ПОИМ
  • Почетна
  • За порталот
  • Статии
    • Научно-популарни статии
    • Статии за наставата по математика
    • Математички омнибус (наука)
    • Математички омнибус (настава)
    • Статии од Месецот на науката
  • Активности
  • Забава
  • ПОИМ споделува ...
  • Рекле за ...
  • Контакт
ПОИМ - Портал на Институтот за математика
www.poim-pmf.weebly.com
Picture

СТАТИИ ЗА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА

Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
Picture

имиња на англиски математематичари на македонски јазик

Picture
Овде го дискутираме проблемот со изговорот и за­пи­шувањето на имињата на англиски математичари во наставата по ма­­­­­­­­­­­те­­ма­ти­ка на природно-математичките и техничките факултети, но и во ма­те­­ма­тичката литература на македонски јазик, независно од тоа дали ста­­нува збор за книга напишана од македонски автор(и) или, пак, за пре­вод на кни­га од стран­ски автор(и). Нашата намера е да посочиме разни при­ме­ри на различни за­писи на одредени англиски ими­­ња на математичари, избрани глав­но од учеб­ни­ци по ма­те­­матика, за чие запишување или изговор на ​маке­дон­­ски јазик по­­с­тојат ди­леми, а никако не ни е цел да направиме ком­пле­тен список на тие учеб­ни­­ци, ниту да ги критикуваме нив­ните автори или преве­ду­вачи.

Според Правописот на македонскиот јазик ([1]), ту­ѓи­те ими­ња се пишуваат со наше писмо, по правило, онака како што се изго­ва­­раат. Сметаме дека транс­крип­ци­јата на ими­ња­та треба да се изведува строго според Право­пи­сот на маке­дон­скиот јазик, секаде каде што е можно. Таа треба да биде што е мож­но по­блиска до оригиналниот изго­вор на името, притоа заменувајќи ги гла­­со­ви­те што ги нема во нашиот јазик, со наши слични гласови, но и да ги сле­ди правописните правила на македонскиот лите­­ратурен јазик.
            
Во историјата на човештвото постојат многу математичари кои озвоз­мо­­жиле да се унапреди нашето сфаќање за математиката. Имињата на не­кои од нив се составен дел од називи на теореми, некои се спомнуваат како имиња на разни матема­тич­­ки објекти, а некои формули ги носат нив­ните имиња. Овде ќе спомнеме некои ан­гли­с­ки математичари чиишто имиња често се сре­ќа­ва­ат во математичката литература, а создаваат дилеми во нивната транс­крип­ција на македонски јазик.

Според Правописот, појдовна точка при пре­не­су­вањето на англиските гласови треба да биде нивниот изговор, а не на­чинот на кој се пишуваат. „Според овој принцип англиските гласови тре­ба да се пренесат до зву­ково нај­слич­ниот глас од македонскиот јазик, при што се дозволуваат одредени от­стапувања во однос на општите кла­си­фика­тор­ни параметри на гла­со­ви­те“ ([1], стр. 179). Имајќи го предвид ова пра­вило, ќе ги раз­гле­да­ме пре­зи­­ми­ња­та (во натамошниот текст ќе пишуваме 
имињата наместо пре­зи­ми­­ња­та) на некои познати математичари.

Кели или Кејли? Во наставата по линеарна алгебра се изучуваа тео­ре­мата на Ха­милтон-Кели (на пример, [2] стр. 100)  која вели дека се­ко­ја ма­т­рица е корен на сво­јот карактеристичен полином. Во курсевите по ал­геб­ра, за претставување опе­рација на конечно множество се користи ше­­­ма наречена келиева шема ([3], стр. 41) за дадената операција. Во сите кни­ги на македонски јазик, името на познатиот британски математичар Cayley (Arthur Cayley, 1821-1895) досега се запишуваше како Кели. Но да­ли треба да се пренесе така?
          
Според [1], стр. 183, англиската графема 
ay во маке­дон­скиот јазик се пренесува како еј, а ey (што се јавува на крајот од името) - како и ([1], стр. 181). Значи, името Cayley тре­­­ба да се запишува како Кејли. (Името, пак, на американскиот математичар  Kelley (John L. Kelley, 1916-1999) ав­то­рот на познатата книга „Општа топопологија“, се пишува и се изговара на македонски јазик како Кели.)  Според тоа, треба да пишуваме: теорема на Хамилтон-Кејли, Кеј­лиева шема, Кејлиева алгебра, Кејлиеви броеви.         
          
Баес, Бејес 
или Бејз? На секој студент што го слушал и полагал пред­­ме­тот веројатност и статистика му е позната формулата за условна ве­ројатност. Во разни учебници таа се пренесува различно: Бејесова фор­мула ([4], стр. 24  и [5], стр. 60), Баесова формула ([6], стр. 45) или како теорема на Бејз ([7], стр. 27). Називот на оваа формула доаѓа од име­то на британскиот статистичар и филозоф Bayes (Thomas Bayes, 1701-1761).

