се публикувани во рамките на научно-популарната едиција Математички омнибус. 
  1. Случајните процеси во неживотното осигурување 
    Доц. д-р Анета Гацовска-Барандовска, Институт за математика, ПМФ, Скопје 
    (презентација), (труд)
  2. Предвидување на резервите за исплата на штетите при неживотно осигурување 
    Марко Димовски, дипл. инг. по математичка економија, Институт за математика, ПМФ, Скопје 
    (презентација), (труд)
  3. Предвидувања на берзата со помош на Маркови вериги 
    Андријана Поповска, Институт за математика, ПМФ, Скопје 
    (презентација)
  4. Практична анализа на временски серии со ARIMA моделот 
    Алтај Саид, дипл. инг. по математичка економија, Systems for Enterprise, Скопје 
    (презентација)
  5. Димензионалната анализа како математичка структура за изведување на законитости 
    М-р Филип Николовски, Меѓународни училишта НОВА, Скопје 
    (презентација)
  6. Фурјеова трансформација и нејзината улога во процесот на препознавање на отпечаток од прст 
    Викторија Сарвановска, Институт за математика, ПМФ, Скопје 
    (ПОИМ статија)
  7. Гравитационите бранови како потврда на Ајнштајновата теорија на релативност 
    Љупчо Петров, Институт за физика, ПМФ, Скопје 
    (ПОИМ статија), (труд)
  8. Нелинеарната динамика на љубовните афери 
    Моника Пешевска, доц. д-р Александар Ѓурчиновски, Институт за физика, ПМФ, Скопје 
    (ПОИМ статија), (труд)
  9. Математички основани методи во борба против криминалот 
    Невена Михајлоска, Екатерина Стефаноска, СОУ ,,Св. Климент Охридски”, Охрид 
    (презентација)
  10. Предвидувања во наставата по математика преку решавање на Фермиеви задачи 
    Билјана Шуминоска, дипл. професор по математика, Образовен центар „Абакус-Охрид“, Охрид 
    (презентација), (труд)
  11. Алгебарски стратегии за предвидувања во наставата по математика во основно образование 
    Гордана Николовска, Институт за математика, ПМФ, Скопје 
    (презентација), (труд)
  12. Игри со предвидувања во наставата по математика 
    Марија Илиевска, Институт за математика, ПМФ, Скопје 
    (презентација), (труд)
Ова се дел од фотографиите од работата на Работилницата (повеќе фотографии може да најдете во Галеријата на ИМ-ПМФ):
Picture
Доц. д-р Анета Гацовска-Барандовска,
​Институт за математика, ПМФ, Скопје
Picture
Марко Димовски, дипл. инг. по мат. економија,
Институт за математика, ПМФ, Скопје
Picture
Андријана Поповска,
​Институт за математика, ПМФ, Скопје
Picture
Алтај Саид, дипл. инг. по мат. економија,
​Systems for Enterprise, Скопје
Picture
М-р Филип Николовски,
​Меѓународни училишта НОВА, Скопје
Picture
Викторија Сарвановска,
​Институт за математика, ПМФ, Скопје
Picture
Љупчо Петров,
Институт за физика, ПМФ, Скопје
Picture
Моника Пешевска,
Институт за физика, ПМФ, Скопје
Picture
Невена Михајлоска,
СОУ ,,Св. Климент Охридски”, Охрид
Picture
Билјана Шуминоска, дипл. проф. по математика,
Образовен центар „Абакус-Охрид“, Охрид
Picture
Гордана Николовска,
​Институт за математика, ПМФ, Скопје
Picture
Марија Илиевска,
Институт за математика, ПМФ, Скопје
На сето ова само ќе дополнам: За позитивните искуства треба да се зборува, да се раскажува, со надеж дека ќе се повторат.



Известува: 
Проф. д-р Ирена Стојковска (координатор на Работилницата),
Институт за Математика, ПМФ, Скопје

Обjавено на:
10 јуни 2016 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, Работилница „Математиката и предвидувањата“, 11 мај 2016, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 10 јуни 2016, http://poim-pmf.weebly.com/rabotilnica-maj-2016.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.

Copyright © 2015 POIM
free hits
Powered by Create your own unique website with customizable templates.