АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
ПОСТОЈАНО УЧЕТЕ И НАДГРАДУВАЈТЕ СЕ, ДАРУВАЈТЕ Многу љубов и секогаш работЕТЕ за добро на децата -ИНТЕРВЈУ СО СИЛВАНА ЈАКИМОВСКА БИНОВА, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА
Наставник е професијата која е создавач на сите други професии, а наставниците се најодговорните и најважните членови на општеството, затоа што нивните професионални вложувања влијаат на иднината на тоа општество.
Овој циклус интервјуа го посветуваме на професијата наставник по математика. Неколку успешни наставници ќе ни ги отворат своите срца и ќе се обидат да ни го доловат сопственото професионално искуство, што значи да се биде наставник по математика.
Нашиот четврти соговорик е Силвана Јакимовска Бинова, наставник по математика во ООУ Страшо Пинџур, Карбинци.
Што значи за вас професијата наставник по математика?
Уметност и наука, тоа е професијата наставник по математика, од моја перспектива, како наставник со 15 години искуство. Професија која се занимава не само со содржини и задачи, но и со млади умови и срца, искуства и многу предизвици.
Што е тоа што ве мотивира да ја работите оваа професија?
- Најголема мотивација е секој час поминат со учениците. Сите нивни прашања и обиди да го разберат и толкуваат на свој начин она што го учиме. Сите нивни одговори преку кои на свој начин ја изразуваат својата остроумност и креативност, а во исто време моќни да побудат безброј прашања и идеи кај мене.
- Мотивација ми се сите можности преку кои на учениците им овозможувам различни искуства – нови знаења, иновативни проекти, презентирање на нивните постигања, дружење, интернационални проекти, патувања и соработка со училишта надвор од нашата држава. Оваа мотивација е потикната од бројните можностите за професионален развој кој ги нуди Европската училишна мрежа (European SchoolNet Academy https://www.europeanschoolnetacademy.eu/), проектот Scientix (http://www.scientix.eu/ ), како и Erasmus+. Во ваквите иницијативи и посебно соработката со проектот Scientix (како амбасадор) гледам посебна мотивација, заради нивната вистинска посветеност и грижа основана на евидентност и постигнати резултати при промоција на важноста на СТЕМ предметите. Од нивна страна бев наградена со можност да ја посетам и да учествувам во работилница во Училницата на иднината (https://fcl.eun.org/) во Брисел.
- Мотивација ми се сите колеги од нашата држава кои се во чекор со современите образовни трендови и несебично ги споделуваат своите знаења и искуства при совладување на сите предизвици кои пред наставната работа ги поставува општеството.
- Посебна мотивација, од скоро во нашиот образовен систем, е и можноста за кариерно напредување на наставниците, со која што беа вреднувани сите мои досегашни вложувања во титулата наставник-ментор.
Како успевате да ги заинтересирате учениците да работат и повеќе од она што предвидено со програмата по математика, да учествуваат на манифестации како Ноември - Месецот на науката (и други)?
Вклучувањето на учениците во воннаставни активности, е задолжителен и омилен дел од мојата наставната работа. Преку таквите активности им нудам можност на сите ученици, независно од нивните постигнувања, да ја согледаат значајноста на математиката, нејзината применливост и поврзаност со други области од поинаква перспектива, многу поразлична од предвиденото во наставните програми. За учениците со послаби постигања реализирам активности кои имаат за цел да ја зголемат нивната мотивација и вклученост на редовните часови, додека пак со учениците со повисоки постигнувања тоа се активности со цел да ги продлабочат знаењата од предметната област и нивно претставување надвор од училиштето. Сите ученици имаат можност да се вклучат во активностите, а преку нив да развијат и мноштво други компетенции како креативност, соработка, интеркултурни компетенции и сл.
Овде би ги издвоила eTwinning проектите Математичко уметничко катче (Math art corner - https://drive.google.com/file/d/1VQs3nFWYX4wp8QV1KFaFBoPx1VEjcn-I/view?usp=sharing ), Бројот ПИ патува околу Европа (Pi is traveling around Europa - https://youtu.be/rJKwD1MhJkw ), Да го откриеме нашиот европски математички свет (Let’s discover our European math world - https://youtu.be/BhA-wZLQvbU ) кои што ги реализираме во соработка со училишта од Европа.
Учеството на Манифестацијата Ноември - месец на наука е посебна мотивација за моите ученици. Резултат на тоа се освоените награди и успешните претставувања со Луда железница и чудни форми од лента, Квадратна фрактална снегулка и квадратна фрактална површина на Кох, Моаре (Moiré) интерферентни геометриски шаблони, Со „пишување тајни пораки“ до интрига и авантура за кои можете да прочитате и во објавените статии од Месец на наука на ПОИМ.
Учеството во различни иницијативи за промоција на СТЕМ предметите се мотивација и можност за учениците да ја согледаат поврзаноста на природните науки и посебно значајната улога на математиката во сите нив. Примери од наши активности се учеството на STEM Discovery week 2019 со Поправање на скршените решенија на проблемите на НАСА кои го користат бројот ПИ (Fixing broken solutions of NASA real problems with number Pi - https://youtu.be/HrOjoS5N480), учество на STEM Ahead competition 2017 со СТЕМ и Европскиот сателитски систем Галилео (https://youtu.be/h60pYuAktNo) итн.
Дали е тешко да се одржува нивото на успешен наставник и како го постигнувате тоа?
Успешен наставник е комплексна категорија што произлегува од комплексноста на улогата на наставникот во современото образование. Некои од основните предуслови за успешност се постојано следење на современите тенденции во образованието и нивна соодветна примена во наставната пракса, подготвеноста секогаш да вршиме саморефлексија на сопствената работа, отвореноста добрите практики да ги споделуваме со колегите и секогаш храбро да чекориме кон предизвиците. Не е едноставно да се постигнат и одржуваат овие предуслови од една страна, но од друга страна тоа е обврска на секој наставник. Бараат многу дополнителни вложувања, но кога се работи за деца и кога постои љубов кон работата, обврската станува задоволство.

Што би им порачале на идните наставници по математика?
До сите идни наставници по математика упатувам честитки за мудриот избор на најблагородната професија. Убедена сум, секој студент кој што посветено ги завршил студиите по математика на Институтот за математика при ПМФ поседуваат не само математичко знаење, туку и сите неопходни компетенции со кои успешно ќе ја извршуваат својата улога и ќе бидат модел за идентификација на трудољубивост, чесност и истрајност на своите ученици. Дополнително им е потребна подготвеност за постојано учење и надградување, но најважно од се', многу љубов и подготвеност секогаш да работат за добро на децата.

Интервјуираше:
Ирена Стојковска, Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
14 септември 2021 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, Постојано учете и надградувајте се, дарувајте многу љубов и секогаш работете за добро на децата – Интервју со Силвана Јакимовска Бинова, наставник по математика, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 14 септември, 2021, http://poim-pmf.weebly.com/intervju-so-silvana-jakimovska-binova-nastavnik-po-matematika.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.