ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

имиња на француски математичари на македонски јазик

Picture
Овде го дискутираме проблемот со изговорот и за­пи­шувањето на имињата на француски математичари во наставата по ма­­­­­­­­­­­те­­ма­ти­ка на природно-математичките и техничките факултети, но и во ма­те­­ма­тичката литература на македонски јазик, независно од тоа дали ста­­нува збор за книга напишана од македонски автор(и) или, пак, за пре­вод на кни­га од стран­ски автор(и).

​Ќе наведеме при­ме­ри на различни за­писи на одредени фран­цус­ки ими­­ња на математичари, избрани глав­но од учеб­ни­ци по ма­те­­матика, за чие запишување или изговор на маке­дон­­ски јазик по­­с­тојат ди­леми. Никако не ни е цел да направиме ком­пле­тен список на тие учеб­ни­­ци, ниту да ги критикуваме нив­ните автори или преве­ду­вачи.

​Според Правописот на македонскиот јазик ([24]), ту­ѓи­те ими­ња се пишуваат со наше писмо, по правило, онака како што се изго­ва­­раат. Сметаме дека транс­крип­ци­јата на ими­ња­та треба да се изведува строго според Право­пи­сот на маке­дон­скиот јазик, секаде каде што е можно. Таа треба да биде што е мож­но по­блиска до оригиналниот изго­вор на името, притоа заменувајќи ги гла­­со­ви­те што ги нема во нашиот јазик, со наши слични гласови, но и да ги сле­ди правописните правила на македонскиот лите­­ратурен јазик.

Во историјата на човештвото постојат многу математичари кои озвоз­мо­­жиле да се унапреди нашето сфаќање за математиката. Имињата на не­кои од нив се составен дел од називи на теореми, некои се спомнуваат како имиња на разни матема­тич­­ки објекти, а некои формули ги носат нив­ните имиња. Овде ќе спомнеме некои француски математичари чии имиња често се сре­ќа­ва­ат во математичката литература, а создаваат дилеми во нивната транс­крип­ција на македонски јазик.

​
Фурие или Фурје?  Францускиот математичар Fourier (Jean Baptiste  Jo­seph Fourier, 1768-1830) дал голем придонес во областа на тригоно­ме­т­рис­ките редови, во теоријата на решавање алгебарски равенки и во тео­ри­ја­­та на веро­јат­ност. Неговото име е сврзано со повеќе математички тер­ми­ни и резултати (- ред, - метод, - интеграл, - трансформација, - кое­фи­ци­ен­ти). Во нашата литература тие се запишувани на неколку различни на­чини - вистинско шаренило!

Така, на пример, среќаваме: Фурие - во [3], стр. 481; Фуриев ред - во [3], стр. 246 и [7], стр. 21, 22; Фуриеов ред - во [6], стр.46; во [22]: Фуриев метод (стр. viii), Метод на Фурие (стр. 258), ред на Фурие (стр. 86), Фу­рие–редови (стр. 343), Фурие–трансформација (стр. 351), Фуриеова тран­с­­формација (стр. 344), интеграл на Фурие (стр. 371); Фурје - во [15], IV, стр. 162; фурјеов ред - во [17], стр. 186; Фурјеова тран­с­­формација и Фурјеова анализа - во [18], стр. 97.

Според [24], стр. 270 (пример: Lavoisier - Лавоазје), како и [23], стр. 91, т. 187 (пример: Nodier - Нодје), името Fourier треба да се предава како Фурје. Значи: Фурјеов ред, Фурјеов метод, метод на Фурје, Фурјеова трансформација, Фурјеов ин­те­грал, Фурјеови коефициенти.

Галуа или Галоа? Како да се транскрибира на македонски јазик името на францускиот математичар Galois (Évariste Galois, 1811-1832)? Тој дал клучен при­донес во теоријата на групите, прв го употребил терминот група ак­тив­но изучувајќи ги симетричните групи, а конечните полиња го носат не­­­­­го­вото име. Неговото име во нашата литература е запишувано како Галуа ([21], стр. 246) и како  Галоа ([18], стр. 101).
Францускиот диф­тонг oi во македонскиот јазик се предава по тра­ди­ци­ја со оа ([23], стр. 91, т. 187, пример.: François - Франсоа; [24], стр. 270, пример: Lavoisier - Лавоазје), па според тоа, името Galois треба да се предава како Га­лоа. Значи, треба да пишуваме: Галоа, група на Галоа, поле на Галоа, теорија на Галоа.

