АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
ПОИМ АНКЕТА: МОЈАТА ОМИЛЕНА МАТЕМАТИЧКА ЗАДАЧА
По успешно спроведената прва ПОИМ анкета - Зошто ја сакам математиката?, уредниците на ПОИМ одлучија да спроведат и втора анкета. Анкетата ја спроведуваме во екот на натпреварите по математика, па затоа се одлучивме за актуелна проблематика. Oвој пат анкетното прашање е: Која е Вашата омилена математичка задача? Можеби тоа е некоја задача што сте ја решавале во трето одделение, или во шесто одделение, или во втора година во средно училиште. Задачата може да е лесна и едноставна, а може да е и некоја тешка задача која се' уште Ве „мачи“. Можеби ќе се одлучите за математичка логичка загатка за пошироката јавност. Ваш избор е дали заедно со задачата ќе ни го пратите и Вашиот предлог за решение на задачата.
Секој може да учествува во пополнувањето на анкетата.
Знаеме дека секој од вас до сега решил многу математички задачи, па сигурно има омилена математичка задача. Со нетрпение, ги очекуваме Вашите задачи. Задачите ќе бидат објавувани онака како што ќе пристигнуваат, а можност за нивно решавање ќе имаат сите читатели на ПОИМ преку Facebook страницата на ПОИМ или со праќање на нивото решение на pо[email protected], или на некој од уредниците на ПОИМ (види Контакт). Прегледаните решенија ќе бидат објавувани на ПОИМ.
Анкетата ќе биде отворена од 22 февруари 2017 до 22 април 2017.

АНКЕТАТА Е ЗАВРШЕНА
Подготвиле уредниците на ПОИМ:
Проф. д-р Ирена Стојковска,
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова
Обjавено на:
22 февруари 2017 година
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, ПОИМ анкета: Мојата омилена математичка задача, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 22 февруари 2017, http://poim-pmf.weebly.com/poim-anketa-mojata-omilena-matematicka-zadaca.html

Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.