АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
СОРАБОТКАТА ГО ЈАКНЕ НАШЕТО ЧУВСТВО ЗА СОЛИДАРНОСТ И ПОДДРШКА, СО ЦЕЛ ПРОФЕСИЈАТА НАСТАВНИК ДА ДОБИЕ ДОСТОЈНО И РЕСПЕКТАБИЛНО МЕСТО ВО ОПШТЕСТВОТО – ИНТЕРВЈУ СО СНЕЖАНА ЗЛАТКОВСКА, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА
Наставник е професијата која е создавач на сите други професии, а наставниците се најодговорните и најважните членови на општеството, затоа што нивните професионални вложувања влијаат на иднината на тоа општество.
Овој циклус на интервјуа го посветуваме на професијата наставник по математика. Неколку успешни наставници ќе ни ги отворат своите срца и ќе се обидат да ни го доловат сопственото професионално искуство, што значи да се биде наставник по математика. Првиот наш соговорик е Снежана Златковска, наставник по математика во ООУ „Илинден“ во Крива Паланка.
Што ве мотивираше да ја одберете професијата наставник по математика?
Отсекогаш ме привлекувале природните науки, затоа што даваат широк простор за истражување, а не готови решенија. Математиката, иако е егзактна наука, сепак нуди многу можности за размислување, експериментирање со различни начини и постапки за решавање на проблемите. Јас ги сакам предизвиците, сакам да се соочувам со непознатото, да ја применувам логиката и да откривам креативни решенија. Затоа, уште од почетокот, математиката беше мој избор. Многу сум повешта да зборувам низ бројки и формули, да градам приказна на докази, но и да откривам нови простори на интервенција. Најверојатно, слободата и бесконечноста на можностите, како и просторот за учење и надградување што ги дава математичката наука, беа пресудни таа да стане моја професија.
Од друга страна, изборот да се посветам на образованието е спој помеѓу сопственото задоволство да решавам математички проблеми, но и желбата тоа искуство да им го пренесам на другите. Сакам да им ја приближам математиката на учениците, да им укажам колку може да им биде од корист во нивниот личен и професионален развој, кога ќе се најдат пред животни предизвици, односно да знаат да направат „математика“ кога носат важни одлуки. А, истовремено, да сфатат дека математиката не е апстрактна, туку, напротив, лесно разбирлива и достапна за сите.
Што најмногу ве привлекува во оваа професија?
Можноста да се пренесе знаењето, да се почувствува задоволството и резултатите на учениците се најголем мотив за наставникот и поттик тој да работи посветено во својата професија. Ме привлекуваат отворените можности за унапредување на воспитно-образовниот процес, постојано да се внесе нешто ново во наставата, за што, пак, мора да вложуваме во себеси. Во својата едукациска работа се раководам од девизата дека знаењето не може да се пренесе релевантно и на практичен начин, доколку и самиот наставник постојано не се едуцира и надградува. Ваквиот пристап особено доаѓа до израз и дава резултати во услови на далечинско учење, кое што беше наметнато во време на пандемија, но кое е и иднината на образованието во процесот на дигитализацијата и имплементација на Европската дигитална агенда во нашата држава. Затоа, самоиницијативно или во рамките на образовните политики на РСМ, досега имам поминато бројни обуки и се имам стекнато со многу сертификати за развивање на добри практики и унапредување на наставата. Со нив видно се олеснува спроведувањето на наставната програма и усвојувањето на градивото од страна на учениците. Тоа е мојот најголем предизвик-постојано да се усовршувам и да бидам во „служба“ на моите ученици, да ме направат горда со своето знаење и вештини.

Како успевате да ги мотивирате учениците, како учениците тоа го прифаќаат?
Во моето 25-годишно искуство како наставник по математика, професионалниот развој го темелам исклучиво во интерес на моите ученици, како да им го доближам предметот на едноставен и разбирлив начин, но сепак според најновите образовни стандарди и со примена на најсовремени, иновативни и инвентивни алатки и методи. Поточно, како да го направам часот поинтересен и да ги мотивирам сите да се вклучат во активностите. На пример, во последен момент се откажува закажана писмена работа и се појавуваат две групи на ученици: едни што веднаш престануваат да вежбаат и други што продолжуваат да работат, затоа што задоволуваат некоја внатрешна потреба, желба за постигнување и личен развој. Одговорност на наставникот е како да ги мотивира учениците од првата група да преминат во втората група и да го усовршуваат своето знаење, без принуда и притисок од наставникот.
Сметам дека, како педагог, најпрвин е најважно да воспоставам однос со ученикот, да покажам доверба кон него и неговите способности. Наставникот секогаш мора да има позитивен став, да биде трпелив и упорен за да вгради самодоверба кај ученикот. Затоа, многу е важно секој час да биде интерактивен, да отворите дебата, дискусија, да ги ангажирате учениците да истражуваат и да го применат наученото, да им поставувате прашања, да им понудите интересни презентации, едукативни и креативни игри и сите ученици да ги вклучите во нив. Ова се моќни алтки со кои ќе го задржите нивното внимание, а методот на учество на сите ќе ја зајакне нивната одговорност дека од секој од нив подеднакво зависи успешниот резултат.