Муавр или Моавр? Abra­ham de Moivre (1667­-­ 1754) бил француски ма­те­­матичар којшто ја воспоставил врската меѓу комплексните броеви и три­го­нометријата, а е познат и по својата работа на нормална распределба и веројатност. Неговото име го носи формулата за степенување на ком­плекс­ни броеви во тригонометриска форма (Моаврова формула во [15],  IV, стр. 183 и Муаврови формули во [22], стр. 115), како и првата верзија на централната гранична теорема (класична теорема на Моавр-Лаплас во [19], стр. 187 и Локална теорема на Муавр во [2], стр.41). Имајќи го предвид реченото за францускиот дифтонг oi во текстот пого­ре, за Галоа, името Moivre треба да се предава на македонски јазик како Моавр. Значи: Моаврова формула, Моаврови формули, теорема на Мо­авр-Лаплас.

Пуасон или Поасон? Името на францускиот математичар, механичар и физичар Poisson (Siméon Denis Poisson, 1781-1840) во нашата лите­ра­ту­ра е предавано како Пуасон и како Поасон. (Примери: Пуасонов закон - во [2], стр. 66; [12], стр. 42 и [13], стр. 79; Теорема на Пуасон - во [2], стр. 44; По­а­­со­но­ва ра­венка - во [22], стр. 152; Поасонова распределба и Поа­со­нова дифе­рен­цијална равенка - во [18], стр. 174).

Во согласност со наведеното за Галоа и Моавр, името Pois­son во маке­дон­скиот јазик треба да се предава како Поасон. Значи: Поа­сонов закон, Теорема на Поасон, Поасонова ра­венка, Поасонова распре­делба.

Пуанкаре или Поанкаре? Од истите причини како погоре, името на францускиот математичар и теориски физичар Poincaré (Jules Henri Poincaré, 1854-1912) треба да се пре­­­несува како Поанкаре (со акцент на буквата е), а не како Пуанкаре. Зна­чи: хипотеза нa Поанкаре, група на Поанкаре, Поанкареова теорема на дуалност и др. ([18], стр. 174).

Даламбер или Д’Аламбер?  D’Alembert (Jean le Rond d’Alembert, 1717­-1783) е француски математичар и филозоф кој дал значаен придонес во тео­ри­јата на парцијалните диференцијални равенки, те­о­ри­јата на ана­ли­тич­ни­те функции, основите на алгебрата и механиката, а ос­новач е и на ма­­те­матичката физика.

Во [24], стр. 274, под насловот „Имиња што со­др­жат член и предлог“, стои: „Во некои имиња веќе одомаќени кај нас, чле­нот се транскрибира ка­ко составен дел од презимето, иако во извор­на­та фор­­ма тоа не е случај ...“; на пример: La Fontain - Лафонтен, La Fa­yet­te - Лафајет. Во нашата (како и во руската и во бугарската) литера­ту­ра името D’Alembert редовно се пре­дава како Даламбер (на пример: [15], IV, стр. 116; [18], стр. 60; [22], стр.447), па според тоа: Даламберов кри­те­риум, Даламберов прин­цип, Да­ламберов оператор (= даламберијан). 

Лопитал или Л’Опитал? Името на францускиот математичар  L’Hôpi­tal или L’Hospital (Guillaume Françoa Antoan de L’Hôpi­tal, 1661-1704), ав­тор на првиот учебник по математичка анализа („Анализа на бес­ко­неч­но ма­ли­те величини“) кај нас се предава како Лопитал, поради слични при­чини, наведени во текстот за Даламбер: одомаќеноста на таквото за­пи­шу­ва­ње во нашата литература и иста таква транскрипција во други сло­венски јазици. Според тоа, и натаму треба да пишуваме: Лопитал, Ло­питалово правило.

Џордан или Жордан? Францускиот математичар Jordan (Camille Marie Ennemond Jordan, 1838-1922) дал значаен придонес во теоријата на гру­пите, топологијата и математичката анализа. Некои резултати и поими го носат неговото име. Во некои учебници неговото име е пренесено како Жор­дан (на пример, во [15], IV: Жордан на стр. 354 и Жорданова лема на стр. 253; во [18], стр. 127: теорема на Жордан-Хелдер), а во некои - како Џор­дан (на пример, во [9]: Теорема на Џордан за сепара­ци­ја (стр. 379) и Џор­да­нова крива (стр. 385), а Џорданова лема - во [11], стр. 332).

