ПОИМ СПОДЕЛУВА ...Се залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
2 / 5
3 март 2018, Кога веројатноста се среќава со реалниот живот (When Probability Meets Real Life)
„Еден човек летал со авион. За несреќа, испаднал од авионот. За среќа, тој имал на себе падобран.За несереќа, падобранот не се отворил. За среќа, тој паѓал директно кон еден стог сено.За несреќа, во стогот сено имало забодено една вила. За среќа, тој ја промашил вилата. За несреќа, го промашил стогот сено. Најди ги шансите на човекот за преживување на крајот од секој од горните искази."
Проблем: https://www.quantamagazine.org/the-bayesian-probability-puzzle-20180208/
Решение: https://www.quantamagazine.org/the-bayesian-probability-puzzle-solution-20180302/

23 февруари 2018, 5 едноставни математички проблеми кој никој не може да ги реши (5 Simple Math Problems No One Can Solve)
Ако до сега не сте имале можност да се запознате со овие едноставни за разбирање, но се уште нерешени математички проблеми, време е да дознете за нив.
https://www.popularmechanics.com/science/g2816/5-simple-math-problems/

16 февруари 2018, Како големата количина податоци и вештачката интелегенција може да ти помогнат при генерирање на научни хипотези (How big data and AI can help you generate your scientific hypothesis)
Дали и идеите за научни истражувања наскоро ќе паднат во рацете на вештачката интелегенција?
www.elsevier.com/connect/how-big-data-and-ai-can-generate-your-scientific-hypothesis?utm_source=facebook&utm_medium=spredfast&utm_content=sf181608591&sf181608591=1

14 февруари 2018, Slings, Bullets, Blow-up, and Linearity
Примена на диференцијалните равенки за да се објасни изненадувачки убиствената моќ на чаталот наспрема истата на водениот куршум. Елегантен училишен пример.
https://sinews.siam.org/Details-Page/Slings-Bullets-Blow-up-and-Linearity

8 февруари 2018, Ревизија на класификацијата во математиката (Maths classification is getting a revision)
Нова класификација на математичките дисциплини до 2020 година.
https://www.nature.com/articles/d41586-018-01690-2

26 јануари 2018, DURER’S UNFOLDING PROBLEM FOR CONVEX POLYHEDRA
Конвексните полиедри се меѓу најстарите математички објекти. Навистина, петте платонски тела, кои се дел од Евклидовите книги, биле веќе познати на древните народи во Шкотска пред околу 4000 години.
http://people.math.gatech.edu/~ghomi/Papers/durernotices.pdf

22 јануари 2018, 100 години од смртта на Георг Кантор
Годинава одбележуваме 100 години од смртта на Георг Кантор (1845-1918), германски математичар, основоположник на теоријата на множествата. Тој е првиот математичар кој навистина го разбирал значењето на бесконечноста и му дал математичка прецизност. Тој сфатил дека е можно да се собираат и одземаат бесконечности како што се собираат и одземаат „обичните“ броеви и дека надвор од она што вообичаено се сметало за бесконечност, постои и друга, поголема бесконечност, а потоа и други бесконечност над тоа. Всушност, тој покажал дека може да има бесконечно многу множества на бесконечни броеви - бесконечност на бесконечност - некои поголеми од другите, поим кој има филозофско, а не само математичко значење. Големата смелост на теоријата на Кантор предизвикала тивка револуција во математичката заедница и засекогаш го променила начинот на кој се пристапува кон математиката. http://www.storyofmathematics.com/19th_cantor.html |
18 јануари 2018, Награди за математичка уметност 2018 (2018 Mathematical Art Exhibition Awards)
Математичка уметност, примена на комплексни функции, топологија и непрекинати изометрични пресликувања за создавање на уметнички дела.
http://www.ams.org/news?news_id=4011

