АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ - ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПМФ, 30 НОЕМВРИ 2021
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, на 30 ноември 2021 г. го одржа онлајн настанот „Отворен ден на УКИМ“. Мотото под кое се одржа овој настан беше: „Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја! Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје!“
Во рамките на овој настан, истиот ден од 12 часот беа презентирани студиските програми на Природно-математичкиот факултет (ПМФ), активностите на студентите и центрите за кариера. Учениците кои присуствуваа на овој настан имаа можност одблизу да се запознаат со дел од професорите и студентите кои студираат на ПМФ, да дознаат за спецификите на секоја од студиските програми, да ги слушнат искуствата на студентите за нивното студирање, нивната вклученот во научноистражувачки проекти, можноста за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности итн. Настанот го отвори проф. д-р Александар Скепаровски, Декан на ПМФ, модератор на настанот беше проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ, Продекан за наставни и студентски прашања на ПМФ, а секој од институтите при ПМФ беше претставен од страна на Раководителот на соодветниот институт. Во презентацијата учествуваа и Даниел Николовски, претседател на Факултетското студентско собрание на ПМФ, како и студенти од секој од институтите.

Презентер на Институтот за математика беше проф. д-р Ирена Стојковска, Раководител на Институтот, која истакна дека Институтот за математика реализира студиски програми на сите три циклуси на студии - додипломски, магистерски и докторски студии, на кои пред сѐ се трудиме да ги научиме нашите студенти да бидат стручни во својата област, да ги владеат темелно математичките законитости и да бидат целосно подготвени да се соочат со предизвиците на своите работни места, било како наставници, програмери, актуари, аналитичари или статистичари. Имено, на студиите по математика, покрај тоа што студентите се стекнуваат со потребните базични математички познавања, тие стекнуваат и вештини за аналитичко расудување, потребно за решавање на различен вид на проблеми и се подготвени да одговорат на барањата на работните места за кои се потребни нови идеи и иновативни пристапи.
На првиот циклус студии на Институтот за математика, идните студенти може да се одлучат да студираат една од следните студиски програми:
- НАСТАВНА МАТЕМАТИКА и да се стекнат со звањето дипломиран професор по математика, со можност за вработување како професор по математика во средните и основните училишта,
- ТЕОРИСКА МАТЕМАТИКА и да се стекнат со звањето дипломиран математичар со можност за вработување во високообразовните институции како математичари - истражувачи, но и во индустрискиот сектор во одделите за истражување и развој,
- АКТУАРСКА И ФИНАНАСИСКА МАТЕМАТИКА и да се стекнат со звањето дипломиран математичар, инженер по актуарска и финансиска математика со можност за вработување во осигурителни компании, инвестициски фондови, банки, како актуари, бизнис аналитичари, консултанти и др.
- ПРИМЕНЕТА МАТЕМАТИКА и да се стекнат со звањето дипломиран математичар, инженер по применета математика со можност за вработување во индустрискиот сектор како аналитичари, програмери, статистичари, кои работат на развивање и примена на нови математички модели за решавање на реалните проблеми,
- МАТЕМАТИКА-ИНФОРМАТИКА и да се стекнат со звањето дипломиран професор по математика-информатика за основно образование,
- МАТЕМАТИКА-ФИЗИКА и да се стекнат со звањето дипломиран професор по математика-физика за основно образование.
За време на студиите, студентите на математика активно учествуваат во дополнителни активности надвор од предметите во рамките на студиската програма. Со свои трудови и излагања учествуваат во работата на семинарите „Математика и примени“, студентските конференции и манифестации, како на пример Приматијадите, од каде редовно се враќаат со награди за истражувачките трудови. Во рамки на практичната настава, студентите на Институтот за математика имаат можност да се стекнат со почетни работни искуства во училиштата, банките, осигурителните компании, инвестициските фондови, Државниот завод за статистика, софтверските компании и компаниите за производство. Студентите учествуваат и во активностите на Сојузот на математичари на Македонија во спроведување на натпреварите за математика и други активности, придонесуваат и во збогатувањето на содржините на Порталот на Институтот за математика – ПОИМ.