За да ги мотивирам учениците користам најразлични методи и форми на учење: за асинхроните активности пред почетокот на часот честопати го користам пристапот на flipped classroom –“превртена училница“, а за синхрони активности зависи од содржината која се обработува, но ако сакаме да постигнеме ефект треба да поврземе со нешто реално, по можност видливо Визуелизацијата на податоците, операциите и реалните проблемски ситуации го развиваат чувството на логика и правилно заклучување. Од моето досегашно искуство, најголем ефект кај помалите ученици има учењето преку игра, порано правевме игрички во училница со разновидни картички со задачи но денес барем тоа е лесно со многубројнуте дигитални алатки кои ги има на располагање учењето може да се направи многу интерессно и привлечно за учениците, а истовремено да го развива и нивното математичкото мислење. Многу корисни се и презентациите и едукативните видеа, зашто лесно се паметат, а учениците точно знаат која содржина преку која презентација е работена. Се случувало на пример кога ќе правиме евалуација на сработеното и ќе прашам дали одредена соодржина им е доволно јасна тие самите да ме потсетуваат посочувајќи на некои елементи од таа презентација која им останала во сеќавање. Генерално, учениците го прифаќаат овој пристап на работа и забележително е дека постигнуваат подобри резултати.
Материјалите кои ги подготвувате за учениците ги правите да се лесно достапни. На кој начин?
Подготовката на наставните содржини и едукативни материјали, нормално ги изработуваме со цел да ги споделиме и да ги направиме достапни за учениците и наставниците. Доколку ги задржиме за себе, нема да постигнеме резултати, туку само ќе ја откриеме сопствената егоистична природа, што значи дека не заслужуваме да воспитуваме и образуваме. Се што изработуваме е во насока да ја унапредиме воспитно-образовната дејност, во случајот по предметот математика и да дадеме придонес за развојот на наставничката професија.
Јас уште од 2012 година имам сопствна интернет страница https://ucimatematika.weebly.com/ наменета за ученици, но и за наставници. Многу работи на оваа страница можеби не се совршени и не се такви какви што сега би ги направила но, тие се дел од мојот развој и од моето напредување и од некои носталгични причини јас не ги менувам. Оваа страница беше меѓу првите интернет страници (ако не и прва) на која се понудија содржини кои им беа јавно достапни на сите без никакви ограничувања. Во тоа време се дадов целосно во неа со желба да помогнам на сите. Најсреќна бев кога ми пишуваа колеги од целата држава заблагодарувајќи се за понуденото. Страницата изобилува со многу презентации, наставни ливчиња, квизови, игрички и слично, каде секој може на визуелен начин да се запознае и да ја разбере секоја методска единица. Се јавувам и како автор и соработник на повеќе дигитални изданија, каталози и на многу платформи со свои статии и иновативни часови по математика што се достапни за сите и се користат од наставниците и учениците. Посебно во годинава што изминува јас заедно со многу мои колеги објавуваме часови, добри практики, модел активности, презентации и упатства за користење и полесно изучување на математиката.
Во мојата работа постојано користам и разменувам информации и искуства со моите колеги, ги следам најновите достигнувања, учам, се надоградувам и се трудам да ги применам во наставата. Соработката го јакне нашето чувство за солидарност и поддршка, со цел професијата наставник да добие достојно и респектабилно место во општеството.

Што би им порачале на идните наставници по математика?
Во едукаторската работа, а особено во областа на математиката, веќе не постојат „статични“ наставници, што само ќе ја предадат лекцијата и ќе ги остават учениците сами да ги решаваат задачите. Ова мора да го знае секој кој сака да стане наставник по математика. Обврските и одговорноста да се посветиш на подучувањето и да изведеш успешни генерации мора да бидат пред сѐ останато. Младите наставници мора да знаат дека постојано мора да се усовршуваат за да ја направат математиката достапна и лесна за изучување. Кариерниот развој подразбира многу обуки, постојано да си во тек со најсовремените стандарди на настава, континуирано да совладуваш нови алатки, да применуваш иновативни методи, ако сакаш да бидеш успешен и да дадеш придонес во својата професија. Но, пред сѐ, треба да си човек кој си ја сака својата професија, се радува на сопствените и на успесите на своите ученици, но и на успесите на колегите. Во целиот процес на работата како наставник едно е сигурно - никогаш не ви е досадно, секогаш има предизвици кои треба да се победат. Преку работата со децата се чувствувате како вечно да сте млади. На крај на сите идни наставници по математика би им порачала „Сакајте ја и работете ја математиката, таа ве прави почовечни во секој поглед; таа ве издвојува од останатите затоа што сте МАТЕМАТИЧАР.“

* * *
Кога една работа се работи со љубов, успехот е неизбежна дестинација, а признанијата за постигнатиот успех доаѓаат сами по себе. Снежана Златковска е добитник на наградата Просветен работник на годината за 2021 година.
Текстот го завршуваме со една честитка од учениците на наставничката Снежана Златковска, што можеби има и поголема вредност од која било награда.
|
Интервјуираше:
Ирена Стојковска, Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
25 август 2021 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, Соработката го јакне нашето чувство за солидарност и поддршка, со цел професијата наставник да добие достојно и респектабилно место во општеството – Интервју со Снежана Златковска, наставник по математика, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 25 август 2021, http://poim-pmf.weebly.com/intervju-so-snezana-zlatkovska-nastavnik-po-matematika.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.