17 јануари 2018, Математиката може да поредвиди како се шират клетките на ракот (Math can predict how cancer cells evolve)
Нов математички модел кој го предвидува начинот на размножување и ширење на клетките на ракот како резултат на тоа дека новодобиените клетки може да се сосема различни од клетките од кои потекнуваат. Можноста за предвидување на ширењето на клетките на ракот, би овозможила поадекватни и поефикасни третмани за борба против оваа болест. Изворната статија е на следниот линк.
https://phys.org/news/2018-01-math-cancer-cells-evolve.html

14 јануари 2018, Музиката и теоријата на мера (Music And Measure Theory)
Која е врската меѓу музиката и теоријата на мера? Или зошто рационалните броеви ја прават музиката хармонична?
https://youtu.be/cyW5z-M2yzw

11 јануари 2018, Која е Коховата снегулка?
Како се дефинира најпознатата снегулка во математиката - Коховата снегулка, пример за фигура со бесконечен периметар и конечна плоштина. И уште повеќе, дознајте за Коховата антиснегулка и тридимензионалната Кохова снегулка. https://matematika-plus.weebly.com/koja-e-kohovata-snegulka.html |
8 јануари 2018, Сте се прашале ли некогаш како функционира биткоинот и другите криптовалути? (Ever wonder how Bitcoin (and other cryptocurrencies) actually work?)
Како всушност работи биткоинот или било која друга криптовалута? Или со други зборови, која е математиката позади трансакциите на криптовалутите?
https://youtu.be/bBC-nXj3Ng4

6 јануари 2018, Толстоевата математѕика во Војна и мир (Tolstoy’s Mathematics in War and Peace)
Толстоевата математика во „Војна и мир“ или Толстоевиот обид да ги математизира историјата, социологијата и науката за војните. Следниот пат дефинитивно повнимателно ќе го читате романот „Војна и мир“. Повеќе на следниот линк https://homepages.cwi.nl/~paulv/papers/tolstoy.pdf

4-5 јануари 2018, Ја славиме новата година со нов прост број! (Celebrating the new year with a new prime!)
Новата 2018 година ја започнуваме со најголемиот прост број најден до сега! Откриен е кон крајот на декември 2017 со помош на GIMPS пребарувачот на Мерсенови прости броеви, а неговото откритие е објавено на 3 јануари 2018. Повеќе за ова откритие на следниот линк https://www.mersenne.org/primes/press/M77232917.html.
Дознајте повеќе за проектот во кој учествуваат волонтери кои трагаат по простите броеви, дознајте колку дена биле потребни да се провери дали најдениот број е прост, пристапете кон сите 23249425 цифри на најголемиот до сега најден прост број 2^77232917 - 1.
https://plus.maths.org/content/happy-new-year-happy-new-prime

21 декември 2017, Гужва на паркингот? Математиката може да ви помогне да најдете место (Crowded car park? Maths can help you find a space)
Пробајте, можеби сепак математиката ќе ви помогне да најдете празно место на паркингот за време на предновогодишниот шопинг. Ако не, барем ќе имате можност да тестирате неколку различни алгоритми.
http://www.abc.net.au/news/science/2017-12-20/how-maths-can-help-you-snare-a-car-park/9271582

13 декември 2017, Што е математичко моделирање?
Математичкото моделирање може да се практикува и многу порано, уште во почетните одделенија. Решавањето на задачи со математичко моделирање го поттикнува истражувачкиот дух, ја развива креативноста, вештината за решавање на проблеми, со него се утврдуваат стекнатите знаења, се стекнуваат нови, ја истакнува интердисциплинарната природа на математиката, корисноста од математика, со што ја зголемува мотивираноста за изучување на математиката. Воопшто не е тешко да се најде задача за математичко моделирање со тематика блиска и интересна за тој што ќе ја решава задачата. Но, што е математичко моделирање? Што значи да се решава задача со математичко моделирање?
https://matematika-plus.weebly.com/sto-e-matematicko-modeliranje.html

