ПОИМ ИЗВЕСТУВА: СЕДМИ СЕМИНАР„МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“, 15 МАРТ 2024
22 март 2024
Седмиот семинар „Математика и примени“ се одржа на 15 март 2024 година во просториите на Институтот за математика, а традиционално, беше поддржан од Природно-математичкиот факултет. Целта на семинарот е промовирање на математичките науки меѓу младите и пошироката јавност преку збир од научно-популарни предавања од областа на теориската и применетата математика, а е наменет за студентите и наставниот кадар на унивезитетите од земјава. Оваа година, беа одржани 19 предавања. Повеќе...

ПОИМ ИЗВЕСТУВА: ШЕСТИ СЕМИНАР„МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“, 17 МАРТ 2023
24 март 2023
Шестиот семинар „Математика и примени“ кој се одржа на 17 март 2023 година беше поддржан од Природно-математичкиот факултет и Инстутутот за математика. Неговата главна цел е промовирање на математичките науки меѓу младите и пошироката јавност преку збир од научно-популарни предавања од областа на теориската и применетата математика. Семинарот од оваа година е наменет за студентите и наставниот кадар на унивезитетите од земјава, но и за средношколците коишто сакаат да ги претстават своите трудови од споменатите области. На семинарот оваа година беа одржани 18 научно-популарни предавања. Повеќе...

ПОИМ известува: Петти семинар „Математика и примени“ 5-6 март 2021
15 март 2021
Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје пет години по ред го организира семинарот „Математика и примени“. Првиот семинар се одржа во 2016 година во чест на јубилејот „70 години од постоењето на Институтот за математика и Природно-математичкиот факултет“. Оваа година, Петтиот семинар „Математика и примени“, заради пандемијата од COVID-19, се одржа онлајн на платформата Microsoft Teams на 5-6 март 2021, а истовремено имаше стриминг и на You Tube каналот Institut za matematika PMF - YouTube. На семинарот беа одржани 36 предавања и тоа: 16 научно-популарни и 20 за наставата по математика. Беа регистрирани околу 350 учесници. Повеќе...

Четврти семинар „Математика и примени“, 13-14 декември 2019
27 декември 2019 Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје веќе четири години по ред ги организира семинарите „Математика и примени“. Четвртиот семинар „Математика и примени“, кој се одржа на 13 и 14 декември 2019 година, се изведува во рамки на стручно-апликативниот проект на Природно-математичкиот факултет „Популаризација на математиката“. Неговата главна цел е промовирање на математичките науки меѓу младите и пошироката јавност преку збир од научно-популарни предавања и предавања за наставата по математика. На семинарот беа одржани 19 предавања, а присуствуваа околу 200 наставници и 100 студенти и средношколци. |
Трет семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018
25 декември 2018 На 14 и 15 декември 2018 година на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Третиот семинар „Математика и примени“ како еден од низата годишни семинари кои почнаа да се одржуваат во 2016 година. Големиот интерес за семинарот, 29 предавања, посетеност од околу 200 наставници и 100 студенти и средношколци и интересот за трудовите произлезени од работата на семинарите, покажува дека треба да сме на добар пат при обновувањето и проширувањето на традицијата на Институот за математика во одржување математички семинари за популаризација на математиката. |
Втор семинар „Математика и примени“ 6-7 декември 2017
18 декември 2017 На 6 и 7 декември 2017 година, на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа Вториот семинар „Математика и примени“. По успешно одржаниот Прв семинар минатата година, овогодишниот Семинар беше насочен кон две цели: првата - промовирање на математичките науки меѓу учениците и студентите преку научно-популарни предавања и втората - унапредување на наставата по математика во основните и во средните училишта. Беа одржани 10 научно-популарни предавања и 23 предавања за наставата по математика. Посетеноста беше масовна (околу 400 учесници). |
Прв семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016
27 декември 2016 На 14 декември 2016 година на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржa Првиот семинар „Математика и примени“. Семинарот се организираше во чест на 70 годишнината од основањето на Природно-математичкиот факултет и постоењето на Институтот за математика. Работата на Семинарот беше јавна и отворена. На Семинарот беа презентирани 26 предавања со научно-популарен карактер од областа на чистата и на применетата математика и предавања од областа на наставата по математика во основно и во средно училиште. |
Работилница „Математиката и предвидувањата“, 11 мај 2016
10 јуни 2016 На почетокот на месец мај 2016 година, во организација на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, се одржа Работилницата „Математиката и предвидувањата“ на која земаа учество 12 предавачи со своите научно-популарни излагања за примена на математиката во предвидувањата во осигурувањето, на берзата, во физиката, биометријата, психологијата, криминалистиката, како и предвидувањата во наставата по предметот математика. |