ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Семинар „Математика и примени“
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

АКТИВНОСТИ

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

ПРОМОЦИЈА НА ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАТЕМАТИКА, 16 ДЕКЕМВРИ 2021

Picture
Денес, 16 декемвери 2021 година, Природно-математичкиот факултет свечено ја одбележа 75-годишнината од неговото формирање. По тој повод беа организирани свечености на факултетско ниво и по институтите.

На Институтот за математика беа доделени дипломите на студентите кои дипломирале изминатава година. Ја користиме оваа прилика, на сите овогодинешни дипломци, да им ја честитаме промоцијата и да им посакаме успех во кариерата и животот воопшто.

Му го честитаме и успехот на најдобро дипломираниот студент на студиите по математика, Мартин Ѓорѓевски, кој дипломираше на теориска математика со просечен успех 9,90 и воедно е прогласен и за најдобро дипломиран студент на Природно-математичкиот факултет.

Ѝ го честитаме успехот на најдобро дипломираниот студент на двопредметните студии, Елена Лефкова, која дипломираше на математика-физика со просечен успех 9,30.

Picture
Иако веќе ги завршивте вашите студии на Институтот за математика, треба да знаете дека вратите на нашиот Институт ќе бидат секогаш отворени за вас. Ние ќе бидеме секогаш подготвени за соработка и желни да ги споделите со нас вашите професионални успеси за заеднички да се радуваме.
Информира: 
Проф. д-р Ирена Стојковска, Раководител на Институт за математика, ПМФ, Скопје
​
Обjавено на:
16 декември 2021 година
​
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, Промоција на дипломираните студенти на Институтот за математика - 16 декември 2021, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 16 декември, 2021, http://poim-pmf.weebly.com/promocija-na-diplomiranite-studenti-na-institutot-za-matematika-16-dekemvri-2021.html
Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.

Copyright © 2015 POIM
web counter
Powered by Create your own unique website with customizable templates.