1 ноември 2017, Втор семинар „Математика и примени“, 6-7 декември 2017, Институт за математѕика, ПМФ, Скопје
Главната цел на Семинарот е промовирање на математичките науки меѓу младите и математичка наобразба на јавноста. Предавањата ќе имаат научнопопуларен карактер од областа на чистата и применетата математика, но и од областа на изведување настава по математика и математичкото образование во основно и во средно училиште. Пријавувањето за учество на Семинарот е најдоцна до 3 декември 2017 година. Вашите предлози за предавања (наслов и апстракт) пратете ги до координаторите на Семинарот најдоцна до 25 ноември 2017 година. Секој учесник на семинарот ќе добие сертификат за учество. Линк до страницата на семинарот:
http://im-pmf.weebly.com/vtor-seminar-matematika-i-primeni.html

19 октомври 2017, Тајните ма мерењето на лист хартија (Secrets to measuring a piece of paper)
Ново Numberphile видео со Cliff Stoll кој овој пат раскажува за домашната задача која им ја дал на своите ученици-осмоодделенци и како тие одговориле на предизвикот. Што е тоа што треба да се крие зад секоја домашна задача по математика?
https://youtu.be/9yUZTTLpDtk

13 октомври 2017, Иднината нема да биде избор од повеќе опции (The Future Will Not Be Multiple Choice)
Во ситуација кога не ја знаеме иднината, ни останува само да резонираме, дискутираме, бараме, кој облик на образование би бил најпогоден за сегашните деца за да ги подготви за иднината која е пред нив. Според говорниците во ова TEDx видео, зад нас е индустриската ера, ја живееме ерата на информациите, а тоа што е пред нас е ерата на имагинацијата. Подготовката за ерата која доаѓа не е со стандардизирани тестови и избор од повеќе понудени опции, иднината е во развивање на креативноста и творечките, дизајнерски способности кај децата.
https://youtu.be/wLiEiLuq75A

12 октомври 2017, Печење на кафето, математичко моделирање и асимптотска анализа (Coffee Roasting, Mathematical Modelling, and Asymptotic Analysis)
Ако пред вас е една од 2.25 милијарди шолји кафе кои дневно се конзумираат во светот, сигурно сте од оние кои сакаат во шолјата пред вас да се наоѓа петфектно кафе за врвно уживање. Меѓутоа, постигнувањето на таа перфекција зависи од повеќе фактори: потеклото на зрната кафе, како зрната се печат, дури и каква е тврдоста на водата со која го приготвувате кафето. Прочитајте за математичкиот модел кој се обидува да ја најде формулата за перфектно кафе. Повеќе на следниот линк: https://sinews.siam.org/Details-Page/coffee-roasting-mathematical-modelling-and-asymptotic-analysis. Изворната научна статија може да ја најдете на следниот линк https://www.surrey.ac.uk/sites/default/files/Fadai_LighthillThwaites2017.pdf

10 октомври 2017, Робот за наоѓање на корени (Root Finding Robot)
Боење на домените е техника за визуелизација која се користи во Комплексната анализа. Во ова уметничко видео, наместо боја, искористена е сферична видео снимка на робот кој се движи во круг. Поистоветувајќи ја сферата на видеото со Римановата сфера, патеката на роботот интуитивно го демонстрира однесувањето на нулите и половите на повеќе комплексни полиноми. Погледнете го уметничкото видео на следниот линк: https://vimeo.com/222976091. Повеќе за оваа техника во текстот на следниот линк http://users.mai.liu.se/hanlu09/complex/domain_coloring.html

5 октомври 2017, Не, нема Нобелова награда за математика (No, There’s No Nobel in Math)
Да, точно е. Нема Нобелова награда за математика. Кои тогаш награди за математика постојат? А за компјутерските науки? Но, што значи воопшто една таква награда? - Најдете ги одговорите на сите овие прашања во текстот на следниот линк
https://mathwithbaddrawings.com/2017/10/04/no-theres-no-nobel-in-math/

