АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
ПРВ СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“, 14 ДЕКЕМВРИ 2016
На 14 декември 2016 година на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржa најавениот Прв семинар „Математика и примени“. Семинарот се организираше во чест на 70 годишнината од основањето на Природно-математичкиот факултет и постоењето на Институтот за математика. Работата на Семинарот беше јавна и отворена. Главна цел на Семинарот беше промовирање на математичките науки меѓу младите и математичка наобразба на јавноста, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, насоки и можности за идни истражувања во полето на математичките науки и нејзините примени.
Координатори на Семинарот беа проф. д-р Ирена Стојковска, проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова и м-р Марко Димовски. Семинарот го отвори раководителот на Институтот за математика, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски. Програмата предвидуваше 26 дваесетминутни предавања, од кои 13 предавања со научно-популарен карактер од областа на чистата и на применетата математика и 13 предавања од областа на наставата по математика во основно и во средно училиште, кои беа распределени во две секции, соодветно (види Програма и Книга со апстракти). Водители на секциите беа проф. д-р Ирена Стојковска, проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова и доц. д-р Валентина Гоговска.
Предавањата ги држеа професори, асистенти и студенти од неколку факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“: Природно-математичкиот факултет, Факутетот за електроника и информациски технологии, Машинскиот факултет, Технолошко-металуршки факултет, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, но и од Универзитетот за информациско-комуникациски технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и професори и наставници од средните и основните училишта од Република Македонија. Семинарот беше масовно посетен (над 230 учесници), а се доделија сертификати и за предавачите и за учесниците (види Список на учесници и Галерија).
Во продолжение ви ги презентираме предавањата на Семинарот, според нивниот редослед на излагање во секоја од секциите. За дел од ове предавања ви ги приложуваме презентациите, за дел од нив објавивме статии на ПОИМ, а дел се публикувани како трудови во рамките на научно-популарната едиција Математички омнибус.

Секција А.
- Емилија Целакоска
Белешки за Ламбертовата функција
(апстракт), (презентација), (ПОИМ статија), (труд) - Сања Атанасова и Катерина Хаџи-Велкова Санева
Интегрални трансформации: математички и инженерски пристап
(апстракт) - Анета Гацовска-Барандовска
Веројатноста во основата на животното осигурување
(апстракт), (презентација) - Ирена Стојковска
Задачата на патувачкиот трговец
(апстракт), (презентација), (ПОИМ статија), (труд) - Моника Пешевска и Александар Ѓурчиновски
Математиката на иднината патување со натсветлински брзини
(апстракт), (презентација), (ПОИМ статија), (труд) - Весна Целакоска-Јорданова
Неизмерната убавина на простите броеви
(апстракт), (презентација), (ПОИМ статија), (труд) - Стефан Мирчевски
Големата теорема на Ферма
(апстракт), (презентација), (труд) - Стефан Шорко и Анета Велкоска
Брза берза - софтвер за финансиска математика
(апстракт), (презентација) - Кристина Новковска и Марко Димовски
Математички модел на францускиот парадокс
(апстракт), (презентација), (труд) - Филип Николовски
Компресирање на дигитални слики со помош на SVD разложување на матрици
(апстракт), (презентација), (труд) - Анета Велкоска
Математиката на социјалните мрежи
(апстракт), (презентација), (труд) - Невена Серафимова
Игри во политика, економија, војна: колку сме сериозни?
(апстракт), (презентација), (труд) - Дафина Шекутковска
Примена на топологијата во атмосферските науки за предвидување на атмосферски појави преку препознавање на облици
(апстракт), (презентација), (труд)
Секција Б.
- Вјолца Адеми
Да ја зачуваме природата со помош на математиката.
(апстракт), (презентација) - Александра Арсовска
Примена на компјутерската програма GeoGebra при изучување содржини од аналитичка геометрија
(апстракт), (презентација), (труд) - Силва Атанасова
Улогата на наставникот при мотивирање на учениците во процесот на учење математика во основното образование
(апстракт), (презентација) - Лидија Кондинска, Снежана Стојанова и Гордана Анастасова
Планирање на наставата по математика согласно наставните програми за основно образование (2007-2009 и 2013-2015)
(апстракт), (презентација), (труд) - Маја Танчевска и Тамара Симјаноска
Комбинаторика во наставата по математика
(апстракт), (презентација) - Даниела Стојановска
3Д дизајн во наставата по математика
(апстракт), (презентација) - Маријана Тошевска
Случај на истражување на корелацијата помеѓу наставните цели во математиката и физиката во VIII и IX одделение предвидени за првото тримесечје
(апстракт), (презентација) - Ерблина Зеќири
Математичко моделирање во наставата по математика преку конкретни примери
(апстракт), (презентација) - Лидија Кондинска и Снежана Ристовска
Карактеристики на наставните програми по математика за основно образование (1996-1998, 2007-2009 и 2013-2015)
(апстракт), (презентација), (труд) - Адријана Тодорова
Примената на геометриските тела
(апстракт), (презентација), (труд) - Билјана Цветкоска, Никола Скендеров, Елизабета Манеска, Жанко Митрески и Влатко Грујоски
Примена на ИКТ во наставата по математика во основното образование
(апстракт), (презентација), (труд) - Валентина Палифрова
Специфичности на примената на самостојно учење по пат на решавање проблеми - проблемска настава во основно образование
(апстракт), (презентација), (труд) - Даниела Димишковска
Паралели - македонскиот образовен систем и светските образовни гиганти
(апстракт), (презентација), (труд)
Ова се дел од фотографиите од работата на Семинарот (повеќе фотографии може да најдете во Галеријата на ИМ-ПМФ):
|
Известуваат:
Проф. д-р Ирена Стојковска,
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова и
М-р Марко Димовски
Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
27 декември 2016
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, М. Димовски, Прв семинар „Математика и примени“, 14 декември 2016, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 27 декември 2016, http://poim-pmf.weebly.com/prv-seminar-matematika-i-primeni-mip2016.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.