АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
ТРЕТ СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“, 14-15 ДЕКЕМВРИ 2018
На 14 и 15 декември 2018 година на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Третиот семинар „Математика и примени“ како еден од низата годишни семинари кои почнаа да се одржуваат во 2016 година во чест на 70 години од постоењето на Природно-математичкиот факултет и Институтот за математика. Голема е традицијата на Институтот за математика во одржување семинари на различна тематика, почнувајќи од 1965 година, па пред 40-тина години (од 1977 до 1984 година) семинарите насловени „Во вторник во 5“, па математичкиот семинар од пред десетина-дванаесет години (во 2006 година). Заедничка каратеристика на тие семинари беше одржувањето предавања еднаш неделно во времетрање од по неколку месеци. Сознанијата за позитивното влијание на тие семинари на работата на универзитетскиот и училишниот наставен кадар, за нас беше поттик да се обидеме да ги обновиме математичките семинари на Институтот за математика. Семинарот „Математика и примени“ се одржува еднаш годишно, во декември, и покрај за наставниот кадар од универзитетите и училиштата, тој е отворен и за студенти, средношколци, припадници на индустрискиот и општествениот сектор и пошироката јавност. Од работата на семинарите „Математика и примени“ во претходните две години, произлегоа четири книги со научно-попларни трудови и трудови за наставата по математика, во рамки на научно-популарната едиција „Математички омнибус“ во издание на Институтот за математика (електронско и печатено издание). Електронските верзии на овие книги се со слободен пристап од интернет страницата на Институтот за математика.
Целта на овогодинешниот Трет семинар „Математика и примени“ е преку збир од научно-популарни предавања и предавања за наставата по математика да придонесе за популаризација на математиката меѓу младите и пошироката јавност, за ширење и размена на добрите наставни практики, но и да предложи нови идеи за нивно подобрување. Предавањата се реализираа во текот на два дена, и тоа 14 научно-популарни предавања во првиот ден (14 декември 2018 година) и 15 предавања за наставата по математика во вториот ден (15 декември 2018 година). Математиката како наука можеби изгледа недостапна за многумина, но презентирана на вистинскиот начин, таа треба да биде сфатена од пошироката јавност, затоа што таа е јазикот на нашата реалност. Излагачите на предавањата на Семинарот се потрудија да ни ја пренесат оваа порака, да ни пренесат дека алгебрата може да ја примениме во природните науки, математички да го истражуваме патувањето во времето, математиката да ја примениме за анализа на пазарот за електрична енергија, при истражување на коалиционите игри во политиката и екомонијата, математички да ја измоделираме психолошката природа на човекот во процесот на носење одлуки, кои се алатките, методите, техниките со кои може да се олесни современата наставата по математика, како математичките активности надвор од редовната настава (додатна настава, математички секции, математички работилници) влијаат на постигнувањата во математиката, важноста на задачите од отворен тип и математичкото моделирање во наставата по математика, се само еден мал дел од темите кои беа презентирани на Семинарот.
Оваа година, Семинарот беше од полуотворен карактер, што подразбира дека студентите и средношколците имаа слободен влез со претходно извршена навремена регистрација. Големиот интерес за семинарот, 29 предавања, околу 200 наставници и 100 студенти и средношколци (видете Список на учесници и Галерија) и интересот за трудовите произлезени од работата на семинарите, покажува дека сме на добар пат и дека сме успеале во обновувањето и проширувањето на традицијата на Институот за математика во одржување математички семинари за популаризација на математиката.
За успешниот тек на Семинарот заслужни беа и водителите на секциите (по ред на појавување): проф. д-р Валентина Миовска, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, проф. д-р Ирена Стојковска, доц. д-р Невена Серафимова, проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, доц. д-р Валентина Гоговска и проф. д-р Ѓорѓи Маркоски. За техничката поддршка беа заслужни ас. м-р Марко Димовски, Илија Јовчески, Катарина Тодоровска и студентите: Фросина Јакимовска, Белиг Алиу, Симон Павлов, Александра Начкоска, Моника Богоевска, Марина Сарафимова и Тамара Стефановска.
Генерален поддржувач на Семинарот оваа година беше идавачката куќа Просветно дело АД Скопје.

Во продолжение ви ги презентираме предавањата на Семинарот, според нивниот редослед на излагање во секоја од секциите заедно со апстрактите за секое предавање. За дел од ове предавања ви ги приложуваме и презентациите, а за дел од нив во иднина ќе бидат објавени статии на ПОИМ и/или трудови во рамки на научно-популарната едиција Математички омнибус.