Спо­­­ред Правописот, како што видовме по­­горе, гра­фемата ay во ма­ке­донскиот јазик се пренесува како еј, но што е со тоа es на кра­јот? Кога стои s на крајот на зборот, таа може да се пре­не­се и како с и како з, но во случајов најблиску до ори­ги­нал­ни­от изговор (ˈbeɪz) би била транс­крип­ци­ја­та бејз (слично како Keyes – Киз, [1], стр. 181). Според тоа, името Bayes треба да се запишува како Бејз. Значи: Бејзова формула, Бејзова теорема.

Њутн или Њутон?
 Името Newton (Isaac Newton, 1642-1727), ан­гли­ски ма­те­ма­тичар, фи­зичар, астроном и филозоф, е сврзано со називите на го­лем број формули, теореми, закони и др. Во математичката литература на ма­ке­донски јазик, Newton речиси редовно е пренесувано како Њутн, а присвојната придавка како Њутнов, во согласност со [8], стр. 391.

Сега, со новиот Правопис ([1]), треба да е Њутон, а не Њутн. Тоа го суге­рира при­мерот што е даден со име­то Clinton - Клинтон (а не Клинтн) ([1], стр. 179), како и Нортон од Norton ([1], стр.189). Имено, според прин­­ципот на по­ле­сен изговор, „гла­­совите кои не постојат во ма­ке­дон­ски­от јазик треба да се транскрибираат со звуково сличен глас или тран­­с­крип­­­цијата на македонски да се на­до­­по­лни од англиската  пишана фор­ма.“ Зна­чи, сега треба да велиме: Њу­то­нови за­кони, Њутон-Лајб­ницова фор­му­ла, Њу­то­­но­ва интер­по­ла­ци­о­на формула, Њутонов метод итн., без оглед на досегашната практика.

Тајлор или Тејлор? Во курсевите по предметите математика и мате­ма­тичка ана­лиза на техничките и природно-математичките факултети се учи како може еден полином p(x), даден по степените на x, да се прет­ста­ви по сте­­пените на (x- a), каде што a е даден реален број. Добиената фор­мула се ви­ка тејлорова формула за по­линоми ([9], II, стр. 138), наре­че­на според Taylor (Brook Taylor, 1685-1731), ан­глис­ки математичар. Слично, една (дифе­рен­цијабилна) функција може да се прет­ста­ви како збир на полином и израз, наречен остаточен член, со помош на тејл­о­ро­ва­та формула за функции  ([9], II, стр. 140).  Исто така, студентите на спом­на­ти­те факу­те­ти учат за развивање на (диференцијабилна) функција f(x) во сте­пе­нски ред, наречен тејлоров ред за функцијата f(x) ([9], стр. 140). Во други кни­ги се среќава името Тајлор и називот Тајлоров ред ([10], стр. 37; [12], стр. 252), но и Тејлоров ред ([13], стр. 240 ).

Спо­ред [1], стр. 185, како и [8], стр. 96, името Taylor се пре­несува ка­ко Тејлор (в. и по­го­ре во делот Кели или Кејли, за пре­не­су­ва­ње на ан­глис­ката графема ay ка­ко еј), па значи треба да пишуваме: Теј­лорова формула, Тејлоров полином, Тејлоров ред.

Маклорен или Меклорин?  Шкотскиот математичар Colin Maclaurin (или: Colin MacLau­­rin, 1698-1746) прв ја применил Тејлоровата фор­му­ла во посебен облик на проблеми од механиката и теоријата на грави­та­ци­ја. Тој „посебен облик“ е наречен Маклоренова формула (на пример [9], стр. 144, а и во сите учебници на македонски јазик што ја содржат Теј­ло­ро­вата формула). Со оглед на тоа што  Maclaurin е Шкот, можно е него­во­то име да се изговара како Меклорин. Но, кај нас досега, како и во други сло­венски јазици, тој е запишуван како Маклорен, а така се изговара и на англиски; притоа, акцентот е на буквата о, т.е. Мак­лóрен (не: Маклорéн). Значи: Макло­ре­но­ва формула, Маклоренов ред, Мак­лоренов развој.

Стоун или Стоне?  Името на американскиот математичар Stone (Mar­shall Harvey Stone, 1903-1989), којшто има голем придонес во реал­ната и функ­ционалната анализа, топологијата и Буловите алгебри, во на­ши кни­ги е предадено како Стоне (на пример: теорема на Сто­­не-Ваерштрас - во [14] на стр. 55 и Стоне-Чехова компак­ти­фи­ка­­ци­­ја - во [15] на стр. 241) или како Стоун (на пример: Стоун-Чехова ком­пак­ти­­фи­кација - во [13], стр. 279). Сметаме дека името на овој американски математичар треба да се предава кај нас како Стоун. Значи: теорема на Стоун-Ва­јер­штрас и Стоун-Чехова компактификација.