Според [24], стр. 274 и [23], стр. 92, француската буква j се предава како ж: Anjou - Анжу, Jules - Жил, Jéróme - Жером, па името Jordan треба да се предава како Жордан. Значи: Жорданова лема, Жорданова крива, Жор­да­нова матрица, Жорданова мера, Жорданова нормална фор­ма, теорема на Жордан-­Хелдер.

Клероова равенка или Клерова равенка? Диференцијалната равенка y=xy' +ф(y'), каде што ф(y') е дадена функција диференцијабилна на некој ин­тервал, го добила името по францускиот математичар, астроном и гео­фи­­зичар Clairaut (Alexis Claud Clairaut, 1713­­­ -1765). Во некои книги кај нас е на­речена клероова равенка (на пример, [17], стр. 86), а во некои - Кле­рова равенка (на пример, [8], стр. 76).

Бидејќи името Clairaut во нашиот ја­зик се предава како Клеро (со ак­цент на буквата о, т.е. Клерó), а при­својните придавки се формираат со нас­­­­тавката –ов, –ев или –ин ([24], стр. 43), треба на името само да му се до­да­де наставката –ова. Значи: Клероова равенка.  

Пикард или Пикар?
  Името на францускиот математичар Picard  (Charles Émile Picard, 1856-1941), којшто има значаен придонес во тео­ри­ја­та на диференцијалните равенки (посебно за нумеричкото решавање), во наша­та литература се предава како Пикард (на пример: теорема на Пи­кард - [11], стр. 282) и како Пикар (на пример: Пикаров метод - [14], стр. 209 и [18], стр. 172). Според [24], стр. 271 (пример: Bachelard - Башлар) и [23], стр. 91, т. 187 (пример: Bayard - Бајар), името Picard кај нас треба да се предава ка­ко Пикар. Значи: теорема на Пикар, Пикаров метод.

Хермит или Ермит?
  Hermite (Charles Hermite, 1822-1901), француски  ма­те­ма­тичар, се занимавал со елиптични функции, теорија на броеви и те­о­рија на инваријанти. Докажал дека бројот е е трансцендентен. Неговото име е сврзано со повеќе математички термини и затоа е важно како се пре­дава кај нас. На пример, во [7] се среќава: Хермитска функција (стр. 91), Хермитски полиноми (стр. 92), Хермитска диференцијална ра­венка (стр. 93); во [8] имаме Хермит (стр. 130), а во [11]: Хермитска формула (стр. 252); во [16], стр. 304 се наве­ду­ва: ермитска матрица, ермитско транспо­ни­ра­ње, ермитска билинеарна форма, а во [22]: Ермитска дифе­рен­ци­јална равенка (стр. 252), Ермитски полиноми (стр. 253).   

Спо­ред [24], стр. 274 и  [23], стр. 92, француската буква h не се из­го­вара, па името Hermite кај нас се предава како Ермит. Бидејќи при­дав­ки­те из­ве­дени од лични ими­ња со наставката –ски се пишуваат со мала по­чет­­на буква ([24], стр. 52, т.84 б), на пример: аристотелски, платонски, си­зи­фов­ски), горните при­мери сврзани со името Hermite треба да ги пи­шу­­ва­ме: ермитска матрица, ермитско транспонирање, ермит­ска форма, ермит­ски полином, ермит­ски оператор и сл.

Како што беше спомнато за Поанкаре и за Клеро,  акцентот и кај другите имиња, паѓа на последниот слог.  Значи:   Фурје',  Галоа',  Моа'вр,  Поасо'н,  Даламбе'р,  Лопита'л,  Жорда'н,  Ферма', Пика'р,  Ерми'т.