2 октомври 2017, Интегрирање на науката за податоци во наставните програми (Integrating Data Science in Applied Mathematics Curricula)
За важноста на интегрирањето на науката за податоци (data science) во наставните програми од областа на применетата математика. „Важноста е во начинот на комуникацијата, односно како анализата на податоци треба да се спакува математички коректно, но и разбирливо за некој кој не е математичар.“
https://sinews.siam.org/Details-Page/integrating-data-science-in-applied-mathematics-curricula

30 септември 2017, 3 (ТРИ) КЛУЧНИ ПРИЧИНИ ЗОШТО Е МАТЕМАТИКАТА ВАЖНА ВО ЖИВОТОТ
Текст во кој авторот ги наведува и објаснува главните причини за важноста на математиката за секојдневниот живот. Иако математиката е убава и важна самата за себе, сепак изгледа многу повеќе, отколку што мислиме и знаеме, е корисна за другите науки и секојдневните активности.
https://www.teachhoot.com/Blog/BlogSingleNews?blogNewsId=4

28 септември 2017, Како да бидам успешен математичар?
Чекор 1: Трудољубивоста го победува талентот!
Чекор 2: Погледнете подалеку од броевите, формулите, теоремите, идеите, доказите... ќе ви требаат понатаму!
Чекор 3: Барајте ја логиката, не запомнувајте!
Чекор 4: Не откажувајте се!
Чекор 5: Научете да го „читате“ учебникот!
Чекор 6: Разговарајте со своите професори!
Чекор 7: Побарајте ја убавината!
Математиката е бескрајно корисна, но воедно е и прекрасна. Поврзува безброј идеи во една. Успева да даде уникатно објаснување на многу навидум необјасливи нешта. Возбудливо е да се знае како нештата функционираат, како се вклопуваат и како наеднаш се има смисла. Уживајте во искуството на проширување на вашите погледи!
kariera-im-pmf.weebly.com/kako-da-bidam-uspesen-matematicar.html

23 септември 2017, Нови научно-популарни изданија на Институтот за математика во рамките на едицијата Математички омнибус
„Математиката е јазик кој го опишува светот околу нас. Таа е во основата на секоја од природните науки, но истовремено црпи и инспирација од нив. Често, дури и незабележително, математичките откритија им претходат на технолошките иновации, математичките концепти и структури се користат и заслужни се за развојот на скоро секое поле од науките. Денес математика поставува нови стандарди на современиот начин на живеење. Но, математиката е дисциплина и самата за себе − таа е најдобар пример за човечката упорност и истрајност во стекнување на знаења, таа е прилагодлива и има способност да ги поврзе областите кои изгледаат многу различни.
Таа разноликост на математички идеи, а истовремено и обединетост, планираме да биде во основата на едицијата Математички омнибус. Книгите во рамките на оваа едиција се со научно-популарни содржини од областа на чистата и применетата математика, како и содржини за наставата по математика и наменети се за наставниците и професорите по математика, студентите, учениците и сите вљубеници во математиката, но и за оние кои сè уште го откриваат нејзиното значење.“, велат Уредниците на првите научно-популарни публикации во рамките на едицијата Математички омнибус.
http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-1.html
http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-2.html

21 септември 2017, До 2100 година, во океаните може да има доволно јаглерод за да отпочне шестото масовно истребување на видовите, предвидува математиката (By 2100, oceans may hold enough carbon to launch sixth mass extermination of species, mathematics predicts)
Кружењето на јаглеродот во природата се нарекува јаглероден циклус и претставува еден од основните процеси во природата одговорен за живот на планетата Земја. Дали неодговорноста на човекот полека доведува до шестото масовно истребување на видовите на оваа планета? За математичките предвидувања на Daniel Rothman, професор по геофизика на МИТ одделот за Земјени, атмосверски и планетарни науки, прочитајте повеќе на следниот линк https://phys.org/news/2017-09-mathematics-sixth-mass-extinction.html
Изворниот труд за критичната стапка на емисија на јаглерод диоксид во атмосферата од страна на луѓето, може да го најдете на следниот линк http://advances.sciencemag.org/content/3/9/e1700906.full

