ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Семинар „Математика и примени“
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

Манифестацијата за популаризација на природните науки и математиката „Ноември - Месец на науката“ се одржува еднаш годишно во текот на месец ноември на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Се организираат предавања, натпревари на ученици во експерименти (кои се со слободен влез за посетители), работилници и посети на лабаратории. На оваа страница ќе најдете статии произлезени од експериментите по математика (одредена математичка изработка, разработка на математичка тема или конкретен проблем) презентирани на Месецот на науката.

Picture
Златен пресек
20 април 2020 во СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА
Пропорција е однос меѓу две величини. Пропорцијата е скриена, но секогаш присутна во композицијата на секое ликовно или архитектонско дело и е еден од одличните чинители на неговата хармонија. Едно од најстарите правила на складноста е пропорцијата наречена златен пресек.  Златен пресек е поделба на една отсечка на два дела на тој начин што целата должина спрема големиот дел се однесува исто како поголемиот дел спрема помалиот.
​Проект презентиран на Ноември - Месец на науката 2019 во категоријата VII-IX одд.
Picture
Квадратна фрактална снегулка и квадратна фрактална површина на Кох
06 април 2020 во СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА
Голем број тела во природата, како на пример: планините, облаците, дрвјата и слично, се сложени и „неправилни“. Голем број природни тела заради својата сложеност тешко можеле да се претстават математички, сѐ до 1960 год. кога математичарот Benoit Mandelbrot пронашол начин и сложените форми да се проучуваат на систематски начин. Неговото решение се фракталите. Од големиот број фрактали ги избравме геометриските фрактали – квадратна фрактална снегулка на Кох и квадратна фрактална површина на Кох, ги анализиравме нивните страни, плоштини и периметри во секој од чекорите на конструкција.
​Проект презентиран на Ноември - Месец на науката 2019 во категоријата VII-IX одд.
Picture
Златни фигури
30 март 2020 во СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА
Златни фигури се многуаголници кај кои должините на страните или дијагоналите се во златен сооднос кој приближно изнесува 1:1,618. Златниот правоаголник, ромб и триаголник имаат и други интересни својства. Златните фигури може да се најдат и во мрежите на геометриските тела и кај некои геометриски слики. 
​Проект презентиран на Ноември - Месец на науката 2019 во категоријата VII-IX одд.
Picture
Моаре (Moiré) интерферентни геометриски шаблони
23 март 2020 во СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА
Зошто шаблоните ги привлекуваат нашите очи? Тие даваат чувство на подреденост и се основа на многу предвидувања.​ ​За математиката интересни се геометриските шаблони. Моаре интерферентните шаблони се добиваат кога шаблон со транспарентни празнини се поклопува со ист (или сличен) шаблон.
Со ротација на шаблоните се добиваат атрактивни дизајни. 
​Проект презентиран на Ноември - Месец на науката 2019 во категоријата VII-IX одд.
Picture
​Луда железница и чудни форми од лента
18 март 2020 во СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА
Мебиусова лента е површина со една страна и еден раб. Таа може да се добие
од парче лента од хартија така што пред да се залепат краевите, на едниот од нив му правиме половина завртување. Има една страна и еден раб, па во тоа е
идејата за моделот на Мебиусовата луда железница. 
​Награден проект со втора награда на Ноември - Месец на науката 2019 во категоријата VII-IX год.
Picture
Буквите во математичките задачи и формули
4 февруари 2020 во СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА
Математиката е дел од нашето секојдневие, а бројките и буквите се основата на нашето образование. Како може да се соединат овие наизглед два сосема спротивни поими (поради тоа што прва асоцијација за буквите се јазиците, а за бројките математиката)?
​Проект презентиран на Ноември - Месец на науката 2019 во категоријата VII-IX одд.
Picture
Правилни полиедри - зошто пет?
21 јануари 2020 во СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА
Полиедар (или рабесто тело) е фигура ограничена со површини коишто се составени само од многуаголници. За еден конвексен полиедар велиме дека е правилен ако сите негови ѕидови се пра­вилни мно­гу­а­гол­ници. Постојат само пет правилни полиедри уште познати како Платонови тела. Кои се  правилните полиедри и зошто ги има само пет?
​Награден проект со трета награда на Ноември - Месец на науката 2019 во категоријата VII-IX год.
Picture
Докази без зборови
9 јуни 2019 во СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА
Доказот без зборови е слика или серија слики кои даваат докази за некое математичко тврдење, т.е. преку набљудување, визуализација и мисловен процес да се сфати и открие пораката на сликата. Изразите „доказ без зборови“ или „визуелен доказ“ ги користиме ако зборуваме за фигура која изразува математички доказ со мало или никакво објаснување. Но, можеме ли доказот без зборови да го сметаме за вистински доказ?
​Награден експеримент со втора награда на Ноември - Месец на науката 2018 во категоријата I-IV год.
Picture
​Математика во модниот дизајн
6 јуни 2019 во СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА
​Модните дизајнери употребуваат голем дел од математиката, почнувајќи од наједноставните пресметки и формули, па сѐ до посложени проблеми од аритметика, алгебра, геометрија. Тие се применуваат при дизајнирање фустани со 2Д и 3Д форми, при кроење маици, пантолони и здолништа, при изработка на накит и високи потпетици, при изработка на ткаенини итн.
​​Награден експеримент со прва награда на Ноември - Месец на науката 2018 во категоријата 7-9 одд.
Picture
Зошто пчелите ги одбраа шестаголниците?
​
29 мај 2019 во СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА
Геометријата можеме да ја сретнеме секаде – цвеќињата, мрежата на пајакот, камењата, дури и кај клетките. Меѓутоа, природата има специфична наклонетост кон шестаголниците. Пчелите, избирајќи ги шестаголниците, добиваат максимална искористеност на просторот во нивните сандаци или во дивите живеалишта и исполнување на саќето со мед, полен и легло.
​​​​Награден експеримент со трета награда на Ноември - Месец на науката 2018 во категоријата I-IV год.
Picture
Со „пишување тајни пораки“ до интрига и авантура 
8 мај 2019 во СТАТИИ ОД МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА
Пишувањето тајни пораки е предизвик уште од многу одамна кога се пренесувале пораки при војување, но и денес кога модерната криптографија има за цел дизајнирање на алгоритми тешки за пробивање. Во овој труд е презентирана „машина за пишување тајни пораки“ со која можат да се пишуваат пораки само со три симболи и тоа: @, * и !.
Награден експеримент со прва награда на Ноември - Месец на науката 2018 во категоријата 7-9 одд.

Copyright © 2015 POIM
IP Address
Unique Hits
Powered by Create your own unique website with customizable templates.