ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Семинар „Математика и примени“
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

АКТИВНОСТИ

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

ОТВОРЕН ДЕН НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАТЕМАТИКА НА 19.08.2022

Picture
Драги матуранти, наши идни студенти,
 
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 19 август 2022 во периодот 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности
 
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, амфитеатри, лаборатории...
 
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
 
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!
 
Се гледаме на 19 август!!!
 
*** Презентацијата на студиските програми на Инстутутот за математика ќе се одржи со почеток во 12.30 часот во Математичкиот амфитетар М121. Истата ќе може да ја следите и онлајн на следниот линк: https://us05web.zoom.us/j/83538232803?pwd=SGxjWlU2bjkxMFNUb082Nzg1YTY1QT09

Информира: 
Проф. д-р Ирена Стојковска, Раководител на Институт за математика, ПМФ, Скопје
​
Обjавено на:
17 август 2022 година
​
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, Отворен ден на Институтот за математика на 19.08.2022, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 17 август, 2022, http://poim-pmf.weebly.com/otvoren-den-na-im-19082022.html
Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.

Copyright © 2015 POIM
web counter
Powered by Create your own unique website with customizable templates.