Секција А. (14 декември 2018 - Физички амфитеатар)
- Сања Атанасова, Катерина Хаџи-Велкова Санева
Обопштување на поимот функција: Вовед во дистрибуции
(апстракт), (презентација), (труд) - Катарина Тодоровска
Примена на алгебарските хиперструктури во природните науки
(апстракт), (презентација), (труд) - Ирена Стојковска
Одлучување во услови на ризик и неизвесност
(апстракт), (презентација), (труд) - Костадин Тренчевски
Патување во времето
(апстракт), (презентација), (труд) - Марко Карбевски
Тополошка анализа на податоци
(апстракт), (презентација) - Адмир Хусеини
Бинарни квадратни форми
(апстракт), (презентација), (труд) - Абдула Букла
Интересни примени на популарни теореми
(апстракт), (презентација), (труд) - Невена Серафимова
На „темната страна“: од заблуда и манипулација до лага и измама
(апстракт), (презентација), (труд) - Весна Андова, Сања Атанасова, Анастасија Николовска
Детекција на леукемија со помош на Хаусдорфова димензија
(апстракт), (презентација) - Мевлудин Даути
Математичко моделирање и примена
(апстракт), (презентација) - Гордана Николовска, Марко Димовски
Примена на теориjата на графови во задачата на собирање купони
(апстракт), (презентација), (труд) - Никола Мицковски
Модели на повеќепараметарска регресија применети во домен на временски серии
(апстракт), (презентација) - Емилија Тошиќ, Павел Димовски, Игор Јорданов
Анализа на TEMPO оксидацијата на памук со статистички методи
(апстракт), (презентација) - Стево Ѓоргиев
Шапли-Шубик индекс на моќност - од теорија до секојдневие
(апстракт), (презентација), (труд)
Секција Б. (15 декември 2018 - Математички амфитеатар)
- Даниела Стојановска
Задачи од отворен тип во наставата по математика
(апстракт), (презентација), (труд) - Јилмаз Деликташ
Алатки за олеснување на наставата по математика во 21 век
(апстракт), (презентација) - Даниела Димишковска
Реализација на ученички проекти во рамки на математичка секција и влијанието врз редовната настава по математика
(апстракт), (презентација PPSX), (презентација PDF), (труд) - Делчо Лешковски, Валентина Миовска
Геометриски докази за ирационалност на некои квадратни корени
(апстракт), (презентација), (труд) - Анкица Спасова, Викторија Илиевска
Споредување на постигнатиот успех по математика и физика кај учениците од VIII и IX одделение
(апстракт), (презентација), (труд) - Адријана Тодорова
Ератостенов експеримент
(апстракт), (презентација), (труд) - Живко Ангеловски
Зошто доказите на теоремите во наставата по математика се изоставени во основното образование
(апстракт), (презентација), (труд) - Валентина Гоговска
Математички задачи за поттикнување на рефлексијата кај учениците од почетните одделенија
(апстракт), (презентација) - Весна Целакоска-Јорданова, Ирена Стојковска
Математичките работилници во рамки на манифестацијата „Ноември - Месецот на науката“
(апстракт), (презентација), (труд) - Анета Соклевска
Примена на техники за решавање на текстуални задачи во одделенска настава
(апстракт), (презентација), (труд) - Лимонка Коцева Лазарова, Марија Митева
Поимот функција во наставата по математика
(апстракт), (презентација), (труд) - Ѓорѓи Маркоски, Јасмина Маркоска
Креирање листи во динамички софтвер
(апстракт), (труд) - Игор Богданоски, Моника Богданоска
Моделирање во наставата по математика
(апстракт), (презентација), (труд) - Јасмина Маркоска, Ѓорѓи Маркоски
Предлог задачи за додатна настава по математика со користење на динамички софтвер
(апстракт), (труд) - Марија Љубеновска, Билјана Златановска
Решавање задачи со симплекс метод во Excel и Mathematica
(апстракт), (презентација), (труд)
Дел од фотографиите од работата на Третиот семинар „Математика и примени“ (повеќе фотографии може да најдете во Галеријата на ИМ-ПМФ):
|
Известуваат:
Проф. д-р Ирена Стојковска,
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова и
Ас. м-р Марко Димовски
Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
25 декември 2018
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, М. Димовски, Трет семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 25 декември 2018, http://poim-pmf.weebly.com/tret-seminar-matematika-i-primeni-mip2018.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.