Своето искуство за студирањето на Институтот за математика го споделија и студентите Ана Плетварец и Моника Симова кои со своите изјави значително придонесоа за оформување на комплетната слика за тоа што значи да се студира математика и како изгледа студирањето на математиката на Институтот за математика.
Ана Плетварец, студент на втора година на студиите по применета математика, истакна: „Среќна сум што ја имам оваа можност да се обратам кон идните студенти. Пред кратко време и јас бев на истата крстосница како и вас и мислам дека е многу убаво кога ќе слушнеш искуство од некој што веќе го студира она што ти го гледаш како една од опциите за понатамошно надоградување. Математиката ја одбрав затоа што ја сакав пред сѐ, не со некои лукративни цели. Морам да признаам дека мојата професорка по математика од средно имаше голем удел во создавањето на мојата љубов кон математиката и за моето поимање за математиката како наука. Затоа што математиката не е само барање на некоја вредност, решавање на одредена задача или пресметување на некој израз, туку математиката е начин на размислување, а можеби и на живеење.
Моето искуство како извидник, ме научи на три најбитни работи кои си ги повторувам секој ден, а тоа се: биди храбар, љубезен и никогаш не се откажувај. Математиката токму ова секојдневно ми го покажува на дело. За да почнеш да решаваш некој проблем прво треба да бидеш храбар за да се соочиш со предизвикот, да бидеш љубезен кон другите, бидејќи од секого можеш да научиш нешто кое што може да ти биде корисно во иднина и не се предавај, не се откажувај кога ќе стане најтешко туку продолжи да го бараш решението за да го надминеш предизвикот.
Со ова само сакав да ви доловам дека при учење на математичките премети, не само што вие добивате повеќе знаење и се надградувате интелектуално, туку вие го градите и вашиот карактер во секоја смисла на зборот. Општо земено, студирањето математика е многу повеќе од изучување на математичките апарати, математиката е виновна за создавање на навики и вештини кои се многу корисни во секојдневниот живот.
Накратко, моите пораки до идните колеги се следните:
1. Прво опуштете се, ќе го направите вашиот избор, најверојатно тој ќе биде вистински, а ако можеби погрешите, секогаш имате втора шанса, секогаш гледајте на позитивните страни, подобро е да се прават грешки на помлади години и да се учи од нив.
2. Слушајте се само себеси, не сите други, бидејќи секој си е посебен сам за себе и секој различно ги перцепира работите, секако секој си има различно искуство.
Тоа дали е тешко или лесно нека не ви биде пресудно при донесување на одлука, бидејќи било кој факултет да го запишете, ако не учите редовно и не го сакате, нема да ви биде лесно. Се’ може да се постигне со редовно исполнување на задачите
3. Одберете нешто што има вредност за вас и што ве исполнува. Можеби вие сакате да бидете професори по математика што ќе ги поттикнат учениците да ја засакаат математиката, како мене мојата професорка, кој знае можеби вие ќе бидете оние кои што на некого ќе му го промените животот на подобро.“

Моника Симова, студент на втора година на студиите по актуарска и финансиска математика го сподели своето искуство за одлуката да студира математика и искуството за студиите на Институтот за математика: „Кога бев четврта година средно, во септември-октомври почнуваше да се зборува за полагање на државната матура, па секојдневно се слушаа прашањата: “Што да изберам за екстерен предмет за матура, а што за интерен, по кој предмет да правам проектна”, но сето тоа се сведуваше на: “Ќе изберам предмет кој ќе ми донесе најмногу бодови при запишување на факултет.” Па тоа беше и главното прашање, односно каде да се запишам на факултет. Јас уште од основно ја имав засакано математиката па ако ништо друго знаев дека факултетот на кој ќе студирам мора да биде поврзан со математика.