19 септември 2017, Кој е најбрзиот начин да ја алфабетизирате вашата полица со книги? (What's the fastest way to alphabetize your bookshelf?)
Кој е најбрзиот начин да сортирате 1280 различни книги?
https://youtu.be/WaNLJf8xzC4?list=PLE3376FF44087B17B

30 август 2017, Математичката мистерија на Вавилонската глинена плоча е решена (Mathematical mystery of ancient Babylonian clay tablet solved)
Откриена е тајната на 3700 години старата вавилонска глинена плоча Plimpton 322. Истражувањата откриваат дека плочата претставува нов вид на тригонометриска таблица основана на односи, а не на агли и кружници. Напишана е во броен систем со основа 60. Се претпоставува дека древните народи ја користеле за изградба на палатите, храмовите и каналите. За ова откритие прочитајте повеќе на следниот линк https://www.sciencedaily.com/releases/2017/08/170824141250.htm
Интересно е тоа што во време кога мислиме дека знаеме се за математиката од минатото и дека креираме нови теории за иднината, излегуваат докази дека се уште имаме што да учиме за математиката од нашите предци. Изворната научна статија може да ја најдете на следниот линк http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0315086017300691

30 август 2017, Математиката на Спајдермен (The maths of Spider-Man)
„Ако ние луѓето сакаме да се искачуваме по ѕидовите како Спајдермен, тогаш треба 40% од нашето тело да биде покриено со лепливи стапала.“ - велат истражувачите.
https://plus.maths.org/content/maths-spiderman

23 август 2017, УБАВИНАТА НА МАТЕМАТИКАТА (BEAUTY OF MATHEMATICS)
Да се потсетиме на ова прекрасно видео за убавината на математиката. Уживајте!
https://vimeo.com/77330591

18 август 2017, Објаснување на вицовите за основите на бројните системи (Base Number Jokes Explained)
Обично вицовите не треба да се објаснуваат, но изгледа со математичките вицови не е таков случајот. Сигурно сте слушнале за тоа дека „Постојат 10 типа на луѓе, оние кои го разбираат бинарниот систем и оние кои не го разбираат.“ За овој виц и неговите изведенки, вреди да се погледне следното Numberphile видео.
https://www.youtube.com/watch?v=Fmb3TCvlETk&feature=youtu.be

16 август 2017, Како математиката треба да се предава? (How Math Should be Tauhgt?)
Како математиката треба да се предава? - Искуства од истражувањата и праксата на Jo Boaler, професорка по математичко образование на универзитетот Стенфорд.
https://www.youcubed.org/resources/how-math-should-be-taught/

14 август 2017, Колку е голема бесконечноста? (How big is infinity?)
Колку е голема бесконечноста? - Со помош на следното видео и теоријата на множества, истражете го концептот на „бесконечно многу бесконечности“ .
https://youtu.be/UPA3bwVVzGI

11 август 2017, Математичкиот човек на Да Винчи (Da Vinci's Vitruvian Man of math)
Кое е значењето на математичкиот човек на Леонардо Да Винчи, кој стои со раширени раце и нозе во круг и квадрат? Дознајте за математичкото, религиозното и филозофското значење на овој едноставен цртеж кој го симболизира ренесансното верување во променливата природа на човештвото.
https://youtu.be/aMsaFP3kgqQ

10 август 2017, Архимедови корнети за сладолед (Outer space: Archimedean ice cream cones)
Кои се оптималните димензии на конзерва во облик на цилиндар? А димензиите на корнет за сладолед?
https://plus.maths.org/content/outer-space

