РЕКЛЕ ЗА ...Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
... математиката
... образованието
... кариерата
... теоријата
- Математиката не е машина со која се пишуваат дефиниции, теореми и докази, и се даваат примери. Таа е многу поинтересна од тоа. - Karen Uhlenbeck, првата жена добитник на Абелова награда (2019).
- Суштината на математиката, лежи во нејзината слобода. - Џорџ Кантор
- Ако се чувствувам несреќно, се занимавам со математика за да станам среќен. Ако сум среќен, се занимавам со математика за да останам среќен. - Алфред Рењи
- Големата книга на природата може да ја прочитаат само оние што го знаат јазикот на кој таа е напишана. А тој јазик е математиката. - Галилео Галилеј
- Математиката, ако се зборува симболично, поблиска е до Непознатото од говорот или од сликата. Математичката формула може да го каже она што не можат да го кажат ни говорот, ни сликата, па ни музиката, која е се' уште релативно, најматематичка. - Мирослав Крлежа
- Математиката е вештина да се нарекуваат различни нешта со исто име. - Поенкаре
- Општо земено, математиката во својата основа е наука за нештата што се сами по себе очевидни. - Феликс Клајн
- Математиката не познава ниту расни ниту географски граници; за математиката, културниот свет е една држава. - Дaвид Хилберт
- Не постои ниеден дел од науките каде ниедна од математичките дисциплини не може да се примени, или кој не е во релација со ниедна математичка област. - Леонардо да Винчи
- Животот е добар само за две нешта: откривање на математиката и држење настава по математика. - Симеон Поасон
- Математиката ги открива своите убавини само на оние кои и' пристапуваат со чиста љубов, заради нејзината сопствена убавина. - Архимед
- Не грижете се за вашите потешкотии со математиката. Ве уверувам дека моите се уште поголеми. - Алберт Ајнштајн
- Математиката е азбуката со која Господ го создал Универзумот. - Галилео Галилеј
- Ако луѓето не веруваат дека математиката е едноставна, тоа е само затоа што тие не разбираат колку животот е комплициран. - Џон Фон Нојман
- Математиката не е само најмоќното орудие што го создал човекот за да ги проучува и победи слепите природни сили. Таа е исто така најубав производ на човечката фантазија и нејзината вредност како уметничко дело ја надминува нејзината корисност во очите на оние што ја познаваат... Таа има убавина што и' е својствена само нејзе и нејзиното проучување може да пружи најинтензивни интелектуални радости. - Борел
... образованието
- Добро искуство со добар учител е клуч на добро учење на што било. - W. Glasser
- Ако кон една личност се однесуваш како да е она што треба да биде и што може да биде, тогаш таа ќе стане тоа што треба да биде и што може да биде. - Goethe
- Најважниот придонес коешто образованието може да му го пружи на развојот на детето е да му помогне да се насочи кон она подрачје на кое најмногу одговара неговата надареност, каде што ќе биде задоволен и стручен. - D. Goleman
- Многу малку ученици учат во училиште зашто сметаат дека образованието е значајно за нив. Тие работат за вас зашто ве сакаат и зашто гледаат смисла во тоа што ги подучувате. - W. Glasser
- Ученикот не е лонец што треба да се наполни, туку факел што треба да се запали.-стара мудра изрека
- Вистинскиот наставник ја познава и употребува својата наставна програма, како диригентот партитурата на својата симфонија.-Rösner
- Од сите наставници најмногу треба да се плашиме од досадните наставници.-Rösner
- За жал, со човечките емоции не може да се раководи, бидејќи емоциите не може да се наметнуваат. Наставниците можат да инсистираат учениците да го набљудуваат објектот, да го трансформираат, да размислуваат за него, но не можат да инсистираат учениците да бидат одушевени, ако наставата е здодевна, да бидат радосни ако наставата им е неугодна, да бидат ведри ако наставата е суморна, да бидат заинтересирани ако наставата им е неинтересна. - Полјак
- Секој е гениј, но доколку ја вреднуваш рибата по нејзината способност да се искачи на дрво, тој гениј ќе го живее целиот свој живот верувајќи дека е глупав. - Алберт Ајнштајн
- Дете без образование е како птица без крилја. - Тибетантска поговорка
- Образованието е најмоќното орудие со кое може да го смениш светот.- Nelson Mandela
- Децата треба да се учат како да размислуваат, а не што да размислуваат. - Margaret Mead
- Тајната на образованието лежи во почитувањето на студентите. - Ralph Waldo Emerson
... кариерата
- Нашата најголема слабост лежи во откажувањето. Најсигурен пат до успехот е да се обидеш уште еднаш. - Thomas A. Edison
- Најдобриот начин да ја предвидиш иднината е да ја креираш. - Abraham Lincoln
- Не е во тоа што си постигнал, туку што си пребродил. Тоа ја одредува твојата кариера. - Carlton Fisk
- Неуспехот е состојката која му дава вкус на успехот. - Truman Capote
- Одбери работа која ја сакаш, и нема да треба да работиш ниеден ден во твојот живот - Конфучие
... теоријата
- Теориски - теоријата и праксата се едно исто. Во пракса - не се. - Алберт Ајнштајн
- Ако фактите не одговараат на теоријата, смени ги фактите. - Алберт Ајнштајн