АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
МАТЕМАТИЧКИ ЛЕКСИКОН
Потребата од издавање речник на математички термини со толкувања на македонски јазик се чувствува одамна. Голем број ученици и студенти имаат секојдневна потреба од потсетување и обновување на своите подзаборавени знаења по математика или нивно дополнување со нови содржини. Таа потреба е доволно оправдание за изготвување и издавање едно такво дело што ќе ја отстрани таа празнина. Предложениов МАТЕМАТИЧКИ ЛЕКСИКОН нуди намалување на тој недостаток. Тој е електронско издание со слободен пристап, а е во издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Автори на Лексиконот се: д-р Наум Целакоски, д-р Весна Целакоска-Јорданова и д-р Емилија Целакоска.
Директен линк до Лексиконот може да се најде на интернет страницата на УКИМ, под Издавачка дејност: http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=53&glavno=41, а директено може да се симне одовде:
http://www.ukim.edu.mk/e-izdanija/MAF/Matematicki_leksikon.pdf
Лексиконот опфаќа термини што се користат во математиката, а некои од нив − во техниката и во други научни дисциплини. Работен е со цел да им послужи на учениците и студентите во текот на учењето математика, но и на професорите по математика, инженерите и на други заинтересирани лица, чијашто работа е сврзана со примена на математиката. Во Лексиконот се застапени термини од разни области на математиката: аритметика, алгебра, геометрија, аналитична геометрија, тригонометрија, вектори и матрици, математичка анализа, математичка логика, а и термини на најчесто среќавани поими од: теорија на броеви, теорија на множества, диференцијална геометрија, топологија, веројатност и статистика.

Лексиконот содржи повеќе од 2600 насловни единици. Од нив, преку 2000 се математички термини, за кои (паралелно со македонскиот термин) се наведуваат еквивалентни термини на англиски и руски јазик, а потоа следува дефиниција или објаснение на терминот. Покрај тоа, наведени се преку 500 насловни математички термини (некои со, а некои без еквиваленти на англиски и руски јазик), коишто се синоними или се
дефинирани во одредниците на други термини. На соодветни места, поместени се и преку 100 имиња на класични математичари со периодот во кој живееле и со кратка белешка за нивниот придонес во математиката.
Секој насловен збор што е лично име е проследен со неговиот запис на англиски и на руски јазик.

Кон Лексиконот се приклучени англиско-македонски показател и руско-македонски показател. Тие показатели овозможуваат, за определен термин на англиски или руски јазик, преку македонскиот еквивалентен термин, да се најде во Лексиконот неговата дефиниција или објаснение на македонски јазик. Даден е и прилог насловен „Математички знаци“.
Математичкиот лексикон не е обичен „зборовен речник“, ниту учебник или пак енциклопедија. Тој е кондензиран збир на поврзани математички поими со толкувања, нагоден за корисници на кои им треба брзо стигнување до „подзаборавено значење“ на некој математички термин. Сепак, и „општ читател“ може да сфати одреден поим, за кој не бил школуван, читајќи ја неговата дефиниција и следејќи ги непознатите термини во неа до познати поими. Веруваме дека Лексиконот може да им биде од помош на многу читатели за воспоставување една полесна и, можеби, посреќна врска со оваа фундаментална наука.
Известува:
Весна Целакоска-Јорданова,
Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
26 август 2021 година
Начин на цитирање на статијата:
В. Целакоска-Јорданова, Математички лексикон, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 26 август 2021, http://poim-pmf.weebly.com/matematicki leksikon.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.