28 јули 2017, Што е математичко моделирање? (What is math modeling?)
Математичкото моделирање е процес кој ја користи математиката за да ја опише, анализира, направи предвидувања или на некој друг начин обезбеди поглед кон никоја појава од реалниот свет. Прв дел од серијата SIAM видеа за математичкото моделирање: „Што е математичко моделирање?“
https://youtu.be/xHtsuOB-TPw

24 јули 2017, Проф. Д-р Ѓорѓи Маркоски, раководител на Институтот за математика: МОН четири години не финансирало ниту еден научен математички проект
„Добар математичар може да се вклопи во скоро секоја работа. Најмногу од дипломираните студенти на Институтот за математика се вклучени во наставниот процес во сите нивоа и на сите континенти. Многу од нив работат во банки и во други финансиски институции, работат како програмери,“ вели проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, раководител на Институтот за математика во денешното интервју објавено на Fakulteti.mk. „Ние, како Институт, сме подготвени да се соочиме со секакви предизвици и да работиме на создавање добри математичари.“ За студиските програми што ги нуди Институтот, но и за други горливи прашања во нашиот образовен систем, прочитајте на следниот линк.

23 јули 2017, Веројатно магија! (Probably magic!)
Иако математички е скоро невозможно да извлечете точно одредена тројка карти од еден стандарден шпил карти, веројатноста е 1/(52⋅51⋅50)=1/132600≈0,00000754, сепак магионичарските трикови секогаш успеваат „од прва“ да го сторат тоа. Но, како?
https://plus.maths.org/content/probably-magic

15 јули 2017, Maryam Mirzakhani: „Колку повеќе го поминувам времето со математиката, толку повозбудлива ми е.“ (Maryam Mirzakhani: 'The more I spent time on maths, the more excited I got')
Maryam Mirzakhani (1977-2017), иранска математичарка, професор на универзитетот во Станфорд. Добитник на Филдсовиот медал во 2014 година, како прва и единствена жена до сега која ја има добиено оваа престижна награда, еквивалент на Нобелова награда во полето на математиката. „Не верувам дека секој треба да стане математичар, но верувам дека многу ученици не и' даваат вистински шанси на математиката. Без возбудувања во математиката, таа може да изгледа бесмислена и ладна. Математиката својата убавина им ја открива само на нејзините најстрпливи следбеници.“, вели Maryam Mirzakhani. Нејзините познаници имаат кажано дека Maryam Mirzakhani е прекрасна жена, посветена мајка и одличен математичар. Maryam Mirzakhani почина денес, 15 јули 2017 од рак. Почивај во мир Maryam Mirzakhani. Интервју на Maryam Mirzakhani за нејзиниот живот и работа, направено по добивањето на Филдсовиот медал на следниот линк https://www.theguardian.com/science/2014/aug/13/interview-maryam-mirzakhani-fields-medal-winner-mathematician

6 јули 2017, Образованието остава трага на душите
„Три нешта се најважни што треба да се запаметат, а се однесуваат на образованието. Прво, мотивација, второ, мотивација и трето, мотивација. - Terre H.Bell“ А, која е задачата на наставникот освен да инспирира? Наставникот е лик кој со својот професионален и личен багаж остава печат во душите на младите. Тој може да инспирира, но може и да трауматизира со постапките, зборовите и однесувањето.
http://www.plusinfo.mk/mislenje/3013/obrazovanieto-ostava-traga-na-dushite-

16 јуни 2017, 13532385396179
Вест која деновиве ја разбранува математичката јавност. Решен е еден од проблемите на Џон Конвеј од 1000$ и тоа од нематематичар! Доказ повеќе дека математиката е интересна и дека е за секого. Проблемот е следниот, впрочем Конвеј ја има формулирано, но не и докажано, следната хипотеза: Почнувајќи од било кој број, ако го разложиме на прости множители, па потоа од тоа разложување формираме нов број со симнување на степеновите показатели и слепување на сите броеви, и оваа постапка ја повторуваме, секогаш ќе дојдеме до прост број. Но, Џејмс Дејвис наоѓа број кој противречи на хипотезата, наоѓа контрапример. Погледнете го видеото за бројот на Дејвис: https://youtu.be/3IMAUm2WY70. Петте проблеми на Конвеј секој вреден 1000$ ќе ги најдете на следниот линк.

