АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
ПОИМ АНКЕТА: ЗОШТО ЈА САКАМ МАТЕМАТИКАТА?
Многумина ја сакаат математиката. Кој ја засакал НЕА - никогаш не престанал да ја сака. На некои, можеби таа им е прва љубов. Но, сте се прашале ли некогаш зошто ја сакате математиката?
Овој декември, Институтот за математика, при Природно-математичкиот факултет во Скопје, одбележува 70 години од своето постоење. Природно-математичкиот факултет во Скопје е една од најстарите научни институции во Македонија, во која се негува и развива математичката мисла и од која излегле најголемиот број математичари во Македонија. Во таа чест, уредувачите на порталот на Институтот за математика - ПОИМ, одлучија да спроведат анкета со единствено прашање: Зошто ја сакам математиката?
Во одговарањето на анкетното прашање може да учествува секој.
Знаеме дека љубовта кон математиката не може да Ве остави рамнодушни кон ова прашање. Со нетрпение, ги очекуваме Вашите одговори. По завршувањето на анкетата, одговорите ќе бидат објавени на ПОИМ, а дел од нив ќе бидат презентирани на Првиот семинар „Математика и примени“, на 14 декември 2016.
Анкетата ќе биде отворена од 10 ноември 2016 до 10 декември 2016.
Може да одговорите на поставеното прашање и повеќе од еднаш.

АНКЕТАТА Е ЗАВРШЕНА
Подготвиле уредниците на ПОИМ:
Проф. д-р Ирена Стојковска,
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова
Обjавено на:
10 ноември 2016 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, ПОИМ анкета: Зошто ја сакам математиката?, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 10 ноември 2016, http://poim-pmf.weebly.com/xxxpoim-anketa-zosto-ja-sakam-matematikata.html
Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.