ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

АКТИВНОСТИ

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ИСТИТУТОТ ЗА МАТЕМАТИКА ВО УЧЕБНАТА 2020/21 ГОДИНА

Драги наши нови студенти на Институтот за математика,

Од мое гледиште како математичар, имате направено одличен избор со тоа што сте се одлучиле да бидете математичари. Не познавам друга наука толку концизна и јасна, а истовремено таинствена и полна со изненадувања. Наука која почнуваме сите да ја учиме од „мали нозе“ и не престануваме да ја совладуваме и применуваме целиот живот. Математиката бара многу работа, но за возврат нуди самопочитување, задоволство, среќа.

Одлуката да бидете математичари е одличен избор. Следно што треба да направите е да се потрудите тоа да биде одличен избор за вас самите. Некому тоа ќе му оди полесно, а некому потешко. Некому побрзо, а некому поспоро. Но, не треба да се откажувате или разочарувате. Знате дека патот до успехот е поплочен со неуспеси.

Образованието има потреба од квалитетен наставен кадар, бидејќи само така се гради силна држава. Од друга страна, компаниите имаат потреба од квалитетни бизнис аналитичари кои ќе придонесат за нагорен развој и напредок на компанијата. Јас верувам дека денес стојам пред идни успешни професори по математика, идни успешни актуари, идни успешни статистичари, идни успешни аналитичари, идни успешни математичари, па дури и идни научници.

Ви посакувамe успешни студии на Институтот за математика!

​Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на Институтот за математика
Фотографии од првиот академски час:
Обjавено на:
1 октомври 2020
​
Начин на цитирање на статијата:
Ирена Стојковска, Прв академски час на Институтот за математика во учебната 2020/21 година, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 1 октомври 2020, http://poim-pmf.weebly.com/prv-akademski-cas-2020-21.html
Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.

Copyright © 2015 POIM

Powered by Create your own unique website with customizable templates.