15 јуни 2017, Матурантите бегаат од математика, а сакаат да учат технички науки
Изборот на предмет за полагање на државната матура главно се должи на неговата популарност за време на средното, но и основното образование. Кај нас, математиката сè уште важи за тежок предмет кој е „резервиран“ за оние кои „ги бива за математика“. Ставот на математичарите е дека е потребна афирмација на оваа наука кај децата од најмала возраст, современ пристап на изучување и зголемување на фондот на часови. Математиката никако не смее да се сведе само на сувопарно изучување на нов материјал, без да се повтори, утврди, примени и прошири според интересот на учениците. Математиката не смее да биде тешка, застрашувачка и резервирана за поединци, затоа што таа е интересна, корисна и за сите.
http://www.fakulteti.mk/news/17-06-15/maturantite_begaat_od_matematikata_a_sakaat_da_uchat_tehnichki_nauki.aspx

2 јуни 2017, 350 години од раѓањето на Абрахам де Моавр
Абрахам де Моавр е роден на 26 мај 1667 година. Овој француски математичар е познат по формулата којашто ги поврзува комплексните броеви и тригонометријата, а којашто е именувана по него: (cos(x) + i sin(x))^n = cos(nx) + i sin(nx), при што n е цел број, а x е кој било реален број. Повеќе за неговиот живот може да се прочита овде:
https://www.britannica.com/biography/Abraham-de-Moivre

27 април 2017, Испитување на можноста за патување низ времето со помош на математиката (Using math to investigate possibility of time travel)
Математичкиот модел на временската машина TARDIS овозможува поглед одблизу до проблемот на „патување низ времето“.
https://www.sciencedaily.com/releases/2017/04/170427091717.htm
Трудот на Tippett & Tsang, Traversable acausal retrograde domains in spacetime, во кој се дефинира геометријата во која е опишана „временската машина“ е на следниот линк.

7 април 2017, Скриената убавина на таблиците за множење (The hidden beauty of multiplication tables)
Погледнете какви шаблони се кријат во таблицата за множење, како на едноставен начин математиката може да создаде уметнички дела.
https://plus.maths.org/content/hidden-beauty-multiplication-tables

16 март 2017, Најдобриот светски математичар (The World's Best Mathematician)
Најновото интервју со светскиот најдобар математичар - Торенс Тао.
https://youtu.be/MXJ-zpJeY3E

6 март 2017, Може ли математиката да ни помогне во опишувањето на нашите тела и нашите болести? (Can math help explain our bodies—and our diseases?)
Истражувачите се надеваат дека новите математички модели на биолошките системи можат подобро да го објаснат формирањето на болестите, со што би биле чекор поблизу и до нивното излекување. Суштината на овие модели е во претставувањето на човечкиот геном како динамички систем, и во идејата дека гените кај човекот се непроменливи во текот на неговиот живот, но начинот на кој ги користиме може да се менува. Еден од креаторите на овие математички модели е професорот Stephen Smale, своевремено добитник на Филцовиот медал во 1966 година.
https://phys.org/news/2017-03-math-bodiesand-diseases.html

15 февруари 2017, Островот на демократите и републиканците (The Island of Democrats and Republicans)
Еве, и политиката математичарите може да ја направат интересна. Вежбајте ја логиката со следните политичко-математички-логички загатки.
https://mathwithbaddrawings.com/2017/02/15/the-island-of-democrats-and-republicans/

9 февруари 2017, Фантастичната Фибоначи (Fantastic Fibonacci)
Линк до неколку статии за низата на Фибоначи. Дознајте како е откриена, каде се среќава, каде се применува низата на Фибоначи и златниот пресек.
https://plus.maths.org/content/fantastic-fibonacci