ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Семинар „Математика и примени“
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

АКТИВНОСТИ

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2018

Picture
​И оваа 2018 година, во текот на месец ноември, се одржа манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - Месец на науката“ 2018 во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. Овој настан беше наменет за учениците од основните и средните училишта, наставниците, но и за пошироката јавност. Реализацијата на настанот беше во три дена од три викенда (10 ноември 2018 за ученици од I-VI одд, 17 ноември 2018 за ученици од VII-IX одд. и 24 ноември 2018 за ученици од I-IV год), а се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Преку организирани предавања, натпревари во експерименти, работилници и посети на лабаратории, сите кои присуствуваа на оваа манифестација придонесоа за популаризација на природните науки и математиката. За време на натпреварите по експерименти, манифестацијата беше отворена за посетители од надвор во секој од деновите од 11 до 13 часот.

Од областа на математиката беа одржани следните предавања:
10.11.2018 (сабота), I-VI одд.
  • Валентина Гоговска, ИМ, ПМФ -  Математичка гимнастика (апстракт)
17.11.2018 (сабота), VII-IX одд.
  • Стефан Мирчевски, ИМ, ПМФ - Линеарно програмирање - од настава до секојдневие (апстракт)
​24.11.2018 (сабота), I–IV год
  • Емилија Целакоска, ОМИ, МФ - ​Препознавање на некои логички недоследности (апстракт)
Во секој од трите викенда се одржаа натпревари во експеринменти/презентации по математика. На овие натпревари учествуваа вкупно 61 ученик со 43 експерименти. Комисиите беа едногласни во тоа дека учениците и нивните ментори максимално се вложиле во изработките и презентациите, и жалат што не можеа да доделат повеќе награди. Беа наградени најуспешните:
Наградени демонстрации по математика I-VI одд (10.11.2018)
(во натпреварот учествуваа: 4 експерименти од IV одд., 1 експеримент од V одд. и 3 експерименти од VI одд.)
I награда 
  • „Неперови коски“ - Андреј Тасиќ IV одд., ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје, ментор: Елизабета Лазовска - Тасиќ
  • „Правилни многуаголници и нивно цртање во програмскиот јазик Scratch“ - Никола Стојковски и Андреа Поповска IV одд., ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје, ментор: Марија Ѓорѓиевска
II награда
  • „Пресметување плоштина на многуаголник со користење мрежа од квадрати“ - Мила Варсакевска, ООУ „Александар Урдаревски“, Скопје, ментор: Николина Ѓорчевска
III награда
  • ​„Работа со податоци“ - Матеа Борски и Миа Зарева IV одд., ООУ „Никола Карев“, Пробиштип, ментор: Марија Богатиновска
  • „Математиката во архитектурата“ - Ивана Иванова VI одд., ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино, ментор: Силвана Миладинова
  • „ЧИМПУ - нестандарден начин на запишување броеви“ - Сара Пршевска VI одд., ООУ „Александар Урдаревски“, Скопје, ментор: Николина Ѓорчевска  
​Комисија: проф. д-р Ѓорѓи Маркоски и доц. д-р Валентина Гоговска.

Наградени демонстрации по математика VII-IX одд (17.11.2018)
(во натпреварот учествуваа: 7 експерименти од VII одд., 6 експерименти од VIII одд. и 11 експерименти од IX одд.)
I награда
  • „Машини за пишување тајни пораки“- Мелани Пешова VII одд., ООУ „Страшо Пинџур“, Карбинци, ментор: Силвана Јакимовска Бинова
  • „Математиката во модниот дизајн“ - Елена Петковска IX одд., ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино, ментор: Силвана Миладинова
II награда
  • „Аршин“ - Алексиј Тасиќ VII одд, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Скопје, ментор: Елизабета Лазовска-Тасиќ
  • „3Д хартиен графикон vs 3Д електронски графикон“ - Ѓорѓи Илиевски VIII одд., ООУ „Петар Поп Арсов“, Чашка, ментор: Славица Карбева Стојковиќ
III награда
  • „Талесова теорема и прпорционални отсечки“ - Андреј Ковачев VII одд, ООУ „Никола Карев“, Пробиштип, ментор: Живко Ангеловски
  • „Мерење течности“ - Марија Кајевска VII одд., ООУ „Александар Урдаревски“, Скопје, ментор: Николина Ѓорчевска
  • „Математичка позадина на трикови со карти“ - Софија Арнаудова и Даниел Угарчев VIII одд., ООУ „Кирил и Методиј“, Стојаково, ментор: Стево Ѓоргиев
  • „Математичка карта“ - Христина Маркова и Мирјана Чавдарова IX одд., ООУ „Петар Мусев“, Богданци, ментор: Адријана Тодорова
​Комисија: проф. д-р Валентина Миовска, доц. д-р Анета Гацовска-Барандовска и проф. д-р Ирена Стојковска.

Наградени демонстрации по математика I-IV год (24.11.2018)
(во натпреварот учествуваа: 1 експеримент од I год., 2 експеримента од II год., 2 експеримента од III год. и 6 експерименти од IV год.)
I награда
  • „Оптимална брзина на човекот за време на дождлив ден“ - Мартина Танева III год. и Ќендреса Селими IV год., ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, ментор: Мевлудин Даути
II награда
  • „Докази без зборови“ - Верица Спасковска II год., ПСУ „Јахја Кемал“, Струмица, ментор: Хатиџе Чобан
III награда
  • „Зошто пчелите ги одбраа шестаголниците?“ - Ангела Маџирова I год., ПСУ „Јахја Кемал“, Струмица, ментор: Хатиџе Чобан
  • „Математички ноти“ - Беса Казиу IV год., ПСУ „ИУ Маариф“, Тетово, ментор: Елиф Џелили
Комисија: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова и асс. м-р Марко Димовски.
Во првиот ден наменет за најмалите ученици I-VI одд, се реализираше и работилница по математика насловена „Математиката е повеќе од бројки“ под водство на проф. д-р Ирена Стојковска и проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова. Теми кои се обработуваа на работилницата беа Предвидувања со коцки и Игри со Мебиусова лента.
Во организацијата и реализацијата на манифестацијата, ативно учество земаа и студентите на математика: Ивана Ташковска, Фросина Јакимовска, Моника Богоевска, Маријана Крстеска и Александра Начкоска.
Дополнување: Во категоријата Статии од Месецот на науката објавуваме статии произлезени од експериментите по математика презенирани на манифестацијата Ноември - Месецот на науката 2018.
Известуваат: 
Проф. д-р Ирена Стојковска, 
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова
Институт за математика, ПМФ, Скопје
​
Обjавено на:
27 ноември 2018
​
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, „Ноември - Месец на науката“ 2018, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 27 ноември 2018, http://poim-pmf.weebly.com/noemvri-mesec-na-naukata-2018.html
Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.

Copyright © 2015 POIM
Home Remedies For Wrinkles
Powered by Create your own unique website with customizable templates.