Слични статии:
  • ​ИМИЊА НА АНГЛИСКИ МАТЕМАТЕМАТИЧАРИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
  • ИМИЊА НА ГЕРМАНСКИ, РУСКИ И ХОЛАНДСКИ МАТЕМАТИЧАРИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
ПОКАНА ДО ЧИТАТЕЛИТЕ

Доколку имате прашање или мислење во врска со изговорот и запишувањето на имиња на странски математичари, Ве покануваме да испратите коментар до уредниците на ПОИМ на e-mail: poimpmf@gmail.com 
Коментарот ќе биде објавен (ако е соодветен).
Литература

[1] Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, Р. Угринова-Скаловска, Право­пис на македонскиот литературен јазик, Просветно дело, Скопје, 1998
[2] М. Георгива, Б. Трпеновски, Теорија на веројатностите, скрипта за сту­ден­­тите од ПМФ, Скопје, 1993
[3] Р. М. Дадли, Реална анализа и веројатност, Проект на Владата на РМ „Пре­­ведување 1000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врв­ните и најреномираните универзитети во САД и Англија “, Арс Ламина, 2012
[4] Ш. Екслер, Линеарна алгебра сработена на вистински начин (превод на 500 стручни и научни книги, програма на Владата на РМ), Просветно дело, 2009
[5] Н. Ивановски, Реална анализа, Просветно дело, Скопје 1997
[6] Н. Ивановски, Н. Речкоски, Математика III, УКИМ, Скопје, 1991
[7] Н. Ивановски, М. Оровчанец, Ортогонални полиноми и специјални функ­ции, ПМФ, УКИМ, Скопје 2000
[8] Б. Илиевски, Ж. Томовски, Одбрани делови од диференцијални равенки и ком­­п­лексни функции, ПМФ, Скопје 2003
[9] Џ. Р. Манкрес, Топологија, Проект на Владата на РМ „Преведување 1000 стру­ч­­ни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните и нај­ре­но­ми­ра­ните универзитети во САД и Англија “, 2012
[10] Б. Менделсон, Вовед во топологија, (превод на 500 стручни и научни кни­ги, програма на Владата на РМ), Академски печат 2011
[11] Е. Б. Саф, А. Д. Снајдер, Основи на комплексната анализа со примени во ин­­же­­нер­с­тво­то и науката, (проект на Владата на РМ „Преведување на 1000 стручни и научни книги и учебници ...“), Арс Ламина 2014
[12] Б. Трпеновски, Веројатност и статистика, Машински факултет - Скопје, пост­­­дип­лом­ски студии, УКИМ, УЦМТН,  Скопје, 1981
[13] Б. Трпеновски, Елементарен увод во теоријата на веројатноста, Сту­дент­­ски збор, Скоп­је, 1982
[14] Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Елементи од нумеричката математика, УКИМ, Скопје 1987
[15] Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Ѓ. Чупона, Виша математика кн. I, II, III, IV, Прос­ветно дело, Скопје 1993 - 1995
[16] Н. Целакоски, Задачи по линеарна алгебра, Просветно дело, Скопје 1996
[17] Н. Целакоски, Диференцијални равенки, УКИМ, Скопје 1986
[18] Н. Целакоски, В. Целакоска-Јорданова, Е. Целакоска, Англиско-македонки реч­ник на математички термини, МАНУ, Скопје, 2015
[19] Д. Чакмаков: Веројатност и статистика за инженери, УКИМ, Скопје 2015
[20] Ѓ. Чупона: Алгебарски структури и реални броеви, „Просветно дело“, 1976
[21] Ѓ. Чупона, Б. Трпеновски: Предавања по алгебра, кнiga II, УКИМ, Скопје 2000
[22] В. А. Штраус, Парцијални диференцијални равенки, Проект на Владата на РМ „Пре­ве­ду­вање 1000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните и нај­ре­но­мираните универзитети во САД и Англија “, 2012
[23] Правопис на македонскиот литературен јазик со правописен речник, Ин­с­титут за македонски јазик „Крсте Мисирков“, „Просветно дело“, Скопје 1970
[24] Правопис на македонскиот јазик, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, 2015

Автори:
Весна Целакоска-Јорданова, Институт за математика, Природно математички факултет, Скопје 
Емилија Целакоска, Машински факултет, Скопје

Објавено на ПОИМ:
23 декември 2016

Начин на цитирање на статијата:
В. Целакоска-Јорданова, Е. Целакоска, Имиња на француски математичари на македонски јазик, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 23 декември 2016, http://poim-pmf.weebly.com/iminja-na-francuski-matematicari.html
Download (PDF)
Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.

Copyright © 2015 POIM

Powered by Create your own unique website with customizable templates.