Разговарав со професорката по математика од средно која ми кажа да ги разгледам смеровите на Институтот за математика на ПМФ. Па за секој од смеровите наставна, теориска, применета, актуарска и финансиска математика, ги гледав предметите и програмите за истите, за да бидам отприлика запознаена со содржината на материјалот. Откако видов дека тоа е нешто што би го учела, следното прашање кое си го поставив беше: што можам да работам како математичар по завршување на студиите? И искрена да бидам до тогаш не знаев дека како математичар би имала толку многу можности за вработување. Започнувајќи од професор во основно и средно училиште, универзитетски професор, статистичар, аналитичар, актуар, нумеричар, дури и програмер и биоматематичар. Можеби овие поими на вас ништо не ви значат, но се зависеше од тоа дали сакав да бидам професор по математика или можеби да ја изучувам примената на математиката која се користи во индустриските сектори. Нешто што лично мене најмногу ме привлече беше актуарството, кое што во себе вклучува меѓусебно поврзани дисциплини како што се веројатност и статистиика, финансии, економија и слични. Па тогаш и ја донесов мојата конечна одлука дека ќе се запишам на Институтот за математика на ПМФ.
Сега вака како студент на Институтот за математика, нешто што сигурно би ме прашале е: “Дали е тешко?” А јас ќе ви кажам дека ќе ви биде многу тешко доколку не учите редовно. Знам дека ова е нешто што ни го зборувале професорите и во основно и во средно училиште и искрено ретко кој од нас го применувал истото, но доколку сакате да постигнете добар успех на факултет, ќе треба да бидете посериозни. Не сакам да ве исплашам, баш напротив. Доколку вие навремено ги исполнувате своите обврски, и учите со разбирање, ќе постигнете сѐ, и јас ви ветувам дека нема да имате потешкотии и дека вашиот труд секогаш на крај ќе се исплати. Особено математиката бара константно решавање на задачи и редовно учење, а за да имате максимални резултати, мора да давате свој максимум. На моменти многу нешта ќе ви изгледаат потполно бескорисни и непотребни, и верувам дека секој од нас барем еднаш се запрашал: Кога ќе ми затреба мене ова во животот? Но за многу кратко време ќе научите да гледате подалеку од броевите, теоремите, својствата и доказите и ќе сфатите дека математиката има многу поголема примена отколку што сте мислеле. Математиката можеби е тешка, но тоа не ја прави невозможна.
Тука се секако и професорите и асистентите кои ни помагаат за се што ни е нејасно. Консултации можеме да побараме од било кој професор и асистент и до сега никогаш не не одбиле. Имало моменти кога сум ги преплавувала со прашања. Дури и јас кога ќе сум се откажела пред време со помислата дека беспотребно го трошам и нивното, а и своето време додека тие се трудат да ми објаснат нешто што мислам дека нема да го разберам, тие самите не се откажувале додека не ми разјаснат сѐ. Можеби не ми ги решавале секогаш задачите за кои сум ги прашала, но ме насочиле кон решението со цел да ме натераат да размислувам повеќе и јас самата да ја решам задачата. Па, мислам дека според ова можете и самите да заклучите дека поголемиот дел од професорите и асистентите се достапни во текот на денот и повеќе отколку што треба.
Доколку ја сакате математиката тогаш според мене, институтот за математика на ПМФ со сигурност ви е една од опциите за студии. Верувам дека ќе се пронајдете во некој од смеровите кои нема да ве разочараат во своите очекувања. Покрај дружбата со колегите која ќе произлезе од заедничката соработка, знаењето кое ќе го добиете благодарение на нашите професори, но секако и трудот кој ќе го вложите самите вие, ви отвара врати на бројни работни места за дефицитарни професии. Се надевам дека барем нешто од ова ќе ви биде од помош при донесување на одлуката за тоа кој факултет ќе го изберете и дека ќе бидете задоволни со одлуката која што сте ја донеле.“

Драги наши идни студенти, ако ја сакате математиката и подготвени сте да ја засакате уште повеќе, ве уверувам дека Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет е вашиот вистински избор!
Информира:
Проф. д-р Ирена Стојковска, Раководител на Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
30 ноември 2021 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, Отворен ден на УКИМ - Презентација на ПМФ - 30 ноември 2021, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 30 ноември, 2021, http://poim-pmf.weebly.com/otvoren-den-na-ukim---prezentacija-na-pmf---30-noemvri-2021.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.