Валис или Волис? Формулата за пресметување на бројот pi: 

Picture
го носи името на англискиот математичар Wallis (John Wallis, 1616-1703). Таа е наре­че­на Валисов производ (за бројот pi) во [7], стр. 263. Но, како треба да се запишува на македонски јазик името Wallis?
 
Според [1], стр. 181 и 182, сле­деј­ќи ги таму наведените примери (War­rick - Во­рик, Warner - Ворнер, Walter - Волтер) името Wallis се чита: Волис. Спо­ред тоа, треба да запишуваме: Вoлисов производ, Волисова фор­му­ла и сл.
 
Аналогно на тоа, треба:
  
Воринг наместо Варинг. Името на англискиот математичар Waring  (Ed­­ward Waring, 1734-1798) е сврзано со проблемот, т.е. тврдењето од ади­тив­на­та теорија на броевите (запишан како Ва­рин­гов проб­лем во [7], стр. 263) кој гласи: За кој било природен број n поголем или еднаков на 2, пос­тои број r, зави­сен од n, таков што секој природен број  N  може да се претстави во вид на збир од r броеви, секој од кои е n-ти степен на некој цел број  т.е. 
Picture
(Овој проблем го поставил Ed­­ward Waring во 1770 год., а целосно решение прв нашол Хилберт во 1909.) Исто така, неговото име е сврзано со насетката (хипотезата): „Секој непарен цел број е прост или е збир од три прости броеви.“

Според Правописот, стр. 182, името Waring треба да се запишува како Воринг, па значи: Ворингов проблем, Ворингова насетка (за прости броеви).

Слични статии:
  • ​ИМИЊА НА ФРАНЦУСКИ МАТЕМАТЕМАТИЧАРИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
  • ИМИЊА НА ГЕРМАНСКИ, РУСКИ И ХОЛАНДСКИ МАТЕМАТИЧАРИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
ПОКАНА ДО ЧИТАТЕЛИТЕ

Доколку имате прашање или мислење во врска со изговорот и запишувањето на имиња на странски математичари, Ве покануваме да испратите коментар до уредниците на ПОИМ на e-mail: poimpmf@gmail.com 
Коментарот ќе биде објавен (ако е соодветен).
Литература

[1]  Правопис на македонскиот јазик, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, 2015
[2]  Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Ѓ. Чупона, Виша математика кн. IV, Прос­ветно дело, Скопје 1993 - 1995
[3]  Ѓ. Чупона: Алгебарски структури и реални броеви, „Просветно дело“, 1976
[4]  Б. Менделсон, Вовед во топологија, (превод на 500 стручни и научни кни­ги, програма на Владата на РМ), Академски печат 2011
[5]  Е. Б. Саф, А. Д. Снајдер, Основи на комплексната анализа со примени во ин­­же­­нер­с­тво­то и науката, (проект на Владата на РМ „Преведување на 1000 стручни и научни книги и учебници ...“), Арс Ламина 2014
[6]  Д. Чакмаков: Веројатност и статистика за инженери, УКИМ, Скопје 2015
[7]  Н. Целакоски, В. Целакоска-Јорданова, Е. Целакоска, Англиско-македонки реч­ник на математички термини, МАНУ, Скопје, 2015
[8]  Правопис на македонскиот литературен јазик со правописен речник, Ин­с­титут за македонски јазик „Крсте Мисирков“, „Просветно дело“, Скопје 1970
[9]  Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Ѓ. Чупона, Виша математика кн. II, Прос­ветно дело, Скопје 1993 - 1995
[10]  Н. Ивановски, Н. Речкоски, Математика III, УКИМ, Скопје, 1991
[11]  М. Георгива, Б. Трпеновски, Теорија на веројатностите, скрипта за сту­ден­­тите од ПМФ, Скопје, 1993
[12]  Н. Ивановски, Реална анализа, Просветно дело, Скопје 1997
[13]  Н. Ивановски, М. Оровчанец, Ортогонални полиноми и специјални функ­ции, ПМФ, УКИМ, Скопје 2000
[14]  Р. М. Дадли, Реална анализа и веројатност, Проект на Владата на РМ „Пре­­ведување 1000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врв­ните и најреномираните универзитети во САД и Англија “, Арс Ламина, 2012
[15]  Џ. Р. Манкрес, Топологија, Проект на Владата на РМ „Преведување 1000 стру­ч­­ни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните и нај­ре­но­ми­ра­ните универзитети во САД и Англија “, 2012
Автори:
Весна Целакоска-Јорданова, Институт за математика, Природно математички факултет, Скопје 
Емилија Целакоска, Машински факултет, Скопје

Објавено на ПОИМ:
18 ноември 2016

Начин на цитирање на статијата:
В. Целакоска-Јорданова, Е. Целакоска, Имиња на ангиски математичари на македонски јазик, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 18 ноември 2016, http://poim-pmf.weebly.com/iminja-na-angliski-matematicari.html
Download (PDF)
Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.

Copyright © 2015 POIM

Powered by Create your own unique website with customizable templates.