ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Семинар „Математика и примени“
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

АКТИВНОСТИ

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

ПРОМОЦИЈА НА ДИПЛОМИРАНИТЕ и маГистрираните СТУДЕНТИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАТЕМАТИКА, 16 ДЕКЕМВРИ 2023 година

Picture
На 18 декември 2023 година, Природно-математичкиот факултет свечено ја одбележа 77-годишнината од своето постоење.
Во амфитеатарот „Ордан Печијаре“, беа доделени признанијата за 20 години непрекинат работен стаж на Факултетот. Оваа година на Институтот за математика тоа признание го добија проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска и проф. д-р Ирена Стојковска. 
Покрај тоа, се доделија и признанија на проф. д-р Никита Шекутковски и проф. д-р Марија Оровчанец по повод нивното пензионирање, а за нивниот придонес во работата и развојот на Факултетот. 
Picture
Продеканот за наука проф. д-р Владимир Ивановски го додели признанието за 20 години непрекинат работен стаж на проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска
Picture
Продеканот за наука проф. д-р Владимир Ивановски го додели признанието за 20 години непрекинат работен стаж на проф. д-р Ирена Стојковска
На оваа свеченост беа доделени и три дипломи за нашите магистрирани студенти:
  • Стево Ѓоргиев, магистер по применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија; 
  • Стефан Мирчевски, магистер на математички науки и примена​ и
  • Ерблина Зеќири, магистер на математички науки и примена.
Picture
Деканот на ПМФ-Скопје, проф. д-р Даворин Трпески, ја додели дипломата на м-р Стево Ѓоргиев
Picture
Деканот на ПМФ-Скопје, проф. д-р Даворин Трпески, ја додели дипломата на м-р Стефан Мирчевски
Picture
Деканот на ПМФ-Скопје, проф. д-р Даворин Трпески, ја додели дипломата на м-р Ерблина Зеќири
​Понатаму свеченоста продолжи во математичкиот амфитеатар. На Институтот за математика беа промовирани 22 дипломирани студенти, од кои: двајца математичари, двајца инженери по математичка економија, двајца инженери по актуарска и финансиска математика, тројца инженери по математичко програмирање, еден инженер по применета математика и дванаесет дипломирани професори по математика.
Picture
За најдобар студент на Институтот за математика беше прогласена
  • Ива Лазова, која ги заврши студиите по применета математика за три години 11 месеци и 28 дена со просечен успех 9,80.
Студенти коишто постигнаа одличен успех за многу кратко време на студирање беа и:
  • Бојан Карапалевски кој ги заврши студиите по теориска математика со просечен успех 9,40 за три години 11 месеци и 18 дена.​
  • Јована Речкоска којашто ги заврши студиите по теориска математика со просечен успех 9,35 за три години 11 месеци и 20 дена
  • Рахиме Амети којашто ги заврши студиите по наставна математика со просечен успех 9,38 за четири години и 5 месеци.
  • Фјола Алили којашто ги заврши студиите по математичко програмирање со просечен успех 9,27 за 5 години 4 месеци и 14 дена
Picture
Picture
Picture
ЈОВАНА РЕЧКОСКА
Picture
РАХИМЕ АМЕТИ
​Им го честитатаме успехот и се надеваме дека и натаму ќе жнеат успеси на своите работни места!
Иако веќе ги завршивте вашите студии на Институтот за математика, вратите на нашиот Институт ќе бидат секогаш отворени за вас. Ние ќе бидеме секогаш подготвени за соработка и желни да ги споделите со нас вашите професионални успеси за заеднички да се радуваме.
Информира: 
Проф. д-р Весна Цецлакоска-Јорданова, Раководител на Институт за математика, ПМФ, Скопје
​
Обjавено на:
29 декември 2023 година
​
Начин на цитирање на статијата:
В. Целакоска-Јорданова, Промоција на дипломираните студенти на Институтот за математика - 16 декември 2023, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 29 декември, 2023
​http://poim-pmf.weebly.com/promocija-na-diplomiranite-i-magistriranite-studenti-na-institutot-za-matematika-16-dekemvri-2023.html
Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.

Copyright © 2015 POIM
Visit counter For Websites
Powered by Create your own unique website with customizable templates.